Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите - Канал 5

Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите

Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните.

Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во претстојниот период наплатата на приходите да биде уште поголема. Како што изјави денеска, порано тие средства завршувале во нечии џебови, а денес одат во проекти за граѓаните.

Одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето 122 години од смртта на Гоце Делчев, Мицкоски се осврна и на патувањето на владината делегација во Јапонија, со напомена дека трошоците биле сведени на минимум.

-Зголемена е наплатата на приходите и тоа во услови на понсики цени на нафтата и нафтеините деривати. Очекувам наплатата уште повеќе да се зголемува. Во минатото голем дел од тие средства завршувале во приватни џебови, а денес одат во Буџетот и преку проекти повторно се враќаат назад кај граѓаните. Одговорна и дисциплинирана, само таква политика може да не води кон раст и развој, потенцира премиерот.

По реакциите на опозицијата дека било скапо патувањето во Јапонија, Мицкоски истакна дека трошоците биле најмалку три пати помали од првично планираните што ги проектирала тогашната власт, која сега е опозиција.

-Патувањето во Јапонија беше планирано уште од времето кога денешната опозиција била Влада, таа распишувала тендери и организирала вакви патувања. Оваа Влада направи тие трошоци за патувањето на таа делегација да бидат сведени на минимум. Бев поканет јас, заедно со уште двајца членови на мојот Кабинет на сметка на јапонската Влада, но поради обврски дома не отидов. Во мое име делегацијата ја водеше Муцунски, а голем дел од лицата сами си покриваа, така што од тоа што било планирано пред една година и тоа што е сега, најмалку три пати се помали трошоците, објасни премиерот.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците.

Герасимовски: Станарите од Општина Центар да се пријават за субвенции за санација на покриви

Општина Центар-Скопје објавува Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојни кровни конструкции и лифтови во колективни станбени згради на нејзина територија, согласно Програмата за комунални дејности за 2025 година (Потпрограма ГДО).

„Ги повикувам сите станбени заедници во Општина Центар кои имаат потреба од санација на покриви или поправка на лифтови да аплицираат и да ги искористат средствата што ги нудиме. Ова е можност да се подобрат условите за живеење, безбедноста и енергетската ефикасност во вашите згради,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Финансиската поддршка изнесува 30% од вредноста на проектот, но не повеќе од 150.000 денари за кровови и 300.000 денари за лифтови, додека 70% од трошоците ги обезбедуваат сопствениците. Повикот се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество имаат заедници на сопственици или управители од Општина Центар чиишто станбени згради се постари од 15 години, со најмалку 70% населени станови. Потребна е одлука со потписи од 50% + 1 сопственик, како и комплетна документација според условите наведени во повикот (договори, понуди, фотографии, технички извештај и др.).

Пријавите се поднесуваат во затворен плик, во Архивата на Општина Центар (барака 6) или по пошта, на адреса: ул. „Михаил Цоков“ бр. 1, Скопје, во периодот од 10 мај до 30 јуни 2025 година, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Заинтересираните жители може да се информираат на линкот во прилог https://www.centar.gov.mk/?p=25179 или на општинската веб-страница.

Општина Центар

Денеска завршни зборови за судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

Денеска завршни зборови за повторното  судењето за пожарот во тетовската модуларна болница. За тешки дела против општата сигурност одговараат Флорин Бесими и Артан Етеми. 

Денеска завршни зборови за судењето за пожарот во тетовската модуларна болница

На двајцата поранешни директори на болницата им се суди по вторпат откако лани повисокиот суд го врати предметот на ново судење. Одбраната појаснува дека со судењето не се бара одговорност за настанувањето на пожарот, туку за последиците кои ги предизвикал. Тврдат, дека во болницата, имало противпожарни апарати. Пожарот во тетовската модуларна болница избувна на осми септевмри 2021 година, а објектот го проголта за помалку од три минути. Трагедијата одзеде 14 животи на луѓе кои се лекуваа од ковид и нивни блиски кои биле таму. Во потрагата по причините за несреќата, се вклучија и германски истражители. Беше утврдено дека пожарот го предизвикал продолжен кабел за струја на кој бил приклучен дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

Во фокусот забрзување на економскиот раст, дигитализација и вештачка интелигенција.

Почна Самитот Македонија 2025 - во фокусот забрзување на економскиот раст

ЕУ беше, е и ќе остане наша цел, но за жал, ние сме единствената држава во Европа за која не важат критериумите како за другите држави кои станале или се во процес да станат земји членки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на Самитот Македонија 2025. Тој најави раст на економијата.

Економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство, како и експерти од научната заедница од повеќе држави, ќе говорат на панел дискусиите на самитот, на кој се очекува да присуствуваат околу 550 гости.

YouTube video

притисни ентер