Мицкоски од Центар : Ќе го бараат гласот од граѓаните и повторно ќе се обидат да играат на онаа проверена карта, карта на кратко помнење

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска  им се обрати на граѓаните од Центар.

-Вчера го гледав обраќањето на Заев, така насмеан, распеан, свесен дека губи и единственото нешто што му преостанува да го утеши неговиот деспотски избран кандидат во скап и луксузен хотел во Скопје со една песна во ноќта во Тетово и претпоставувавм дека истата таа вечер позади бината тие двајца на оние луѓе собрани надвор им ветија да не им се појавуваат пред нивните очи со нивните сурати нормално доколку не гласаат за нив, истакна Мицкоски.

Тој од Центар кажа дека СДСМ повторно ќе се појават пред граѓаните во Центар, ќе се појават насекаде во Република Македонија и ќе го бараат гласот од граѓаните и повторно ќе се обидат да играат на онаа проверена карта, карта на кратко помнење, ќе се обидат со некоја шарена лага, ветувајќи им на граѓаните дека државата ќе оди напред со Заев и со Пендаровски, едниот со инспекторите под мишка евро по евро во тробичката, украдени пари од граќаните, а другиот ќе им слугува на Заеви и ќе ги убедуваат граѓаните дека ги чека блескава иднина.

-Јас овде од Центар ќе се обидам да ги потсетам на лагите коишто ги кажуваа изминатите години и денеска бесрамно лажат, потпевнуваат на плоштадите, иако и они се свесни дека првиот голем чекор на граѓаните на Република Македонија ќе биде на 21 Април и на 5 Мај. Вториот голем чекор ќе биде после победата, на предвремените парламентарни избори, а третио голем чекор ќе биде формирање на владата на Република Македонија која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, објасни Мицкоски

Претседателот Мицкоски потсети и на ветувањето на СДСМ дека ќе го рестартираат Југохром. Имено прво ветуваа дека тоа ќе се случи еден мај 2017, па велеа дека до крајот на 2017 година ќе го рестартирале. Потоа ветувањата беа за еден мај во 2018 ќе го рестартирале. Но, дојде и мај 2019 од рестартирањето нема ништо.

-На прес конференциии овој градскиот татко што требаше да биде, ни читаше пресконференции дајте ни ја довербата и ние ќе донесеме чист алпски воздух ќе почне да дува по ливадите, по улиците, по булеварите. Но, реалноста е дека тоа го ветуваа само за пусти пари и лажеа., скопјанци и центарци немале позагаден воздух никогаш во историјата, истакна Мицкоски.

Тој уште постети и на некоие други ветувања од страна на СДСМ. Тоа се:

-Ветуваа гасификација, па на тој начин ќе го решеле затоплувањето во домовите, ќе пуштеле гас до секој еден дом, до секој еден граѓанин и ќе почнеле од Центар и главниот град. Еве ги две години помина, една шајка немаат заковано, и таа шајка што несреќно ја заковаа , ја украдоа

-Се сеќавате зборуваа за економски раст од 5% , а од првиот ден до денеска дваипол пати е помал растот од тој што го ветуваа на македонската еконимијата. Вчера Светската Банка ги потсети колку блескаат во Светот, осумдесет и осмо место сме заедно со Танзнија и Гвинеја

-Ќе го реформирале даночниот систем во Република Македонија, да го реформираа , но наместо да одат даноците надолу тие , парите повеќе да бидат кај граѓаните, денеска даноците одат нагоре за 50 проценти од тоа што беше порано

-Ветуваа нови работни места, ветуваа дека секој ќе добие шанса според квалитетот , ама денеска ако не сте некој седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработите во државно

-За жал сето она што го ветуваа овие години , прва прилика кога имаа тоа да го исполнат, не успееја. Паднаа на економскиот тест. На економскиот тест добија не единица, добија 0 и тоа не од граѓаните на Република Македонија, не од молчаливата бизнис заедница туку добија од Германската стопанска комора

-Ветуваа дека штом СДСМ ќе дојде на власт, Македонија ќе влезе во НАТО и ќе ги отпочне преговорите за ЕУ, без да го променат идентитетот, без да го променат тоашто прво го направија посегнаа по идентитетот. Се колнеа во жицата, во дедовината, во татковината, се колнеа во најмилото дека нема тоа да го направат туку они биле вешти политичари и само да падне режимот веднаш Македонија ќе биде примена во НАТО и ќе се отпочнат преговори со ЕУ. Минатата година ширум празните плоштади, игравме чочеци, се слушаше музика, славевме влез во НАТО иако тоа не се случи . Истовремено славевме дата за почеток на преговори со ЕУ. Еве втора година по ред, но дата за преворори со ЕУ, и влез во НАТО сеуште нема.

Претседателот Мицкоски од Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ е за мотивирана, за една поинаква Македонија и ја побара поддршката од сите граѓани на Република Македонија за престојните претседателски избори да гласаат за кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер