Мицкоски: Не сакам да победам и да бидам мандатар по цена на човечки жртви, здравјето на граѓаните на прво место

По лидерската средба , што заврши без договор , изјава даде и претседателот на ВМРО –ДПМНЕ , Христијан Мицкоски.

Најпрво ќе почнам со фактот дека ако еден човечки загубен живот е цената со која што треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори а јас да го добијам премиерскиот мандат тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура и така ја почнавме денешната лидерска средба бидејќи тоа е во согласност со сите ставови кои што изминатите денови политичките лидери на политичките партии излегуваа во јавноста дека не е важен изборниот процес, не се важни изборите, туку важно е пред и над се здравјето на граѓаните. Тоа беше нашата позиција од самиот почеток.

Имаше и такви позиции кои што го определуваа датумот, а потоа велеа дека Комисијата за заразни болести треба да каже дали и како ќе се спроведуваат мерките, дали и како ќе се спроведуваат изборите, што го оценивме како политичка партија и јас како учесник на состанокот како незрело и несериозно.

Имајќи предвид како се одвиваше и развиваше дискусијата во еден момент предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес, а притоа здравјето на граѓаните да не биде загрозено, граѓаните да не бидат изложени на вирусот Ковид 19, а со тоа да ги заштитиме што е можно повеќе човечките животи, а воедно да обезбедиме и кредибилен, фер и демократски изборен процес.

Предложивме план во неколку чекори и тоа најпрвин ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните ни е најважно тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во насока на тоа кога ќе одлучуваат дали и какви мерки треба да се спроведат. Потребно е да имаме фер и кредибилен изборен процес и мерките кои што ќе бидат во текот на тој фер и кредибилен изборен процес навистина да гарантираат фер и кредибилен изборен процес.

Втората работа е консултации со ДИК за времето неопходно да се спроведе овој фер и кредибилен процес под услов првиот чекор да биде исполнет. Понатаму да се оствари комуникација и контакт со ОБСЕ и ОДИХР во делот на организирање на набљудувачка мисија. И како четврта точка откако ќе ги имаме овие константи тогаш ќе можеме да зборуваме за прва возможна дата кога ќе се случат изборите.

Водени уште од претходно усвоениот принцип уште за време на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски кога консензуално сите се договоривме дека датум за избори консензуално ќе донесат политичките лидери, денеска го реафирмиравме тој став.

Така што да сумирам, поврзано со изборите предложивме план, од страна на учесниците со мали измени тој план беше прифатен и очекувам дека во текот на следната недела ќе ги имаме како информации овие константи за кои што пред малку зборував и ќе можеме одговорно над ситуацијата водејќи се од првиот принцип а тоа е заштита на здравјето на граѓаните да не бидат истите изложени на ризик, да реализираме ден фер и кредибилен изборен процес.

И последно нешто што сакам денеска да дадам дека во воведниот дел претседателот Пендаровски побара од присутните да го дополнат дневниот ред доколку чувствуваат тој дневен ред да биде дополнет, јас земав збор и предложив да содржината на дневниот ред биде дополнета со уште една точка, а тоа проблемите кои што ние ги имаме со нашиот источен сосед во делот на негирање на идентитетот, на идентитетските прашања, што објективно може да биде реална пречка за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите.

За жал немаше консензус, односно претседателот на СДСМ одби да разговара за оваа точка да биде дел од дневен ред. Жалам што ја испуштивме оваа можност заеднички да еднаш изградиме консензуален став околу националните приоритети кои што понатаму треба да ни бидат водилка како ќе пристапуваме кон ЕУ/. Се надевам дека ќе се осмелат и охрабрат во некоја наредна средба да заеднички усвоиме став и позиција со која што ќе настапуваме во иднина во процесот на преговори, рече Мицкоски.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

Стојаноска:Во Платформа 1198 за Јегуновце предвидено реконструкција и изградба на инфраструра

На 24-ти април огромен број на гласачи испратија силна порака до актуелната, но и до идната власт. 

На актуелната власт и’ потпишаа решение за долгогодишен одмор, додека на идната власт и’ даваат можност да почне да ги исправа нештата, но без никаков простор за било каква грешка или пропуст, вели носителката на листа за пратеници во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Јегуновце.

Таа посочи, додека актуелната власт се созема од добиениот нокдаун и најавува дека ќе почнела од нула, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на програмата платформа 1198 и на дел од инфраструктурните проекти за општина Јегуновце.

Проектите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Јагуновце се следните:

- Реконструкција на патниот правец Желино – Јегуновце до 2028-ма година;

- Реконструкција на патниот правец Лешок – Шемшево до 2028-ма година;

- Реконструкција и изградба на локалниот пат Копанце – Туденце;

- Локален пат од Туденце до Сириќино, реконструкција на пат во Сириќино;

- Реконструкција на локални улици во Јегуновце;

- Доизградба на фекална канализација во Јанчиште и Подбреѓе;

- Изградба на фекална канализација во Ратае;

- Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Старо Село;

- Изградба на регионален пат Рогачево и

- Тампонирање на пристапни патишта во Јанчиште, Подбреѓе, Копанце, Раотинце, Туденце и Прељубиште.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, исто така додаде Стојаноска, ветува и 5.000 денари поголеми пензии за сите пензионери уште во првата година, спорт, градинка и учебник за секое дете, дигитален попис на населението во 2026-та, доходовна поддршка за земјоделците и уште многу други проекти кои ни ги предложија граѓаните, ни ги срочија експертите, а ни ги пресметаа и одобрија финансиерите.

Посочи дека идната власт нема да креира закони во затворени канцеларии и истите криминално да ги протнува низ Парламентот, туку ќе креира закони од и за народот, закони кои ќе бидат широко и отворено дебатирани и закони кои ќе добијат заслужен професорски експертски потпис од идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова,се наведува во партиското соопштение.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

притисни ентер