3Петрушевски: Филипче ако сака во ЕУ, не треба да лаже и да води селективна борба против корупција и криминал
3Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаМицкоски: Очекуваме инфлацијата да се намалува во следниот периодТој очекува во рамките на буџетската консолидација оваа година дека ќе заврши да е на ниво под 4 проценти буџетски дефицит.Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит важен е номиналниот раст на бруто домашниот приизвод, кои ќе биде највисок досега, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум што се одржа во Струмица. Тој очекува во рамките на буџетската консолидација оваа година дека ќе заврши да е на ниво под 4 проценти буџетски дефицит. -Консолидирањето започна лани, не успеавме во 2022 и 2023 година и ќе продолжи наредната година и да дојдеме под оние 3,5 проценти, кои се нормални во европските земји. Очекувам стабилна макроекономска политика и имаме притисок за зголемување на ДДВ, но тоа нема да се случи-останува 18 отсто, иако имаме притисок за зголемување на старосната граница за одење во пензија, ние донесовме закон да бидат ангажирани пензионерите и да си платат даноци и придонеси. Нема да има зголемување на даноците, освен оној данок што мора да го зголемиме, тоа данокот на профит од 15 отсто кај одредени компании кои ги исполнуваат условите кои ги има наметнато ОЕЦД. Кај нас такви се три типа компании-странски кои работат во економските зони, странски инвеститори кои не работат во зоните и домашни компании коишто се во сопственост на мултинационални компании кои работат во Македонија, посочи Мицкоски. Очекува во годините што следуваат да се води стабилна макроекономска политика, стабилна промакедонска политика дома и надвор и останува интреграцијата во ЕУ, но не по секоја цена затоа што ценат дека како Влада доволно е направено, односно, како што рече, веќе нема услов за безусловно прифаќања на било какви диктати или ултиматуми. -Ние ќе си ја напишеме домашната задача во делот за планот за развој и економската агенда, ние ги испорачуваме. Ние ќе ги направиме сите реформи, ќе се развиваме на начин на кој се развиваме, но повеќе билетарелни уцени оваа влада и додека јас ја водам оваа влада таков тип на прифаќање нема да има, како што беше случај во минатото. Нас ни треба стабилен чекор, нека биде ситен, но да биде стабилен напред до моментот на консолидирање. Ако некој му текне и ја викне нашата земја таму- се знае тоа е политичка одлука на други, а не на Македонија. Ние јасно сме кажале дека нашата иднина е да бидеме таму, додаде премиерот. Информираше дека со САД се преговара за потпишување на договор поврзан со трговските тарифи за отприлика осумдесетина производи и артикли и таа тарифа да се движи меѓу нула и 8 проценти. -Практично да бидеме најконкуретни и мислам дека за дел од тие производи ќе успееме, вклучително и земјоделските производи. Имаме голем извоз на автобуси таму преку поранешен „Ван Хол“ во износ од 250 милиони долари. Ако успееме да го постигнеме тој договор онака како што планираме, извозот ќе порасне на една милијарда долари, а се планира изградба на две фабрики за автобуси во Македонија, од кои едната може да дојде во Струмица, рече Мицкоски. Додаде дека на праг сме на реализација на инфраструктурините проекти кои ги имаме со Велика Британија. -Во моментот имаме избор на индикативна финансиска понуда, необврзувачка и ќе влеземе во процес на дефинирање на договорот и есента следната година очекуваме да почне реализацијата на овој голем капитален проект. Така што кога сето ова би се аплицирало во годините коишто следуваат очекуваме инвестициски бран меѓу 4 и 5 милијарди евра, или годишно околу една милијарди евра, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пред стопанствениците на Бизнис форумот се обрати и кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, која истакна дека задача на градоначалникот е да излезе во пресрет на бизнис секторот. -Ние треба да бидеме партнер, а не негова административна пречка. Затоа, ќе формираме економски-социјален совет кој ќе функционира заедно со граѓанскиот сектор, со јавната администрација со цел да бидете подобро запознати за сите проекти и инфраструктурни проекти, рече Јанков. На Бизнис форумот во Струмица присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, заменикот министер за економија, Марјан Ристески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставревски, кои одговараа на прашањата поставени од стопанствениците. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураОктомври во МНТ – театар, гостувања и музикаОктомври во Македонскиот народен театар носи разновидна програма исполнета со театарски наслови, гостувања и нови сценски и музички содржини.Покрај претставите од редовната репертоарска програма, публиката ќе има можност да ја погледне и најновата продукција на МНТ – „Три сестри“ како и да проследи претстава од странство. Посебно место во октомвриската програма има и „Од другата страна“ на Поетроника – едночасовно звучно и визуелно патување низ најновиот музички материјал на дуото. На 7 октомври од 19.00 часот, на реновираната тераса на МНТ, ве покануваме да ја доживеете Поетроника во нов амбиент. Влезот е бесплатен. РЕПЕРТОАР – ОКТОМВРИ 5.10 | „ТРИ СЕСТРИ“ 7.10 | ПОЕТРОНИКА – „ОД ДРУГАТА СТРАНА“ - 19:00 ч. 8.10 | „КЕЦ НА ДЕСЕТКА“ 9.10 | „СТРАВ И НАДЕЖ“ 13.10 | „ДОМА“ - ФДУ 19.10 | „КАО КАКАО“ 21.10 | „ТРИ СЕСТРИ“ 28.10 | „ДОСИЕ ПЕПЕРУТКА“ - гостување од Анкара 29.10 | „ТОРОНТО ЕКСПРЕС“ Сите театарски претстави започнуваат во 20.00 часот, освен настанот на Поетроника, кој започнува во 19.00 часот. Билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk и на билетарницата на МНТ. Ве очекуваме во МНТ!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБилиќ и по дебаклот против Англија останува на клупата на Хрватска рватската фудбалска репрезентација претрпе еден од најтешките удари во својата историја! Во мечо до Лигата на нации, Англија славеше со неверојатни 7:0 на „Рујевица“ и им го нанесе најтешкиот пораз во историјата на популарните „Ватрените“, а веднаш по тој историски дебакл се наметна прашањето – што ќе се случи со селекторот Славен Билиќ? Дел од хрватската јавност веќе почна да бара негово заминување, но претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, по натпреварот повлече потег со кој ја отстрани најголемата дилема. Билиќ, барем засега, останува на хрватската клупа. Како што пренесоа хрватските медиуми, по натпреварот Кустиќ се симнал во соблекувалната и им се обратил на репрезентативците и на целиот стручен штаб. Пораката била јасна и воопшто не беше пријатна. Кустиќ им дал до знаење на фудбалерите дека начинот на кој одиграа против Англија, како и нивниот однос кон хрватскиот дрес, се неприфатливи. Сепак, по критиките следувала и поддршка. Претседателот на ХНС им порачал на фудбалерите дека поради едно катастрофално издание не станале лоши играчи преку ноќ и дека очекува реакција уште на следниот натпревар. Тој особено го истакнал престојниот дуел со Шпанија утре на „Пољуд“, каде што Хрватска ќе има можност да покаже карактер и да се обиде да го поправи впечатокот по дебаклот против Англија. Потоа претседателот Кустиќ ја решил и најголемата дилема. Маријан Кустиќ му даде безусловна поддршка на Славен Билиќ! Тоа значи дека, и покрај најтешкиот пораз во историјата на хрватската репрезентација, ХНС (HNS) во моментов не планира да го смени селекторот. Билиќ останува на клупата и ќе има можност да покаже реакција со тимот веќе на натпреварот против Шпанија. Самиот Билиќ ја презеде одговорноста ден по дебаклот и изјави дека Хрватска мора да покаже карактер. „Ја преземам одговорноста за ова разочарување што ѝ го приредивме на Хрватска“, рече Билиќ, порачувајќи дека дуелот со Шпанија е можност тимот да го поправи впечатокот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Фон дер Лајен му ја одзеде лагата на Мицкоски за македонскиот идентитетПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека посетата на Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Христијан Мицкоски за наводната загрозеност на македонскиот идентитет.„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече Филипче. Тој потсети на изјавите и ветувањата на Мицкоски за Преспанскиот договор и на потврдата дека договорот го штити националниот идентитет. „Велеше, идентитетот е загрозен, ќе го поништиме Преспанскиот договор. И што направи човекот? Ништо. Кажа дека Преспанскиот договор е ремек-дело на дипломатијата. Претседателката Гордана Сиљановска потврди дека Преспанскиот договор го штити нашиот национален идентитет“, потенцираше претседателот на СДСМ. Филипче нагласи дека се потврдени ставовите што СДСМ ги застапува за заштитата на македонскиот идентитет и јазик а лагите на Мицкоски се целосно потопени. „Јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме досега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик“, истакна Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека задржувањето на државата во изолација ги загрозува нејзината иднина и интересите на граѓаните. „Не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве, го потврди тоа и претседателката Фон дер Лајен. Тоа е само еден обичен лажго којшто сака да остане на власт“, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Скопје, 05.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook