Мицкоски очекува убедлива победа на канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг од локалните - Канал 5

Мицкоски очекува убедлива победа на канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг од локалните

Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски очекува убедлива победа на канидатите на ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг од локалните

Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека власта вршела поткуп и притисоци врз нивните кандидати за градоначалници. Според Мицкоски такво нешто не само што не постои туку, како што рече, тоа е надвор од неговата лична филозофија и ја повика опозицијата ако имаат такви индиции да пријават за да се провериат.

-Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени. Доколку имаат било каков индикатор дека тоа се случува, мојот телефон го знаат слободно нека ми се јават да пријават да провериме дали е тоа така, но јас одговорно тврдам дека не само што нема, туку ќе повторам – овие локални избори се избори во кои македонските граѓани, но и Владата покажаа одредено ниво на зрелост и поминаа во најмирна и најдемократска атмосфера, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашан за заедничката фотографија на Маја Мојсовска и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош Сотир Лукровски и дали постои договор за поддршка, Мицкоски со став дека Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД и во првиот круг го поддржале кандидатото од ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски.

Претпоставувам дека останатите кандидати и политички чинители во Македонија исто така ќе се согласат дека нема да поддржат кандидати кои се наоѓаат на црната листа поради криминал кај нашиот стратешки партнер САД и нема да поддржат осудени во прв степен лица кои на овие локални избори излегуваат и се обидуваат со старите трикови да ја добијат поддршката на Карпошани. Можеби вистинското прашање за претседателот на СДСМ е дали тој поддржува лице кое е на црната листа за сторен криминал кај нашиот стратешки партнер, изјави Мицкоски.

Во однос на партиските комбинаторики за вториот круг, Мицкоски даде јасна и недвосмислена поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во сите општини кадешто нивните коалициони партнери имаат трет противник. Конкретно ги спомена кандидатите од ЗНАМ за Центар и Куманово, Мирослав Лабудовиќ и Максим Димитриевски и независниот кандидат во Струга поддржан од Вреди, Менди Ќура, кој води во првиот круг пред Арсим Далипи од коалицијата предводена од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг извојува победа во 33 општини, а во недела Мицкоски очекува победа во сите 26 во кои влегоа во вторито круг за, како што вели, историска победа со градоначлнции во 59 општини плус Градот Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер