Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта - Канал 5

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

Не се сретнав со Груевски во Будимпешта, но средби одржувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, но и за придобивките кои ги има земјава од заедничката седница и посетата таму, рече дека таква средба немало, а доколку има јавноста ќе биде информирана, бидејќи води транспарентна политика.

-Во Будимпешта не се сретнав во Никола Груевски, но доколку се сретнам ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам и немам што да кријам, но исто така во име на таа вистина можам да потврдам, а многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, во Будимпешта се среќавале со Никола Груевски, и притоа не дадоа искрен одговор, нагласи Мицкоски за време на денешната посета на Општина Илинден.

Оценувајќи ја поволноста на средствата во висина од една милијарда евра што во земјава пристигна од Унгарија рече дека оваа Влада работи домаќински и одговорно.

Мицкоски, потврди дека со средствата од унгарската линија, долгот на државата е намален за три проценти.

-Од Унгарија пристигна една милијарда евра и од таа една милијарда, 500 милиони евра се искористени за враќање на долг, обврзница земена во 2018 година. Денес кога ќе го видите статусот на долгот на државата, ќе видите дека тој е 58,2 проценти и за повеќе од 3 проценти е намален. Така работи оваа Влада, домаќински и одговорно. Од останатите 500 милиони евра, 250 милиони евра се вложени во проекти низ цела територија на државата, а 250 милиони евра се во бизнисот, но за жал мора да кажам интересот до овој момент е за 380 милиони евра. Значи имало проекти, не дека немало проекти, туку можеби требало да има евтини пари за да тие проекти се реализираат, а тие проекти ќе донесат многу повеќе работни места. Кога разговаравме со Стопанските комори поставивме цел од 5000 нови работни места, но моите информации велат дека таа бројка е дуплирана со овие 380 милиони евра од унгарската линија и очекувам таа бројка да дојде до половина милијарда што за мене предизвикува повторно предизвик и инспирација да побарам нови вакви средства за бизнисот бидејќи очигледно е дека бизнисот е гладен, сака свежи пари, сака евтини пари за да може да се развива, да додава вредност и да креира нови работни места и младите да не биде како досега, да ги полнат автобусите и да се селат, туку да ги полнат автобусите од таму каде што се иселени и да се враќаат дома, насекаде во Македонија, истакна Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер