Мицкоски:Очекувам европратениците да усвојат Резолуција за посебноста на македонскиот јазик - Канал 5

Мицкоски:Очекувам европратениците да усвојат Резолуција за посебноста на македонскиот јазик

-Очекувам европратениците едногласно да ја усвојат Резолуцијата за посебноста на македонскиот идентитет и јазик.

Мицкоски:Очекувам европратениците да усвојат Резолуција за посебноста на македонскиот јазик

За прв пат пред европратениците ќе се најде извештај во кој во неколку наврати се споменува многувековниот, посебен македонски идентитет и јазик. Бидејќи, често пати е повторувано дека тоа не е проблем, често пати е повторувано дека тоа не е пречка за никого, очекувам европратениците едногласно да го усвојат овој извештај во кој што се потврдува посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот македонски јазик, којшто е дел од официјалните јазици на ОН и меѓународно признат и е кодифициран во 1977 година, а неговата кодификација е завршена во 1945 година и оваа година славевме 80 години од неговото кодифицирање, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за очекувањата од претстојното јулско гласање за оваа резолуција во Европарламентот.

Како што истакна премерот, не гледа никаква пречка ако навистина сите во државата се едногласни и тоа не бил никаков проблем.

-За жал, морам да кажам, дека повторно од Исток стигнуваат поинакви коментари и гласови, но да видиме како оваа целата работа ќе заврши. Јас зборував за единство, не така одамна од сега, кога го чествуваме Денот на Светити Кирил и Методиј, и тогаш кога повикував на единство мислев токму на ваков тип на единство, настрана од нашите дневни политики, настрана од нашите дневни политички разлики. Ги повикувам сите политички чинители во државата да се обединат и да почнат од денес да вртат на своите сестрински партии, кои имаат европратеници во Европскиот парламент. Знам дека опозициската СДСМ е дел од едно такво семејство и ги повикувам уште денес да почнат да вртат до своите сестрински партии. Истото и важи и за ЛДП, а ние денес како политичка партија ќе имаме ИК и на него ќе подготвиме стратегија како ВМРО - ДПМНЕ на лице место ќе испрати луѓе кои ќе бидат таму, во Брисел, за да продолжат да разговараат со европратениците и потребата од носењето на оваа резолуција, ќе повторам со којашто се признава посебниот многувековен македонски идентитет и посебниот меѓународно признат и верифициран македонски јазик, додаде Мицкоски во одговорот.

Подвлече дека оваа Резолуција не е дојдена туку-така, бидејќи е плод на работа што се случувала изминатите повеќе од 10-11 месеци, речиси една година.

-Уште еднаш сакам да потенцирам дека посебниот македонски јазик е факт и секој оној што ги негира и одбива да ја прифати оваа реалност е анти НАТО и анти ЕУ. Така што, било кој што ова не го прифаќа од земјите членки и било кој европратеник кој нема да гласа во насока на прифаќање на оваа Резолуција е анти ЕУ пред се и е спротивно од европските вредности дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспери многу одамна, подвлече македонскиот премиер во одговор на новинарско прашпање на денешната прес конференција на која беа претставени мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година.

Додаде дека медиумите кај нашиот источен сосед избројале дека четири пати во Извештајот се спомнува многувековниот посебен македонски идентитет и јазик.

Инаку, расправата за Резолуцијата во Европскиот парламент е закажана за 4 јуни, а гласањето би требало да биде во јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.

Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.

Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски.

„Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски.

ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер