Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави не се стигнува далеку - Канал 5

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави не се стигнува далеку

Донесување на уставните измени нема да има се додека Бугарија не ги спроведе пресудите од судот во Стразбур, дури и ако тоа го побараа стретешкиот пратнер САД, категоричен е премеирот Мицкоски. 

Мицкоски

Тој во гостувањето во „Само интервју“ рече дека немало разбирање од официјална Софија за позициите на Македонија и дека на уште на првата средбата меѓу шефовите на дипломатиите на двете земји, остварена минатиот месец во Михен, Муцински наишол на блокада од бугарска страна.

„Нема да ги гласам, тоа нема да се случи. Нема да ги гласам се додека Бугарија исто така не ги заврши своите обврски кои што ги има преземено, а тоа е да ги почитува правата на сите малцинства. А тие права се содржани во пресудите од Судот за човекови права во Стразбур“– Христијан Мицкоски – Претседател На Влада.

Македонската влада ќе продолжи да се бори и да ги брани македонските позиции и во Вашингтон и во Брисел и насекаде низ светот, порача Мицкоски. Дали обидите ќе бидат успешни не прецзираше, но рече дека за евроинтерагциите ќе се бори достинствено, без да прифати понижување и омаловажување.

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со полжавот, ако мислете дека со лигавење ќе стигнете до врвот се лажете, барем јас така не мислам. Јас сум застапник на тезата подобро тешко, отколку срамно. Јас немам намера да бакнувам пенкала, да се смешкам додека ме навредуваат, понижуваат и омаловажуваат, тоа што го мислам и моите аргументи што ги имам, не велам дека се најисправните и најточните, но јас сум ја добил довербата на граѓаните да ги презентирам тие аргументи кои што ги бранат интересите на оваа држава“-– Христијан Мицкоски – Претседател На Влада.

Евроинтегративниот пат на Македонија и близината со ЕУ, според него не зависат од тоа која резолуција поддржала земјава или ко-спонзорирала, туку од билатералните прашања и двојните стандарди на Унијата, кои според него станале пракса.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени.

Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава.

Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер