О. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани
2О. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани
Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
1Данската фудбалска федерација се огласи за Ериксен: Кристијан се чувствува добро, сам го напушти теренот
МакедонијаМицкоски: Нема да се отвори рудникот Казандол, Македонија заштеди 115 милиони евраОва е втора арбитража која што оваа влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот кој што следи, вели претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што подразбира одлуката за Казандол.Премиерот Мицкоски посочи дека треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет, а сега истите тие се добиваат. Вистинското прашање е како во минатото беше пракса да се губат арбитражите и како сега наеднаш тие се добиваат во полза на државата. Треба тоа да се истражи, да видиме зошто тоа се случувало во минатото, да ние направивме одредени промени во адвокатскиот тим, но некако симптоматично е како во минатото се губеа сите арбитражи, а сега ги добиваме, рече тој и додаде: Во случајот станува збор за арбитража која вредеше околу 115 милиони евра, толку беше тужбеното барање, на спротивната страна која што го побаруваше од тужениот, во случајот тоа беше Македонија. Во однос на шпекулациите, Мицкоски истакна дека не е точно дека после арбитражната постапка повторно ќе се отвори рудникот Казандол. Причина за да се случи оваа арбитража е раскинатата концесија од страна на владата за формирање на рудникот Казандол. Сопствениците на инвестицијата почувствувале дека имаат изгубен профит, имаат штета и покренале арбитража против државата во вредност од 115 милиони евра, односно имале оштетно побарување од 115 милиони евра. И го изгубија. И тоа значи дека тие веќе немаат концесија. Така што не е вистина дека со ова што компанијата изгубила сега веќе ќе има отворање на рудникот. Тоа е повторно конструкција и обид за манипулација од одредени кругови кои не и мислат добро на Македонија и граѓаните, дециден е Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Пјонгјанг Ким Џонг Ун домаќин на кинескиот претседател Си ЏинпингКина и Северна Кореја го зајакнуваат својот сојуз.Кинескиот претседател Си Џинпинг денес отпатува во Пјонгјанг во прва посета на Северна Кореја од 2019 година, објавија кинеските државни медиуми. 🇨🇳🇰🇵 Chinese President Xi Jinping arrived in North Korea for a two-day official visit. He was accompanied by his wife, Peng Liyuan. Kim Jong Un and his wife welcomed the guests at the airport. pic.twitter.com/jS6XcAW6nj — China pulse 🇨🇳 (@Eng_china5) June 8, 2026 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му приреди церемонијален пречек на кинескиот претседател на аеродромот во Пјонгјанг со воени почести и транспаренти на кои, меѓу другото, пишуваше „Да живее нераскинливото пријателство меѓу Северна Кореја и Кина“, јавува новинската агенција Синхуа. ⚡️🇨🇳🇰🇵 — Chinese President Xi Jinping, accompanied by his wife Peng Liyuan and a high-level delegation including Foreign Minister Wang Yi, arrived in Pyongyang for a two-day state visit, marking the first visit by a Chinese president in seven years, according to Xinhua. ➡️ Xi… pic.twitter.com/nB7wxBwG3s — MaxOsint Intel (@maxosintintel) June 8, 2026 Кинескиот лидер рече дека односите меѓу Кина и Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) се на нова историска почетна точка и се соочуваат со нови можности и предизвици за развој. Истакнувајќи дека одржувањето, консолидирањето и развојот на односите меѓу Кина и Северна Кореја отсекогаш била непоколеблива политика на КПК и кинеската влада, Си рече дека Кина е подготвена да соработува со Северна Кореја за водење на билатералните односи и за одржување на односите меѓу Кина и Северна Кореја во чекор со предизвиците на времето.Тагови: Кина Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаО. Битола: Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓаниОпштина Битола објавува јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани.Предмет на овој јавен повик е прибирање понуди од здруженија на граѓани (ЗГ) за обезбедување на следните услуги: логопедски услуги, психо-социјална поддршка, рехабилитациони услуги, едукативни семинари за родителство и грижа и обуки за правата на децата и лицата со попреченост. Активностите се насочени кон подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на лицата со попреченост и нивните семејства. Подобрување на општата социјална состојба на лицата со попреченост преку услуги обезбедени од здруженија на граѓани, во партнерство со Општина Битола. Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2026 година согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година. Документацијата се доставува во архива или по пошта во рок од 10 работни дена од денот на објавување на овој повик заклучно соКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСрбин убиен во Барселона- Напаѓачот му се приближил одзади и испукал неколку куршумиВо пукотницата што се случи во Барселона, убиен е маж, за кого шпанските медиуми велат дека е од српска националност. Според порталот ElCaso.cat, пукотницата се случила во недела околу 21 часот во внатрешниот двор на зграда во населбата Зона Франко, кога маж облечен во црно испукал неколку куршуми во грбот на човекот. И покрај напорите на соседите, медицинските работници и агентите на Мосос, кои брзо излегле на терен, човекот починал. Некое време, целата населба била блокирана, но напаѓачот не бил пронајден. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook