Мицкоски нема големи очекувања од новата бугарска влада, го покани Радев да ја посети Македонија - Канал 5

Мицкоски нема големи очекувања од новата бугарска влада, го покани Радев да ја посети Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува подобрување на билатералните односи со Бугарија и по изборот на новата Влада, сепак во телефонски разговор со неговиот бугарски колега – Румен Радев, изразил надеж дека односите можат да се подобрат.

Мицкоски нема големи очекувања од новата бугарска влада, го покани Радев да ја посети Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува подобрување на билатералните односи со Бугарија и по изборот на новата Влада, сепак во телефонски разговор со неговиот бугарски колега – Румен Радев, изразил надеж дека односите можат да се подобрат а денеска преку медиумите му испрати и покана за средба.

-Што се однесува до г-динот Радев, кога победи јас следниот ден, утрото му се јавив и му честитав му посакав да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа Влада ќе може да ги подобриме односите и ќе можеме да разговараме за темите за кои треба да разговараме,- Премиерот Христијан Мицкоски.

Според претседателката – Гордана Сиљановска Давкова, дали ќе има подобрување во комуникацијата на релација Скопје-Софија, зависи од нашите соговорници.

-Знам дека бугарскиот народ очекува стабилност и реформи, борба со корупцијата и криминалот, досега владите беа нестабилни и немаа одговорност. А ние ќе имаме стабилен соговорник со кој ќе можеме да разговараме. Јас можам да кажам дека секогаш бона фиде разговарам а дали очекувам подобрување во односите ќе зависи од соговорниците,- претседателката – Гордана Сиљановска Давкова.

Честитки за новоформираната бугарска влада и надеж за подобри билатерални односи испрати и лидерот на СДСМ Венко Филипче преку социјалната платоформа Х.

-Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Македонија, со цел градење добрососедски односи кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура, лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Премиерот Мицкоски пак оцени дека опозициската СДСМ ги распродава македонските национални интереси а подобрување во македонско-бугарските односи не може да се случи се додека државата нема единство и цврста заедничка позиција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Скопјани од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одобри новите цени за трите системи за снабдување со топлинска енергија во главниот град.

Од 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денари

Најголемо зголемување од 5,96 проценти ќе имаат корисниците на ЕСМ снабдување, системот на кој се приклучени најголемиот дел од домаќинствата со централно греење во Скопје.

За корисниците на ЕСМ енергетика, познато како железарско парно, цената се зголемува за 5,18 проценти, додека корисниците на Енерџи Еколинк, поранешно Скопје Север, ќе плаќаат 3,65 проценти повеќе.

Според пресметката што ја соопшти Регулаторна, сметката за просечен стан од 60 квадратни метри ќе се зголеми за околу 140 денари месечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење.

Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење

Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење, а во меѓувреме, градот ќе продолжи да биде снабдуван со пакувана вода...

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти и посочи дека партиите не треба шират хистерија.

-На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично.

СДСМ преку соопштение ја критикуваше изјавата на Мицкоски . Според нив требало да се консултираат експерти, од самиот почеток на кризата.од партијата велат дека по денови меѓусебно префрлање на одговорноста и различни изјави од надлежните, сега владата се повикува на стручни лица.

„Во нормална држава, експертите и надлежните институции ќе беа вклучени уште од првиот ден. Наместо тоа, јавноста слушаше политички изјави и објаснувања“, наведуваат од СДСМ.

Партијата бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и прашува кој ќе ја понесе одговорноста за, како што наведуваат, труењето на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. 

Цените на нафтата продолжуваат да опаѓаат

Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си.

До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот.

Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG).

Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените.

Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер