Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон - Канал 5

Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон

Премиерот нагласи дека на средбите била истакната стратешката соработка и знаењето на соработката помеѓу двете земји.

Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски по средбите на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и официјални лица, во Вашингтон изјави дека впечатоците се исклучително високи, одговарајќи на новинарски прашања, за можен договор за слободна трговија, денеска на настан за одбележување 80 години од државен завод за статистика во Скопје. Премиерот нагласи дека на средбите била истакната стратешката соработка и знаењето на соработката помеѓу двете земји.

- Впечатоците се исклучителна високи. Јас можам да кажам дека Тимчо Муцунски е помеѓу првите седум министри за надворешни работи од Европа којшто на билатерално ниво беа примени од страна на државниот секретар Марко Рубио во Стејт Департментот во САД. Средбата траела околу 45 минути на којашто уште еднаш е истакната стратешката соработка и значењето на стратешката соработка помеѓу двете земји. Досегашната исклучително искрена соработка со администрацијата на претседателот Трамп и очекувањата за во иднина, изјави премиерот.

[Во моментот имаме два огласи кој што ги има објавено Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно- истражувачки проекти и]

Во однос на очекувањата, претседателот на Владата, кажа дека неговите очекувања се позитивни, како резултат на средбите.

- Околу тие очекувања, јас не би сакал сега многу да зборувам сакам да се случат, а дури потоа да коментираме, но какви се моите очекувања. Моите очекувања се позитивни и како резултат на средбата со господинот Грир, но и моите телефонски разговори што ги имав со државниот секретар за економија, господин Хауард Лутник, така што очекувам да бидеме, исто така меѓу првите земји во светот којшто ќе добијат таков тип на договор со САД, рече Мицкоски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил објави дека за време на посетата на Вашингтон, остварил уште една значајна средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а претходно на 29 мај, како што е објавено на министерството за надворешни работи, Муцунски оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Долга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе

Ем боли, ем се чека...За операција на колк во Македонија на листа за да ги викнат за операција во болница чекаат околу 660 луѓе, а некои од нив, за да ја направат интервенцијата трпат веќе година ипол.

Долга и болна листа на чекање – за операција на колк чекаат 659 луѓе

Дека се чека и по 18 месеци нотира анализата на Фондот кој ги собрал податоците од болниците во која се нотира дека најдолга е листата на „Осми септември“ каде во болничките тефтери за операција има запишано 300 луѓе. Првиот човек на Фондот Сашо Клековски вели дека има и позитивна страна - иако поради реновирање на операционите сали токму во „Осми септември“, но и на Клиника долг период тие беа затворени хирурзите успеале да сработат 10% повеќе интервенции на колк и колено лани споредено со 2023.

-Вкупно 69% проценти од интервенциите се прават во само три од вкупно 13 институции а тоа се ТОАРИЛУЦ, или Клинички центар, ГОБ „Осми септември“ и Св. Еразмо, а 76 % всушност се прават во Скопје и во Охрид и имаме една географска концентрација на операциите (интервенциите) а со тоа и на листите на чекање. -Сашо Клековски – директор на ФЗО.

Клековски смета дека листите на чекање во дел се должат и на тоа што пациентите бараат и чекаат конкретен хирург да ги оперира и апелира да се зголеми довербата во кадарот.

Листата на чекање е најдолга во две институции, каде што имаше и реални проблеми со капацитетот на оперативнте сали. Меѓутоа, делумно таму притисокот и листите се продолжуваат заради изборот на лекари. Изборот на лекар е важен, но би апелирал до граѓаните дека во земјава немаме само тројца, четворица или петмина хирурзи. Ние надвор од Скопје имаме хирурзи што оперираат р`бетен столб. -Сашо Клековски – директор на ФЗО.

Од Фондот тврдат дека Мекедонија по операции на колено е на средина споредено со регионот, а на дното по интервенции на колено. Оттаму оценуваат дека има напредок во областа која ја поткрепуваат со статистика, но и простор за подобрување на она што не чини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан

Припадник на мировната мисија на Обединетите нации во Либан, кој беше убиен во гранатирање на југот од земјата, е српски државјанин, потврди либанското Министерство за одбрана.

Српски војник загина при напад на мисијата на ОН во Либан

Станува збор за виш водник Милован Јовановиќ (37), кој зад себе остави сопруга и две малолетни деца. Служел во српската армија од 10 декември 2011 година, а во мировната мисија во Либан од јануари оваа година, според министерството.

Починал од повредите здобиени во нападот врз базата на ОН во јужен Либан. Откако бил ранет, му била укажана итна медицинска помош во болница во базата, а потоа со хеликоптер бил префрлен во Универзитетскиот медицински центар во Бејрут, каде што починал.

Уште двајца мировници се повредени

УНИФИЛ претходно објави дека еден мировник починал откако минофрлачки гранати ја погодиле неговата позиција во близина на Марџајун, во југоисточен Либан, доцна во среда навечер.

Двајца други мировници на ОН беа ранети во истиот напад. Тие беа лекувани во медицинска установа во базата на УНИФИЛ. Мисијата соопшти дека започнала истрага за да ги утврди точните околности на инцидентот.

УНИФИЛ не кажа кој е одговорен за нападот. Во соопштението се предупредува на зголемен број траектории и напади во јужен Либан и се вели: „Насилството мора да престане“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни

Над 360 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во текот на изминатите две години.

АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни

Над 360 тони небезбедна храна била спречена да стигне во продажба на македонскиот пазар, во изминатите две години, информраше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето наАХВ и на Светскиот ден на безбедноста на храната.

минатата година АХВ ја заокружила со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изречени биле 6.770 инспекциски мерки.

Во однос на последниот скандал со млекарниците поврзан со контролите кјај 10 оператори но и укажувањата на експертите дека се потребни построги казни како гаранција за квалитет и безбедност на млечните производи. Миланов појасни дека ќе направат дополнителни контроли, со цел да се открие колку време траела праксата со проблематичните производи.тој најави дека ке се засилат контролите и кај месните производи.

И во следниот период ќе продолжат интензивните конторли од страна на ахв.. Од Агенцијата ги повикаа граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни активности на субјектите кои работат со храна, затоа што, како што велат оттаму, безбедната храна не била привилегија, туку основно право на секој граѓанин.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер