МакедонијаМицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денариОчекуваме на следната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бенизните Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари.Очекуваме на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цената на дизелот за 2,5 денари, а на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, рече денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски. Остануваме, посочи, држава со најниски цени на енергенси и единствена којашто во оваа недела ги намалува цените на нафтата и нафтените деривати. Како што посочи, со претстојната одлука на РКЕ максималната цена за Еуросупер 95 ќе биде 82 денари за литар (1,33 евроценти), 84 денари (1,37 евроценти) на Еуросупер 98, а на дизелот 95,5 денари (1,55 евроценти) за литар, без попустите од ОКТА од 2 денара за бензините, односно 3 денари за дизелот. Очекувањата за одлуката на РКЕ, како што појасни, се врз основа на направената анализа на движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите во изминатата недела. - Остануваме и следната недела на мерките со намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која РКЕ може да постапува. Остануваме и понатаму држава која навремено и сигурно ги обезбедува сите количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите, рече Мицкоски. Тој истакна дека државава има доволни количини да го амортизира и притисокот од соседството. - Имаме денови кога конзумот е зголемен за 30 проценти споредено со просекот во минатото и достигнуваме до 2 милиони литри на ден, што претставува апсолутен рекорд. Најголемиот притисок се врши на северната, западната и јужната граница, но имаме доволни количини на бензинските пумпи за граѓаните од нашите соседни држави и можеме да обезбедиме тие да добиваат гориво од бензинските станици во тие погранични општини, рече Мицкоски. Како што нагласи, остануваме држава со најниски цени на енергенси и единствена којашто во оваа недела ги намалува цените на нафтата и нафтените деривати. Со тоа, посочи, уште еднаш се потврдува успешноста на владината политика во делот на справување со оваа, како што вели, епска историска енергетска криза која што е поголема од двете кризи во 70-тите години и кризата во 2022 година заедно. - Со политиките кои досега ги водиме успеваме да обезбедиме најевтини бензини и дизел горива. Дизел горивото кај нас е 1,55 евроценти за литар, во соседна Србија тоа е од 1,85 до 1,99, во Хрватска се движи од 1,85 до 2,20, во Грција и Албанија помеѓу 2 и 2,2 евра во зависност од тоа која бензинска се користи, наведе Мицкоски. Успеваме, потенцира премиерот, како Влада веќе 45 дена достоинствено да се справиме со кризата, предизвици ќе има, ќе бидат анализирани на дневна основа и врз основа на тоа ќе носиме и ограничувања. Мицкоски, на новинарско прашање, повтори дека на следната Владина седница ќе се направи анализа од извештајот за цените на производите од Министерството за економија и труд и Инспекторатот за труд врз основа на која ќе се носат идните одлуки. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за бензините и дизел горивата и одлуките за нивелирање на акцизите, рече Мицкоски, кој воедно упати честитка за велигденските празници.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16