Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
МакедонијаМицкоски: Нема да толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети-Нема да толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите.Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како што рече, преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите. -И последните состаноци коишто ги имавме на оваа тема со експерти се во таа насока дека главен драјвер, главен поттикнувач на сето ова претставуваат услугите и анализиравме во проценти во одредени сектори тие се зголемени за повеќе од 20 проценти. Тука ние како Влада не можеме премногу, немаме голем маневарски простор за да интервенираме. Но, секако со ваквиот начин на однесување каков што е еве да речеме, пред почетокот на учебната година ограничување на маржите, а како репер да бидат цените од 1 јуни за училиштен прибор, опрема и друг тип на помагала коишто им се потребни на учениците, но и да го олеснат, би рекол, во поднослива состојба биде семејниот буџет, ние тоа ќе го правиме. И тоа го правиме. Верувајте дека анализата покажа дека ад хок ограничување на маржи се прелева во месеците кои што следат. Сега тука има една дилема ако воспоставиме еден континуитет цела година, тогаш дали имаме пазарна економија? Дали имаме пазарна економија и дали маме општество коешто се темели на пазарната и слободна економија? Но, тоа не значи дека ќе толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите, рече Мицкоски по презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV во Касарната „Јане Сандански“ – Штип во одговор на новинарско прашање. Премиерот најави дека Комисијата за заштита на конкурентноста многу скоро ќе излезат на терен и ќе следат санкции за скриените „маркетинг услуги“. -И за ова многу сериозно се занимава Комисијата за заштита на конкурентноста. Многу скоро ќе излеземе на терен, веќе ја зајакнавме кадровски, се примија нови луѓе. Ќе се излезе на терен и овие скриени „маркетинг услуги“ кои дел од снабдувачите, производителите и трговците ги поставуваат во синџирите супер маркети за на подобро место да стои неговиот производ ќе биде жестоко, верувајте жестоко санкционирани. Тоа е едниот начин, рече тој. Мицкоски потенцира дека вториот начин е обидот да интервенираат во делот на услугите. -И тука исто така во рамките на можностите. Ние не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата итн. или транспортните компании која е цената која што тие ќе ја постават за таа услуга. Ќе повторам се додека може таа услуга некој да ја плати, тие за жал, ќе ја качуваат, и тоа ќе влијае негативно во конечната инфлација. Така што и тука ќе имаме исто така мерки, рече тој. Премиерот нагласи дека резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста. -И во делот што се однесува на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста. Поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи. Да, тоа може да има за нас и политички последици, ќе има и сигурно некои што ќе бидат незадоволни, но подобро еве да ги имаме тие политички последици сега отколку граѓаните на долг рок да чувствуваат ваков тип на би рекол, неконтролирана инфлација. Иако морам да кажам дека во рамките на јули месец ние се движиме во рамките на тие 4,5 проценти инфлација како и сите држави во регионот од Унгарија, од Словенија па се до Грција. Така што, ова е еден поопфатен пристап којшто очекуваме дека на среден рок ќе даде исклучително големи резултати, рече премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter