МакедонијаМицкоски: Ние повикуваме на национален консензус со месеци, но опозицијата не бира средства како да ни забие нож во грбСпоред Мицкоски, додека власта повикува на таков консензус со месеци, опозицијата не бира средства како „позади грб да стават нож во грб“.Народот гледа дека оваа Влада се бори сето кое што го распродаде лесно и евтино претходната влада да го поврати, изјави премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека опозицијата „нема легитимитет ниту поддршка од народот“ да зборува за широк национален консензус за евроинтеграциите. Според Мицкоски, додека власта повикува на таков консензус со месеци, опозицијата не бира средства како „позади грб да стават нож во грб“. - Ние повикуваме на таков консензус со месеци, но гледате додека ние се бориме да го повратиме тоа на меѓународна сцена, тие не бираат средства како позади грб да ни стават нож во грб, мислејќи дека така ќе им се допаднат на тие кои што не и мислат добро на Македонија и на тој начин ќе се вратат повторно и ќе имаат можност да имаат власт. Не иде тоа така, народот не е со кратко помнење. Знаат што се случи изминатите седум години, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на „Реплек“. Опозицијата, нагласи Мицкоски, ја испушта својата прилика да се консолидира, да се построи во редот на бранители на македонските интереси и на тој начин, колку толку да поврати дел од изгубениот кредибилитет. -Тие за волја на вистината по два основни правци го губеа својот кредибилитет. Првиот беше овој, за кој што зборувам, а тоа е распродавајќи ја Македонија и нејзините стратешки интереси и вториот со многу крадење и криминал. Тоа беа двата основни столба. Тоа се двете причини зошто секогаш кога ќе му спомнете на народот за опозицијата, тие немаат легитимитет ниту поддршка од народот, ниту пак ќе ја имаат, изјави Мицкоски. Прашан за коментар на изјавата на лидерот на опозицијата Венко Филипче, дека нема политичка волја за напредок во евроинтеграциите, Мицкоски рече дека не би коментирал „егзибиции на опозицијата“ кои ги оцени како континуитет на нините предавства и порази од минатото. -Ние како Влада додека се бориме жестоко да ги повратиме позициите кои што тие ги оставија во минатото слободни и ги предадоа националните интереси на државата, тие гледате од зад грб се обидуваат дополнително да ни ставаат товар, но ние сме силни и ќе го издржиме сето тоа. Мислам дека тоа е погрешна политика што ја води опозицијата, мислам дека политиката на свиткана кичма, на предавства, на лесно потпишување договори и слично не доведе до оваа ситуацијата во која што сме, а она што го прави оваа Влада и македонската дипломатија е да ги поврати изгубените позиции, но и на светот да му покаже во суштина што се крие позади сето она што порано беше кажувано како едноставна работа, само да се промени уставот и завршено е се, готово, мед и млеко ќе почне да тече по улиците, птиците ќе пејат, цвеќињата ќе растат и се ќе биде перфектно, а во суштина не е така, во суштина многу длабок е проблемот и ние само малку загребавме на површината и се излезе, така што може и светот и македонските граѓани да видат за што станува збор, изјави Мицкоски. Прашан за коментар за наводите дека во Извештајот на ЕК се предупредува за т.н. „српски свет“, Мицкоски рече дека не го видел тој извештај, но ги отфрли таквите констатации, посочувајќи дека не верува такво нешто да биде создржано во официјал извештај од страна на ЕУ. -Кога ќе го видам ќе го коментирам. Но, апсолутно отфрлам таква констатација, и не верувам дека тоа е содржано во некаков официјален извештај од страна на ЕУ, бидејќи би било многу наивно. И од оние контакти коишто јас ги имам со високи претставници на ЕУ, барем откако е оваа Влада, не само што немаме никаква допирна точка со таква констатација, туку напротив ако некогаш во времето постоеше нели онаа иницијатива „Опен Балкан“ барем од кога е оваа Влада, такво нешто нема, бидејќи се изгуби смислата на сето тоа од она што можам јас да го видам, изјави Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Шоу бизСергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф. Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица. Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата. „Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф. Фото: ВИТагови: инцидент Сергеј Трифуновиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
ТехнологијаКина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“. Капацитет и технички спецификации Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено. Зелена енергија и глобална иницијатива Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање. Дэлхийн хамгийн том цогц хиймэл оюун ухааны тооцоолох хүчин чадлын байгууламж болох Улаанцав дахь “Envision Galaxy Campus” албан ёсоор ашиглалтад орсонд баяр хүргэе!⚙️ Тус төв нь 1 сая P хэмжээний тооцоолох хүчин чадалтай бөгөөд цахилгаан эрчим хүчээ шууд ногоон эрчим хүчээр… pic.twitter.com/Uu7V592qCO — Цао Ли 曹利 Cao Li (@ChnAmbMongolia) August 7, 2026 Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
АвтомобилизамСамо 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“. Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци. Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата. На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите. Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили. Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка. Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч. Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес. Извор: Б92Тагови: Lamborghini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook