3Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
МакедонијаМицкоски: Нема да има даноци за немажени и неженетиНема да има таков данок. Се извинувам на тие што погрешно ме толкуваа, но сум исклучително загрижен за демографската иднина -Се извинувам на тие што можеби погрешно ја протолкуваа таа моја иницијатива, но факт е дека сум исклучително загрижен за демографската состојба во Македонија и факт е дека како претседател на Владата е моја одговорност да бидам загрижен за демографската иднина на мојата татковина... Ајде сите заедно да работиме да ни се раѓаат повеќе дечиња, да ни се полни училиштата, за побогата економија, за побогата Македонија, за поуспешни спортисти... природно е тоа, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција пред седиштето на партијата. Факт е, нагласи Мицкоски, дека имаме рецесија од 30 проценти на новородени бебиња во Македонија од 23 илјади во 2016 година, на 16 илјади во 2024 година. Бројот на новосклучени бракови, пак е намален за 17 проценти во три години, од нешто повеќе од 13 300 брака во 2021 година, на 11 100 во 2024 година. -Јас ја сакам мојата држава, го сакам мојот народ и граѓаните и нема да биде одговорно ако тоа го премолчам. Се радувам на јавната дебата, ми пишуваат луѓе, треба со финансиска поддршка да излезе владата итн., Не е тоа решението, изјави Мицкоски. Тој како пример ја посочи Јужна Кореја, една од најбогатите светски економии, со најнизок фертилитет во светот која има потрошено 270 милијарди долари во последните 15 години за да стигне стапка на фертилитет од 0,75 проценти. -Не е до финансиите, до срцето и главата е. До желбата и до умот и затоа, треба од најмлади да работиме за децата и затоа инсистирам во читанката да биде поим за семејство јас, мама, тато, бато и дада. Мора, ако сакаме да опстоиме и како народ, и како нација и како држава тоа е иднината и мора да се бориме, порача Мицкоски. Според Мицкоски, состојбата е иста и во Грција, Германија, Полска ... и повика сите заедно да работиме за ова да не ни се случи. Мицкоски, исто така, посочи дека на избори излегол со програма во која немало родител 1 и 2, туку татко и мајка и програма во која семејството било прво. - Семејната парада, тоа е мојата гордост и тоа идинаната на мојата држава. Може некој ќе ми замери, тоа е тоа. Не можам на сите да им погодам, но ова е политиката што јас додека сум претсетдале на Владата ќе ја водам, изјави Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластериПостепено членство со пристап до единствениот европски пазар, но и со строг 15-годишен мониторинг, ќе се соочат новите земји членки на Европската Унија.. Наместо со едногласност, земјите членки на ЕУ да гласаат со квалификувано мнозинство и за време на отворањето и затворање на преговарачките поглавја за земјите кандидатки е првата клучна точка од новата претпристапна политика на ЕУ која денеска ја презентираше еврокомесарката за проширување - Марта Кос. Втората точка се однесува на постепена интеграција на земјите кандидатки во одредени стратешки области на Унијата како енергетика, транспорт и одбрана, но која сепак може да биде повлечена доколку земјата покажува уназадување, соопшти Кос. „Можно е да се намали бројот на области каде што една земја сама може да стави вето на одлуки што сите други ги поддржуваат, на пример, за санкции или борба против даночни измами или во процесот на пристапување каде што средните чекори помеѓу отворањето и затворањето на преговорите. // Постепената интеграција ќе бара две клучни состојки - напредок во реформите, за земјите-кандидатки и стратешко усогласување. // Учеството во политиките на ЕУ треба да биде реверзибилно, условено од реформи и отворено само за оние кандидати кои ги делат вредностите на нашата унија и нашите стратешки интереси.“ Во претпристапната политика се воведуваат и заштитни мерки од новите земји членки кои нема да можат да се спротистават на влезот на следните земји кандидатки поради билатерални прашања, посочи Кос. Иако новите земји членки ќе ги имаат истите права како и постарите, сепак доколку се докажат сериозни прекршоци во правосудството, демократијата и европските вредности, ќе може да им се рестриктра финансиската поддршка но и правото на глас, соопшти Кос. Иако директно не посочи временски рок, според неколку угледни европски медиуми, се работи за 15 годишен мониторинг период за новите членки. „Сите нови земји-членки, и ова многу го нагласувам, ќе уживаат еднакви права, исто така и новодојденците, не сакаме двостепено членство. // Предлагаме посилни заштитни мерки за секоја нова земја-членка од сериозно отстапување од обврските. // Тие заштитни мерки ќе бидат во сила само ако има прекршувања.“ Наместо да ги обесхрабрува, патоказите за четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија дополнително ќе ги мотивира останатите земји кандидатки кои не се најдоа во оваа група, оценува Кос. Понудата за асоцијативно членство на Канада не може да се понуди на Македонија и Косово, а важно е сите земји од поранешна Југославија да станат дел од ЕУ, изјави Кос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
ТехнологијаГолем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓеДанска претрпе масовен хакерски напад, еве кој е погоден.Хакиран е централниот регистар што ја содржи листата на поединци и нивните адреси во Данска, со што е овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти данското Министерство за дигитализација. „Националната агенција за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица стекнале нелегален пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на број за социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани поединци (живи, починати, оние што емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението. Аномалии во септември Во тек е истрага, но сторителите сè уште не се идентификувани во оваа фаза, наведе истиот извор. Пристапот до податоците бил остварен преку легитимен канал за пристап на една данска компанија. Овој пристап оттогаш е укинат. Агенцијата во петокот била известена за „аномалија“ во CPR-системот што се случила „во текот на септември“. „Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјави министерката Кристина Егелунд, според соопштението за јавноста. „Заедно со сите релевантни тела, во процес сме на утврдување на целосниот обем на инцидентот“, додаде таа. По пробивот на податоците, агенцијата соопшти дека презела мерки за спречување слични инциденти. Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Покрај поединците што моментално живеат и престојуваат во Данска, тој содржи информации за починати лица и за лица што ја напуштиле земјата. Поединците со заштитени адреси и имиња не се погодени од протекувањето на податоците, се додава во соопштението. Извор: Б92Тагови: хакерски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петокВо Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце. Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook