Мицкоски: Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата - Канал 5

Мицкоски: Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата

Носењето на новиот изборен законик останува неизвесено откако СДСМ ја бојкотираше работната група.  

Мицкоски: Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата

Сѐ додека СДСМ ја бојкотира работната група за Изборниот законик, нема да биде донесен нов бидејќи без нив нема консензус. Премиерот Мицкоски вели дека ова е една од обврските од реформската агенда кои нема да бидат испорачани до крајот на јуни, по потегот на опозициската партија која се одлучи на ваков чекор поради укинувањето на техничката влада. На состанок со министрите вчера дебатирале за реформите кои треба да се спроведат, со уверување дека ќе бидат навремено испорачани со ретки исклучоци. Мицкоски уверува дека земјава бележи напредок во процесот.

„Сите десет што се заостанати, со исклучок на два, ќе бидат испорачани. Првиот е оној во кој се бара од државата да не обезбедува 100 отсто електрична енергија за домаќинствата и за сите оние корисници од снабдувачот.../ Вториот чекор е Изборниот законик. Знаете дека тој се носи со консензус. СДСМ ја напушти работата на групата што работи на Изборниот законик и се додека е таа одлуката, ние Изборниот законик не можеме да го донесеме, бидејќи тоа е еден од оние закони кои се во групата во која е потребен консензус во рамки на Собранието. Не само што нема застој, туку има напредок во реформската агенда на земјата. Од последно место, Македонија сега е рамо до рамо со т.н. фронт-ранери во групата.“

Мицкоски однапред подготвува алиби за неуспехот во јуни, реалноста е дека сме рамо до рамо со Србија, сметаат од опозициската СДСМ. Според нив премиерот не може да прави паралела со Црна Гора која се ближи кон ЕУ, туку со соседите за кои од унијата најавуваат замрзнување на европските пари.

„Ова е класична лага на Мицкоски. ВМРО-ОКГ има апсолутно мнозинство во Собранието. Токму како што ја укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат да го донесат и Изборниот законик. Не им треба СДСМ за закони – им треба изговор кога ќе пропаднат.“ велат од СДСМ.

Двајцата членови на работната група, пратениците Оливер Спасовски и Јованка Тренчевска не дојдоа на последната седница, но и покрај нивната најава дека ќе ја напуштат работната група ако се укине техничката влада, министерот за правда Филков закажа нова средба за 11 мај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Животната приказна на Алекса Зајлер, 26-годишна германска голманка, не е обична спортска приказна.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Родена во мало место во близина на Карлсруе, Зајлер ја градела својата кариера на два континента, соочувајќи се со длабоко вкоренети предрасуди покрај вообичаените спортски предизвици.

Нејзината преселба во САД – каде што поминала четири години – ја обликувала и како спортистка и како личност, давајќи ѝ сила да се справи со критиките по враќањето дома и да изгради кариера под сопствени услови.

За млада жена од мирен германски град, одлуката да се пресели во Чикаго била тешка.

Во интервју за еден универзитетски подкаст, таа го опишала тој процес како „мачен“, истакнувајќи дека претходно никогаш не патувала надвор од Европа. Сепак, желбата да се докаже и да ги усоврши своите спортски вештини надвладеала над стравовите.

Таа се запишала на Државниот универзитет во Чикаго, каде што веднаш станала прв голман на тимот „Кугарс“ (Cougars). Овој потег барал не само прилагодување кон нов јазик и култура, туку и градење нов идентитет, далеку од семејството.

Нејзиното искуство во Америка опфаќало многу повеќе од само фудбал. За време на четирите години поминати на универзитетите „Чикаго Стејт“ и подоцна „Индијана Стејт“, Сајлер стекнала самодоверба што се покажала како клучна за нејзината понатамошна кариера.

Таа научила да биде независна, да се справува со притисокот и да ја сфати сопствената вредност надвор од спортскиот терен.

Сега атрактивната Алекса полна со самодоверба е многу активна на социјалните мрежи каде објавува и сексапилни фотки кои ја воодушевуваат нејзината машка публика.

Во интервју за германскиот медиум BNN, таа изјави: „Не се вознемирувам од глупавите коментари за женскиот фудбал и за фудбалерките“.

Критиките не се однесуваа само на нејзината игра, туку и на нејзиниот изглед – вклучително и коментари за тоа дека се шминка за време на натпреварите, додека истовремено често објавува фотографии во оскудни костими за капење на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Каква мајка таква ќерка, Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл позираа во бикини

Холивудската ѕвезда, убавата актерка Гвинет Палтроу  на воодушевување на фановите на социјалните мрежи сподели летни фотографии со својата 22-годишна ќерка, Епл Мартин.

Фото: Каква мајка таква ќерка, Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл позираа во бикини

53 годишната Гвинет сподели неколку летни фотографии на Инстаграм, а најголемо внимание привлекоа оние на кои е прикажана нејзината 22-годишна ќерка, Епл Мартин.

Мајката и ќерката заедно уживаа во сонцето, а многумина забележаа колку Епл личи на својата позната мајка.

„Летото засега одлично минува“, напиша Палтроу покрај фотографиите.

На една од фотографиите, Гвинет позира без шминка, облечена во црн едноделен костим за капење и со очила за сонце. До неа е Епл во бикини со црвено-бели пруги.

Епл, ќерката што Палтроу ја има со својот поранешен сопруг Крис Мартин, сега е подготвена да направи уште еден чекор кон актерска кариера. Таа доби улога во романтичната комедија „Париз Парамаунт“ (Paris Paramount), иако деталите за нејзиниот лик сè уште не се откриени.

Гвинет Палтроу и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, стапија во брак во 2003 година. По 11 години брак, тие ја објавија својата разделба, а официјално се разведоа во 2016 година. Сепак, останаа во добри односи и заеднички се грижат за својата ќерка Епл и синот Мозис (20).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска актерка ужива во танга на плажа

Убавата српска актерка Ивана Дудиќ покажа како ужива во одморот, а со фотографија од плажата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. 

Фото: Српска актерка ужива во танга на плажа

Таа позираше во едноделен костим за капење, а кога му сврте грб на фотоапаратот, нејзините следбеници имаа што да видат.

Од напред сè изгледа умерено, но одзади, костимот за капење со танга-крој ги открива повеќето од нејзините атрибути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер