Мицкоски очекува СДСМ да се врати во работната група за Изборниот законик - Канал 5

Мицкоски очекува СДСМ да се врати во работната група за Изборниот законик

Премиерот Мицкоски очекува опозициската СДСМ да се врати во работната група која работи на Изборниот законик и на таков начин да се донесе и овој закон кој е дел од реформската агенда до јуни.

Мицкоски очекува СДСМ да се врати во работната група за Изборниот законик

Тој и денеска повтори дека по состанокот со директоорт за проширување во ЕК, Герт Копман, е оптимист дека е можна испорака на сите чекори во предвидениот рок и порача дека продолжувањето на европскиот пат не темели само од уставните измени.

„Сите сме оптимисти дека од 10-те чекори дека можеме 9 ипол да испорачаме, а може и сите десет коишто се во грејс период. Еден или два чекори зависат од учеството на опозицијата во нив, односно еден од тие во греј периодот а тоа е Изборниот законик. Јас се надевам дека таму разумот ќе преовлада и дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој рефорсмси закон, затоа што реформите не се само промени на Уставот, јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ и дека најлесно им е да коленичат, наместо да работат. Но реформите и доказ дали сте за Европа не е само Бугари во Устав, туку има многу посуштински работи коишто треба да ги завршиме и ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коченичат таму каде што коленичат“– Христијан Мицкоски, претседател на Влада

Во однос на реформата агенда оценката на евроамбасадор Рокас е дека има забрување во исполнувањето на чекорите и очекува дека таквиот напредок позитивно ќе биде нотиран во најновиот извештај за напредокот на Македонија кој треба да биде објавен наесен. Потенцираше и дека крајниот рок е до крајот на јуни, а не до почетокот на месецот.

„Годишниот извештај на ЕК е во тек на подготвување и треба да се финализира некаде во септември. Меѓутоа, генерално кога ќе се спореди со извештајот од минатата година, може да нотираме дека има забрзување на процесот на реформите, така што јас искрено се надевам дека годинашниов извештај ќе може да покаже дека е направен напредок и дека ќе има и резултати“– Михалис Рокас, евроамбасадор во Македонија

Од СДСМ велат Мицкоски не успеал да ја исполни реформската агенда и затоа сега се обидувал да најде алиби. Бараат уставни измени и реформи веднаш.

- Вети дека до 1-ви јуни ќе ги заврши сите точки од Реформската агенда. Сега, кога не успеа да исполни ништо, повторно бара „разум од СДСМ“. Основниот услов за продолжување на преговорите со ЕУ е внесување на малцинствата во Уставот. Без тоа – нема напредок кон ЕУ, нема преговори, нема ништо. Мицкоски нема да заврши реформите затоа што не сака да ги заврши. СДСМ нема да му даде алиби за неисполнување на реформската агенда, порачуваат од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интереси

ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.

ЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интереси

Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.

Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите.

ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.

Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата.

Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок.

Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии.

Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите.

Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници.

Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии.

Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници.

Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава.

Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака.

Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости.

Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки.

Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ.

Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти.

На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации.

Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите.

За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава.

Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења.

Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер