Мицкоски: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што е СДСМ - Канал 5

Мицкоски: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што е СДСМ

Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што е СДСМ, ниту пак ќе дозволам „Вреди“ да стане тоа што беше ДУИ. 

Мицкоски: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што е СДСМ

Ќе има работа, но и одговорност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски од Велес, на прославата на која партијата одбележа 34 години постоење. Мицкоски пред членството вети дека новата Влада наместо со штетни договори, ќе ја води Македонија напред со многу труд, борба со криминалот и корупцијата и достоинствен живот за сите граѓани. „Немаме сто дена, ниту грејс период… Не може никој од вас да има приватни бизнисни и да води институции – порача Мицкоски.

-Во изминатиот период кога се договараше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата Вреди што е ноторна измислица, замислете тие кои коленичеа во Речица кои 7 години беа главни измеќари на ДУИ нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија ни велат дека сме дале премногу. Се додека албанските и другите коалициони партнери работат по закон и во интерес на државата ќе бидеме еднакви партнери во Владата, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати повик и до СДСМ за национално единство за најважните државни прашања, им посака побрзо да се консолидираат во успешна опозиција и покрај длабоката поделеност во партијата кажа дека во него имаат партнер за иднината на државата.

-Им подавам рака за македонско национално единство за сите важни прашања за државата. Посакувам да ги надминат огромните проблеми и да седнеме на маса да разговараме за иднината на нашата татковина. Секако ова никако не треба да го сфатат како амнестирање од одговорноста за криминалите, но значи дека во нив ќе гледам партнер со кого имаме одговорност поради сегашните и идните генерации да работиме на создавање на единствени државни позиции кога станува збор за суштинските прашања од важност за Македонија, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ според Мицкоски во изминатите 34 години имала многу светли моменти кои ги направиле горди, но имало и моменти кога се грешело и кои нанесувале штета. Но, како актуелен претседател кажа дека ќе се однесува со еднаква почит кон секој претходен претседател на ВМРО-ДПМНЕ - и кон Љубчо Георгиевски и кон Никола Груевски, како што рече без оглед на тоа колку се далечни или блиски нивните ставови со она што е ВМРО-ДПМНЕ денес.

YouTube video

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер