Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката - Канал 5

Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го знае името на новиот гувернер на Народната банка, но најави дека ќе се сретне со претседателката на државата која се очекува во текот на денот да го достави предлогот до Собранието. 

Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката

- Не го знам името. Веднаш по овој настан ќе имам средба со претседателката и претпоставувам дека ќе го дознаам името, изјави Мицкоски при денешната посета на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.

Прашан дали ќе го поддржи предлогот за гувернер што ќе го предложи претседателката Сиљановска-Давкова или тоа ќе зависи од тоа кој ќе биде предложен, Мицкоски рече дека ги знае имињата на кандидатите кои имале разговор со претседателката и дека за сите нив има свое мислење.

Денеска се очекува да биде познат предлогот за гувернер што ќе го предложи претседателката Сиљановска-Давкова. Таа во изјава за медиумите рече дека постапката ќе биде завршена пред да замине за Италија, потврдувајќи дека гувернер ќе биде еден од кандидатите што се споменуваат во јавноста.

- Никогаш не се кажува прво во јаноста, туку се испраќа до органот и Собранието одлучува. Тоа денеска ќе биде финализирано пред за заминам за Италија, рече Сиљановска Давкова во изјава за новинарите по денешниот Форум за културна дипломатија што се одржа во нејзиниот Кабинет.

Меѓу тројцата кандидати за гувернер се спомнуваат актуелната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, професорот на Економскиот факултет во Скопје Трајко Славески и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески. Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска истекува денеска, но законот пропишува таа да ја врши функцијата до изборот на нов гувернер. Ангеловска Бежоска стапи на функцијата на 22 мај 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за социјална политика: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Од министерството за социјална политика, демографија и млади пред малку информираа дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај.

Министерство за социјална политика: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, велат од министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедноста

Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Андоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедноста

Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан“, што се одржува во скопје во организација на амбасадата на САД.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доцни исплатата на социјална помош

Дел од примателите велат дека причината како што им било објаснето е поради инсталирање на нов софтвер кој ја одложил исплатата за неколку дена.

Доцни исплатата на социјална помош

Ако сме инвалиди, и ние сме луѓе и не смее државата да си игра со нашите права, греота и срамота е, вели Слободан Делев од Гевгелија, лице со инвалидитет кој е револтиран бидејќи, како што вели, не е првпат да доцни социјалната помош и финансиите за туѓа нега на најранливата категорија на граѓани, овој пат поради инсталирање на софтвер. Тој смета дека ниту со закони, ниту со правилници не смее да се прават планови за да се штеди и да се крати од луѓето кои земаат социјална помош.

И од Националниот сојуз на слепите велат дека членовите имаат поплаки за доцнењата, а повеќе сојузи и здруженија на лица со попречености денеска излегоа и на протест за да побараат од Владата да не им го укине или ограничи правото на финансирање кое го добиваат преку законот за игри на среќа.

Додека луѓето со инвалидитет се надеваат дека државата нема да остане глува и слепа на нивните барања, нема одговор на оние од Канал 5 до Министерството за труд и социјална политика за транспарентно пред објектив во камера да кажат зошто софтверот не можел да се инсталира по исплатите, за да не доцни социјалната помош. Од таму до почетокот на вестите нема ни одговори во писмена форма за тоа како е набавен софтверот и колку чини.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер