МакедонијаМицкоски: Нема веќе распродажба на идентитетот – „мекотелните политичари“ заминуваат во историјатаНема да има пометсување ниту чекор се додека не видиме предвидлив крај на евроинтегративниот пат и гарантирање на правата на македонската зедница во Бугарија уште еднаш порача премиерот Мицкоски. Премиерот Христијан Мицкоски останува дециден дека ниту сегашното ВМРО ДПМНЕ ни како што вели некое идно, нема да се согласи на Уставни измени без да се добијат цврсти гаранции за отворените прашања поврзани со македонскиот идентитет и правата на македонците во Бугарија. Лидерот на СДСМ пак, најавува дека ќе ја алармира меѓународната заедница за како што вели системска демонтажа на евроатлантската иднина на Македонија. „ВМРО ДПМНЕ нема да влезе во било каква авантура се додека нема јасен крај, прво, и второ, се додека не бидат гарантирани човековите права на македонската заедница кај нашиот источен сосед. Нема да се поместиме ни милиметар, ќе чекаме. Ако не ние, ќе го пренесеме тоа на тие кои што нас ќе не следат. Ако и тие не успеат, и тие што нив ќе ги следат.“ Од Бихачка пак, реагираа дека според нив, токму Мицкоски ги предава македонските национални интереси одалечувајќи ја државава од ЕУ. Лидерот на СДСМ Филипче го обвини дека е про-руски играч, а владата како што кажа, е подредена на унгарската. „Тој чекор не претставува никаков ризик за нашиот национален идентитет, култура и јазик а тоа се уставните измени, ние ги остваруваме националните интереси, долгорочно, членство во ЕУ. Јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на ЕУ, на ЕС и на НАТО во врска со системско демонтирање на евроатланстката иднина на Македонија благодарејќи на изјавите и најавите на Христијан Мицкоски.“ Според Филипче со изјавата на премиерот Мицкоски дека е подготвен да чека и децении за членство во ЕУ, доколку не се добијат гаранции, земјава се става во заложништво и изолација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook