Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
1Арсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!
2Власта и опозицијата со различни тврдења за јавниот долг - Мицкоски тврди дека враќаат стари долгови од време на СДСМ
Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
2Бесплатни превентивни прегледи на простатата и уринарниот тракт во „13 нoември“ по повод месецот на машко здравје
МакедонијаМицкоски од Будимпешта: Македонија иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитетСо лажни наративи се обидуваат да го избришат нашиот идентитет, порача премиерот Мицкоски на конференцијата на конзервативната политичка акција во Будимпешта, еден од најголемте собири на конзервативните партии во светот.. Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради, рече премиерот Мицкоски на престижната меѓународна конференција на конзервативната политичка акција, која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативните партии во светот. Во говорот Мицкоски се осврна и на идентитетот, велејќи дека Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет, а некој со лажни наративи сака да го избрише. „Татковината не се менува, не се напушта и не се продава – таа се брани и се гради! Македонија, иако мала, никогаш не се откажала од својот идентитет. Низ нашата многувековна историја научивме дека слободата се плаќа со жртви. Денес, во духот на соработката, длабоко ја цениме поддршката на нашите стратешки партнери, како што впрочем е и Унгарија - чиј пример нè инспирира уште повеќе да ги застапуваме вредностите во кои веруваме. Како што вели една македонска народна мудрост: „Еден човек може да направи разлика, но сите заедно можеме да направиме историја. Нека Господ го благослови нашиот заеднички пат! “ Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Будимпешта имаше средба со претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбанr. Мицкоски на Фејсбук објави дека разговорот бил фокусиран на одличната билатерална соработка помеѓу Македонија и Унгарија, како и на можностите за нејзино натамошно продлабочување. „Во разговорот нагласив дека Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Изразив благодарност за постојаната поддршка од страна на Унгарија со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика – наведува во објавата претседателот на македонската Влада.“ На конференцијата во Будимпешта меѓу другите гости се и словачкиот премиер Роберт Фицо, Андреј Бабиш од Чешка, Јержи Квашњевски и Матеуш Моравиецки од Полска, Алис Вајдел од Германија, како и американските десничарски ѕвезди Бен Шапиро, Џек Пособиец и Дејвид Рубин.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
МакедонијаАрсоски од Пробиштип: ЗНАМ ги претвора ветувањата во резултати – потврда за реформите од ЕК, 1.300 капитални проекти и повисоки плати и пензии!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Пробиштип, се обратија потпретседателот на ЗНАМ и пратеник во Собранието, Павле Арсоски, заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, директорот на ПИОМ и директор на Центарот за комуникација и аналитика на ЗНАМ, Никола Мемов, како и пратеничката и член на Извршниот одбор на ЗНАМ, Даниела Белимова. Потпретседателот на ЗНАМ, Павле Арсоски, истакна дека изминатите две години се доказ дека Движењето ја оправдува довербата на граѓаните преку конкретни политики, одговорност и мерливи резултати. Посебно го потенцираше Извештајот на Европската комисија за 2026 година, кој нотира напредок во реформските области и претставува значајна потврда за работата на институциите. „Европскиот извештај е важна надворешна оценка за напредокот на државата. Онаму каде што ЗНАМ презеде одговорност, се преземаат конкретни чекори и се постигнува видлив напредок. Не бараме признание за она што го зборуваме, туку за она што го работиме. Нашата политика се темели на дела, а не на празни ветувања“ истакна Арсоски. Тој посочи дека зад политиките на Владата стојат конкретни придобивки за граѓаните, меѓу кои околу 1.300 капитални проекти во општините низ државата, насочени кон подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот, како и зголемувањето на платите во повеќе сектори. „Кога зборуваме за 1.300 проекти, зборуваме за реални инвестиции во општините, за подобри улици, водоводи, училишта и инфраструктура. Кога зборуваме за растот на платите, зборуваме за вреднување на трудот и подобрување на животниот стандард на работниците. Платите во образованието се зголемени за 20 проценти, здравствените работници добија зголемување. Со договорот со синдикатите е предвиден и натамошен раст на платите на административните службеници до 40 проценти до март 2028 година. Тоа се конкретни резултати што граѓаните ги чувствуваат, а не политички пароли“ нагласи Арсоски. На панел-дискусијата Лабудовиќ ги истакна резултатите во енергетскиот сектор, меѓу кои инвестициите во околу 200 мегавати нови фотоволтаични капацитети, финансирањето на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, рехабилитацијата на шест хидроелектрани и засилената контрола врз концесионерите, со раскинување на повеќе од 50 концесии поради неисполнување на обврските. Овие активности се дел од поширокиот инвестициски циклус за зголемување на домашното производство, енергетската сигурност и заштитата на националните природни ресурси. Никола Мемов ги презентираше резултатите од двегодишното работење на Фондот ПИОМ, посочувајќи дека пензиите од септември 2024 до март 2026 година се зголемени за вкупно 7.000 денари, а во септември 2026 година следуваше и дополнително усогласување од 3 проценти. Даниела Белимова ги истакна парламентарните иницијативи на ЗНАМ, меѓу кои обезбедувањето 55.000 вредносни ваучери за студентите, како и предлог-измените на Законот за семејството. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски. Две години се доволна потврда дека ЗНАМ е движечка сила на конкретни промени и резултати. Движењето продолжува да работи за силна и стабилна Македонија, функционални институции, економски развој и подобар животен стандард за граѓаните.Тагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХари Кејн опериран – познато е колку долго ќе отсуствува од тимот на Баерн МинхенФудбалерот на Баерн МИнхен, неверојатниот стрелец Хари Кејн е успешно опериран и ќе отсуствува од зелениот терен најмалку три месеци.Најдобриот фудбалер за 2026 година, асот на Баерн, Хари Кејн, имаше успешна операција и ќе отсуствува најмалку три месеци. „Хари Кејн синоќа беше успешно опериран поради скинат лигамент на левиот скочен зглоб, повреда што ја заработи на натпреварот од Бундеслигата против Келн. 33-годишниот фудбалер сега ќе започне програма за рехабилитација“, се наведува во соопштението на Баерн, а германските медиуми пренесуваат дека тој ќе отсуствува најмалку три месеци. Добитникот на „Златната топка“ се здоби со сериозна повреда во 10-тото коло од Бундеслигата, на натпреварот одигран во петокот, при што мораше да го напушти теренот уште во 20-тата минута. Отсуството на Кејн ќе претставува огромна загуба за Баерн, бидејќи капитенот на Англија ја игра сезоната на кариерата . Англичанецот постигна 10 гола на 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.Тагови: Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗдравјеОд јануари догодина Здравствениот дом во Делчево добива мамограф Од јануари догодина Здравстевниот дом во Делчево ќе добие мамограф, со што пациентките нема да мора повеќе за овој преглед да патуваат до Кочани. Ова го најави министерот за здравство Сашо Клековски при денешната посета во Делчево, при што најави и дека итната медицинска помош во оваа општина ќе добие две нови амбулантни возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08