ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!
1ДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаМицкоски од Брвеница: На 2 ноевмри да гласаме за број 9 за сите кои работат за иднината на Македонија Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, даде изјава од Брвеница, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски од Брвеница испрати порака дека сите кои и мислат добро и работат за иднината на Македонија имаат поддршка од него и Владата без разлика на етничката, верската и политичката определеност и повика граѓаните на Брвеница да дадат поддршка за кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски и на 2 ноември и да заокружат број 9. „Денес сум во Брвеница да испратам порака, мојата лична поддршка и поддршката на Владата ја имаат сите оние кои работат на иднината на оваа наша заедничка Македонија без разлика на етничка верска и политичка припадност. Секој оној кој зборува за иднината на Македонија е добредојден мој соговорник секој кој зборува за поделби, посебно етнички поделби не само што не е добредојден мој соговорник туку тој не му мисли добро ниту на македонецот ниту на албанецот ниту на сите други останати делови на народи кои се наши сограѓани во Македонија. Јас сум убеден дека тоа ќе биде препознаено овде во Брвеница и масовно ќе биде отфрлено од жителите на општина Брвеница, бидејќи тие знаат да препознаат кој изминатите 4 години се грижеше без да прави било какви поделби во општина Брвеница, ниту по етничка ниту по верска ниту по политичка припадност, а ние како Влада покажавме со инвестиции и договори од половина милијарда евра во сите општини без разлика дали се леви или десни, дали се провладини градоначалници или од опозицијата градоначалниците, секаде подеднакво под ист критериум инвестиравме, така се гради соживот така се гради заедничка држава и така се оди напред, со поделби може само да уназадуваме“ нагласи Мицкоски. Мицкоски го коментираше и против кандидатот на Јовица Илиески каде истакна дека таков речник е недозволив за 21 век. „Јас со жалење го слушав сето она што против кандидатот на Јовица го кажуваше во една егзалтирана состојба, не знам дали беше тоа специфичен момент за него, но мислам дека направи голема грешка. Направи голема грешка пред се за кандидатите, од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Струга, во Дебар и во одредени други општини, така што толку себичен потег од политичар до сега поновата историја Македонија не видела. Да влегува и мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати кои исто така се борат во вториот круг за градоначалнички мандат навистина со жалење. Исто така изминатите денови со влијателни претставници на меѓународната заедница зборувавме многу сериозно бидејќи тоа стигнало и до нив така што и тие гледаат со големо жалење и просто со неверување тоа што го слушаат, дека некој во 21 век може да користи таков речник“ кажа Мицкоски. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
НБАВашингтон го отпушти тренерот- има најлош резултат во историјата на НБАБрајан Киф повеќе не е тренер на Вашингтон Визардс. Клубот го отпушти во саботата навечер, неколку часа по поразот на домашен терен од Орландо Меџик со 91:116. Визардс загубија десет од последните 13 натпревари и ја отворија сезоната со резултат од седум победи и 13 порази. Киф забележа 50 победи и 173 порази на клупата на Вашингтон, или 22,4 проценти од победите. Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА со најмалку 200 натпревари на клупата, а CBS вели дека е втор најлош меѓу оние со најмалку 100 натпревари. Капорн ја презема функцијата до крајот на сезоната До крајот на сезоната, тимот ќе го води неговиот прв помошник Адам Капорн. „Одлуки како оваа никогаш не се лесни, но време е тимот да продолжи напред со нов глас“, рече претседателот на клубот, Мајкл Вингер. „Адам има целосна поддршка од организацијата и со нетрпение очекуваме тој да го води тимот до крајот на сезоната“, додаде тој. Киф ја презеде функцијата привремен тренер на Визардс за сезоната 2023-24 откако Вес Анселд Џуниор беше отпуштен, а следната лето му беше доделена постојана работа. Во последниот натпревар, Вашингтон заостануваше со 30 поени на полувремето против Орландо. Јанг, Дејвис и првиот избор Вашингтон влезе во сезоната со поголеми амбиции. Треј Јанг потпиша големо продолжување на договорот, Ентони Дејвис остана во тимот, а Еј-Џеј Дибанца пристигна како прв избор на драфтот. Сепак, Визардс загубија осум натпревари по ред во еден момент, од кои шест со двоцифрена разлика. Јанг има просек од 17,1 поен со 36,8 проценти шут од поле, додека Дибанца има просек од 16,7 поени, 7,2 скока и 3,1 асистенции по натпревар, но со слаб процент на шутирање. Ниту еден од најголемите надежи на Вашингтон досега не донесе пресврт. Тагови: Вашингтон НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СудбинаСе огласи полицијата од Манчестер, откако среде преполн концерт беше испуштена непозната материја (ВИДЕО) Минатата недела, повеќе од 12.000 посетители беа евакуирани од најголемата арена во Обединетото Кралство откако на концертот на раперот Дон Толивер беше ослободена „непозната супстанца“.Полицијата околу 22 часот добила извештаи дека посетителите ги почувствувале ефектите од одредена супстанца во арената Co-op Live во Манчестер. Сега објавија дека се сомневаат дека инцидентот не бил случаен. Имено, локалната полиција (Полицијата на Голем Манчестер) објави дека работи на идентификување на осомничените, како и на супстанцата што била ослободена за време на инцидентот во салата. Police declared a major incident at a gig by US rapper Don Toliver at Co-op Live in Manchester, resulting in one person being taken to hospital and more than 50 needing treatment. Footage on social media appeared to show people coughing and covering their mouths as they left the venue. 🔗 https://t.co/t1locCBGtB — Sky News (@SkyNews) November 23, 2026 Се верува дека група организирани криминалци намерно предизвикала хаос за да изврши кражби за време на концертот, пишува The Guardian. Тие објавија дека сè уште никој не е уапсен, но дека полицајците ги прегледуваат снимките од надзорните камери, како и снимките од мобилните телефони на посетителите. Тие исто така соработуваат со други безбедносни служби низ Европа, бидејќи слични инциденти се случиле на уште два концерти на Толивер, за кои истражителите веруваат дека се „релевантни“ за нивната истрага. Don Toliver’s show in Manchester tonight has been evacuated after tear gas was set off in the crowd 🤦♂️ https://t.co/X6Pg8zOfFl — dontolivernow (@dontolivernow) November 22, 2026 За потсетување, снимките од концертот брзо се проширија на социјалните мрежи, на кои се гледаат луѓе како кашлаат и си ги покриваат устите додека го напуштаат местото на одржување. Полицијата првично помисли дека станува збор за солзавец, но подоцна соопшти дека станува збор за „непозната супстанца“.Тагови: концерт Манчестер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Веднаш да се идентификуваат и казнат комитите кои брутално претепаа двајца албански работници на Комунална хигиена!Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје.Демократската унија за интеграција најостро го осудува физичкиот напад врз двајца албански работници на Комунална хигиена во Скопје, кои во ноќта на 28 ноември беа брутално претепани од група лица кои самите се идентификувале како комити- како што известува Pa censurë. Фактот што напаѓачите најпрво ги прашале работниците дали се Албанци, а потоа ги нападнале, и тоа додека биле облечени во работните униформи, отвора сериозни сомнежи за етнички мотивиран напад. Ова е неприфатливо во мултиетничка држава, во која безбедноста и еднаквоста мора да важат за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. ДУИ бара од заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, и од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, институционална одговорност, целосна истрага, идентификување на сите напаѓачи и нивно санкционирање. Бараме: * Целосно идентификување на сите членови на групата кои учествувале во нападот; * Целосна и професионална истрага за мотивите на нападот, вклучително и сомнежите за етничка мотивираност; * Покренување соодветни постапки и казнување на сите одговорни; * Јавно појаснување за мерките што ги презело и ги презема МВР за гарантирање на безбедноста на граѓаните. Албанците не смеат да стравуваат да работат, да живеат и безбедно да се движат во главниот град на сопствената држава!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14