МакедонијаМицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земјиПремиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува засилен бран на инвестиции по преговорите со САД за трговија.Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува засилен бран на инвестиции по преговорите со САД за трговија, но и за плановите и ангажманот на владата за привлекување на инвеститори во воената, медицинската и индустријата за батерии, со што би пораснал БДП, би пораснал извозот и би се сменило портфолиото на државата. „Еден од успешните примери, успешна приказна е нова голема инвестиција токму на „Алказар“, од половина милијарда долари. Втор пример успешен, доколку овој меморандум за разбирање се операционализира што не се сомневам, е и „Акса груп“,од една милијарда евра, но истовремено е и потврда на други инвестиции коишто веќе ги објавивме изминатиот период, а коишто почнуваат или се во фаза на носење одлука за отпочнување на инвестирање тука и очекувам тој бран да се засили откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји. Од тоа што го имаме како информација, веќе 8 инвестиции се потврдени дека до крајот на годината или отпочнуваат или ќе објават дека имаат донесено одлука за отпочнување инвестиција кај нас. Тоа е последната бројка којашто вчера ја добив од директорот на ТИРЗ, кој што вчера ми соопшти две добри вести.“ „Едната добра вест е дека компанија која што веќе кажа дека ќе инвестира во фарма бизнисот, дека ќе ја зголеми својата инвестиција за 60-тина проценти, а втората е во делот на индустријата за електрични батерии, којашто исто така е потврдена, но да оставиме тие самите да објават, па ние да ги потврдиме. Но истовремено очекувам покрај овие 8 инвестиции и неколку инвестиции коишто ќе ги направат и компаниите кои што веќе се присутни кај нас. Такви очекувам најмалку три, кои што ќе го зголемат извозот за дополнителни половина милијарда долари.“, истакна премиерот Мицкоски на пратеничко прашање за евентуални очекувања за нови странски директни инвестиции во Македонија. „Кога станува збор за СДИ, тука немаме никакви дилеми дека продолжуваме да бидеме партнер на инвеститорите, да ги фасилитираме разговорите, со дел од нив којшто изгубиле надеж и се обиделе кај некои од нашите соседи, па се враќаат затоа што гледаат дека климата тука е променета, односот е различен, нема веќе „едно ваму, едно таму“, туку односот е искрен. Сакаме да помогнеме, со подадена рака, сите во владата работат да помогнат и МНР и надворешна трговија и министерството за транспорт коешто е во делот на урбанизација, министерствата за финансии, за економија, владата, секретаријатот, буквално сите коишто се директно или индиректно врзани со делот на надворешната трговија и економијата.“,посочи Мицкоски. Премиерот во својот одговор на пратеничко прашање, премиерот посочи и на дел од развивање на нов модел на привлекување на инвеститори од воената индустрија. „Заедно со МО и МВР во периодот кој што следи ќе се обидеме да развиеме еден нов модел на привлекување на инвеститори во воената индустрија. Сите сигнали кои што доаѓаат од членките на НАТО Алијансата се такви да пазарот на оружје драматично ќе доживее развој во годините кои што следат, бидејќи се зголемуваат трошоците во делот на одбраната. Тука станува збор за трилиони, илјадници милијарди долари кои што годишно ќе се трошат, и би било наивно како држава да не го препознаеме тоа и да не обезбедиме таков тип на посебни зони подготвени да производителите произведуваат воена опрема и оружје. Тоа не се воени зони, туку зони подготвени да прифатат инвеститори што инвестираат во воена опрема и оружје. Навистина би било од наша страна наивно да не го препознаеме тоа, и да не ги привлечеме.“, потенцираше Мицкоски којшто откри дека веќе има разговори во овој дел, што драматично ќе допринесе во економијата. „Веќе имаме разговори со неколку такви потенцијални инвеститори коишто ја препознаваат земјава како потенцијален домаќин, и ние како влада сакаме да креираме, да определиме неколку такви локации кадешто ќе развиваме таков тип на зони што драматично ќе се влијае на БДП затоа што инпутот, увозот ќе биде многу помал споредено со извозот, бидејќи извозот на таков тип на опрема и производи е со голема додадена вредност, а тоа е тоа што влегува во крајната пресметка на БДП. Ако имаме 200 или 300 милиони увоз, извозот ќе биде повеќе од една милијарда, бруто позитивата ќе биде на наша страна.“, истакна премиерот. Покрај во воената индустрија, премиерот Мицкоски посочи и на размислувања во делот на медицинската индустрија и во делот на производство на батерии. „Покрај стандардното портфолио што го имаме, автомобилската индустрија, сега се обидуваме во фарма делот во медицината, тука сме посебно фокусирани бидејќи населението во Европа старее, за жал, но тоа значи дека има потреба од палијативна нега, зголемени медицински услуги и така натаму, што значи дека и тука ќе имаме зголемена потрошувачка во годините коишто следат. Затоа ќе треба тука да се насочиме да привлекуваме инвеститори коишто ќе произведуваат медицинска опрема, стентови, анализите велат дека повеќе од половина од луѓето имаат кардиоваскуларни проблеми посебно во поодминатите години. Така што, ќе треба тука да се фокусираме, на медицинска опрема којашто ќе додава вредност во нашата економија, во делот на производството на оружје, опрема и муниција, во делот на батерии во енергетиката, тоа е иднината, обновливите извори на енергија и складирање во батерии, така што многу сериозно анализираме размислуваме и се обидуваме тука да им пристапиме на компаниите да не препознаат како дестинација којашто малку ќе го дивергира нашето портфолио од автомобилска индустрија во една друга индустрија којашто во годините што следат на пазарот ќе биде побарувана, а тоа е воената индустрија, медицинската индустрија и производство на батерии коишто ќе бидат неопходни за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори.“ Премиерот Мицкоски во делот на домашните инвеститори, се повика на информација од Народната банка за зголемена побарувачка на кредити за инвестирање од домашните компании и направи споредба со податоците во ЕУ. „Што се однесува до домашните инвеститори, важен дел е порастот на кредити кои што го земаат домашните компании за да инвестирааат. Во првиот квартал тој пораснал за околу 12 проценти, 11,8% е податок од НБРМ. Како бројка можеби не значи ништо, но таа бројка во ЕУ е 2,5 проценти, за споредба. Во 2018 година, била 5,4 проценти, во 2019 г. 6 проценти, што значи дека е дуплирана. Тоа покажува дека имаме интерес и за домашните инвеститори, а во најголема мера е благодарение на кредитот којшто го земавме од Унгарија и евтината камата којашто ја дадовме на инвеститорите за да заедно со оние шроизводи што ги нудат домашните комерцијални банки направат едно инвестициско портфолио и сега имаме раст од 12%.“,нагласи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за очекувањата во делот на домашните и странските инвестиции, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЕстонија се подготвува да ја затвори границата со Русија по обидот за саботажаЕстонскиот премиер Кристен Михал нареди подготовки за евентуално целосно затворање на границата со Русија по обидот за напад врз компанија што произведува воени дронови.Естонските безбедносни служби се сомневаат дека руската воена разузнавачка служба ГРУ стои зад обидот за саботажа, објави естонскиот јавен радиодифузер „ERR“. Во сабота, 14 ноември, осум латвиски државјани беа приведени по обид за провала во фабриката „Треод Системс“ во Виимси, северно од Талин. Според естонските власти, целта на нападот била да се предизвика експлозија и да се запали објектот, кој, меѓу другото, произведува дронови за извидување со долг дострел и борбени летала. Премиерот нареди подготовки за затворање на границата Михал денес објави дека разговарал за евентуалното затворање на источната граница со министерот за внатрешни работи Игор Тара. Тој им наложи на министерството и владините оддели да ги подготват сите потребни мерки за да може границата да се затвори доколку безбедносната ситуација дополнително се влоши. Естонскиот премиер предупреди дека руските разузнавачки служби ги експлоатираат граничните премини за да дејствуваат против Естонија. Затворањето на границата, според него, би ги намалило безбедносните ризици и би испратило порака до Москва дека нападите врз естонската одбранбена индустрија не се прифатливи. Веќе втор напад врз одбранбената индустрија Најновиот инцидент не е прв ваков случај во Естонија. Во август, беше извршен прикриен напад врз компанијата „Милрем Роботика“ во Талин, која се занимава со развој на беспилотни воени возила и други одбранбени технологии. Естонската служба за внатрешна безбедност проценува дека обидот за напад врз „Треод Системс“ бил извршен по наредба на руската ГРУ. Премиерот Михал рече дека целта на ваквите операции е да се заплаши населението и да се ослабне поддршката за Украина. Естонија, нагласи тој, нема да ја намали својата помош за Киев, туку ќе продолжи да ја зајакнува соработката со сојузниците и да го зголемува притисокот врз Русија. Граничните премини работат со намален капацитет со месеци Естонија во моментов има три отворени гранични премини со Русија: Нарва, Лухамуа и Коидулу. Сите се отворени од 7 до 19 часот, а ноќни затворања се воведени за зајакнување на граничната безбедност и поефикасен надзор. Владата во август одлучи дека ограниченото работно време ќе важи до понатамошно известување. Во тоа време, министерот за внатрешни работи рече дека нема доволно причини за целосно затворање на границата, но најновиот безбедносен инцидент го отвори повторно ова прашање. Естонските власти сè уште не го објавија датумот на евентуалното затворање, ниту потврдија дека е донесена конечна одлука. Извор: Индекс.хрТагови: Естонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЈеменските Хути ослободија 600 воени заробенициЈемските бунтовници Хути изјавија дека ослободиле околу 600 луѓе заробени за време на најновата ескалација на конфликтот во Јемен, а Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) го потврди нивното ослободување.Службеникот на Хутите задолжен за прашањата на затворениците, Абдул Кадер ал-Муртада, рече дека ова е „најголемото еднострано ослободување на притвореници во двегодишната граѓанска војна во Јемен“, објави Ал Џезира. Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) потврди дека „властите во Сана, со поддршка на тимови од организацијата, еднострано ослободија 600 луѓе „кои беа притворени во врска со вооружениот конфликт“. „Нашите претставници разговараа со секој од затворениците пред ослободувањето, поддржувајќи го нивното достоинствено враќање во своите домови“, соопшти МКЦК. Организацијата нагласи дека нема никаква улога во утврдувањето на бројот на ослободени или во одлучувањето кој ќе биде ослободен. Извор: Б92Тагови: Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook