Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЕкономијаМицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3 проценти, во рамки на проектиранотоПремиерот Христијан Мицкоски очекува инфалцијата во наредните месеци да биде под 3 проценти, а таков износ очекува и за годишната инфалција, како што изјави денеска, во рамки на проекциите.- Во делот на храната мината година имаше божикна, јануарска кошничка и така ќе биде и во април. Ценам дека ќе се движиме во рамки на проекцијата под 3 проценти за годишната инфлација. Кога ќе ја споредиме стапката, горе доле е иста како во регионот, освен во соседна Србија, каде што е 2,2 - 2,3 проценти поради тоа што тие ја имаат онаа мерка со ограничување на цените на производите. Во првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира, ние го видовме тоа една година пред тие да го имплементираат и затоа се одлучивме преку други механизми да се бориме со инфлацијата. Што се однесува до другите месеци, очекувам да биде од 3 проценти, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на податоците инфлацијата во јануари кога на годишно ниво изнесува 3,2 проценти, со месечен пад од 0,7 проценти, но со зголемување во делот кај храната за 5,2 проценти. Премиерот дополни дека има многу држави каде што инфлацијата е многу поголема од таа кај нас, како Романија каде инфлацијата е 9,8 проценти, Турција каде е двоцифрена, преку 30 проценти, соседна Бугарија, Хрватска, итн... - Јас очекувам инфлацијата кај нас годинава да биде под 3 проценти односно во рамки на проекциите, рече Мицкоски, по обраќањето на годишната конференција „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“. Проекциите на Министерството за финанси, посочи ресорната министерка Гордана Димитреска Кочоска, остануваат исти, и веќе има стабилизирање на состојбите. - Ние си имаме причини поради кои сме ги проектирале работите, а за справувањето најсооветно ќе одговори Народната банка која презема одредени мерки и токму како резултат на тоа денес има намалување на инфалцијата. Секако, се следат состојбите, но како Министерство за финансии не би можеле да додадеме нешто повеќе бидејќи не сме тие кои предлагаат мерки, рече Димитриеска Кочоска. Прашана за високиот износ на инфалцијата кај храната, посочи дека по растот на платите и цените сега е дојден момент кога треба да се стаблизираат. - Стаблизирањето никогаш не оди преку ноќ. Уште кога почна инфлацијата, како опозиција во тој период зборувавме дека треба да се најдат начини како да се стабилизираат цените, а не да се оди само на побрзо зголемување на платите со цел да се покријат тие цени. Тоа беше моментална состојба во тој период, имаше надворешни фактори - висока цена на струја, ситуација после ковид, конфликт Украина и Русија. Тогаш зборувавме преземете мерки, често зборував да се користат стоковите резерви, се што може да се направи, претходната Влада не ги спречи. Сега вие кога ќе ги научите фирмите дека за нивниот производ со повисока цена има продажба многу е тешко да ги вратите назад. И таа навика сега треба да ја враќаме назад и да ги одвикнуваме и тоа се случува но тоа не оди така едноставно. А храната е секогаш затоа што е најбарана, рече Димитриеска Кочоска. Работиме, потенцира министерката, максимално на сите предизвици и оваа Влада покажа многу резултати, не се случува инфалцијата да биде како што отиде претходно. Мора да се согласиме и дека на светско ниво има голема нестабилност со различни одлуки, дали било за царини, дали некоја земја ќе нападне друга. Тоа може да биде причина за инфлација, но кај нас состојбите се стабилизраат, што е јасен показател дека напротив оваа Влада многу се грижи за состојбите, но не можете преку ноќ тоа да го намалите. Да оставиме институциите кои се надлежни за инфлацијата да работат на тоа, порача Димитриеска Кочоска. Во обраќањето на конференцијата Мицкоски се осврна на состојбата со цените во маркетите и најави дека ќе се продолжи со: засилен мониторинг на цените на основните прехранбени производи; анализа на трговските маржи; координација со надлежните институции за спречување на евентуални злоупотреби; дијалог со трговците и производителите за стабилизирање на пазарот. - Нашата политика е јасна: стабилни јавни финансии и заштитен животен стандард, рече премиерот Мицкоски. Како Влада, посочи дека, ја споделуваат загриженоста на граѓаните. - Глобалните движења, енергетските шокови и нестабилностите влијаат врз пазарите. Но тоа не смее да биде алиби за неоправданите маржи и прекумерни профити на грбот на граѓаните. Пазарната економија значи слобода на трговија, но не значи без контрола. Конкуренцијата мора да биде фер. Потрошувачот мора да биде заштитен, порача Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook