Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
1Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Нашиот потенцијал е преку три паневропски коридори да се поврземе со Европа и светот Премиерот Христијан Мицкоски смета дека апсолутно е транспарентен начинот на кој се објавуваат вестите поврзани со стратешкото партнерство со Велика Британија. Тој денеска во одговор на новинарско прашање за овој договор и за инвестициите во Македонски железници истакна дека никогаш нема да дозволи во Парламентот на шверцерски начин да се усвојуваат закони со европско знаме, како закон за изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и 10Д од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“. -Нема никогаш да си дозволиме на шверцерски начин со европско знаме повторно да поминуваме Закони, какошто беа измените во Кривичниот законик, кога голем број од потенцијални политички осомничени или во процедура понатаму осудени лица беа амнестирани вклучително и цела една гарнитура, којашто беше седум години. Знаете како, не треба јас да ве потсетувам за каков криминал стануваше збор, од првиот ден кога дојдоа, па се до последниот ден, кога потпишаа една сомнителна одлука од 250 милиони евра, со којашто практично го зголемија буџетот за изработка на проектите на Коридорите 8 и 10Д, па ние на Владина седница тоа го поништуваме, изјави Мицкоски. Тој додаде дека како Влада се транспарентни и работи во интерес на граѓаните, а какошто рече стратешки е многу важно како држава, како ќе се позиционираме. -Нашиот потенцијал е да се развиваме, да бидеме држава преку три паневропски Коридори, која ќе биде поврзана со Европа и со светот. Тоа се Коридорите 8 и 10Д, коишто се пресекуваат на територијата на нашата земја, а со отсечката којашто планираме да ја направиме во делот на Струмица, под Беласица планина, односно подножјето на планината Беласица и со Коридорот 11, со тоа практично ќе бидеме поврзани со сите регионални пристаништа. Во таа насока е изградбата и модернизација на пругата, којашто е дел од Коридорот 10, рече Мицкоски. Премиерот Мицкоски во одговорот додаде дека физибилити студии и проекти има многу и за тоа никој не треба да има дилема. -Сигурно јас како инжинер не би си дозволил да влеземе во авантура во којашто ќе нема позитивен крај, се разбира се пресметуваше внатрешната стапка на поврат или економистите го викаат ИРР и очекуваме десеткратно зголемување на приходите од страна на Македонски Железници во годините, кога ќе го достигне максималниот пик, а тоа е кога ќе биде изградена и модернизирана пругата, изјави Мицкоски. Во однос на начинот на задолжување рече дека Министерството за финансии по претходно барање на Македонски Железници Инфраструктура ќе се обрати до дваесеттина финансиски институции од светот и ќе направи т.н мини тендер. -Онаа институција, која под тие услови ќе даде најдобри услови за финансирање на овој проект, таа институција ние ќе ја прифатиме и со таа институција ќе потпишеме договор, којшто ќе биде дел од овој Влада со Влада договор за Стратешко партнерство помеѓу двете земји. Понатаму, кога ќе се работи проектот, бидејќи проектот по овие фидиг процедури подразбираат, дали проектот го имаме готов проект основен, ревидиран или ќе се проектира во од и ќе се гради, ако ние имаме готов проект и треба да го изведуваме тогаш е една процедура според фидиг, а ако ние немаме таков проект, имаме само физибилити студија итн. Тогаш изведувачот ќе треба да го проектира и додека го проектира го изведува, подвлече Мицкоски. Тој образложи дека принципот е таков и во таа насока државата има ангажирано реномирана Британска компанија, којашто ќе биде консултант во целиот овој процес, којшто е експерт според фидиг правилата, а ваквиот начин на изведба на проекти, коишто не се невообичаени и се градат насекаде во светот. -На крајот од денот, што добиваме? Добиваме најмалку десеткартно зголемување на приходите на Македонски Железници и инфраструктура. Добиваме значајно геостратешко место, поради Коридотот 10, којшто е многу значаен и истовремено дел од парите, којшто беа наменети за модернизација на Коридорот 10, а се дел од Планот за раст, ги реподнесовме за модернизација на дел од Коридорот 8, односно на електрификација и модернизација на пругата, којашто ќе ги поврзува Скопје со Гостивар, којшто веќе постои, рече Мицкоски. Претседателот на Владата, Мицкоски истакна дека како инжинер нема никогаш да дозволам нелогични работи, какошто изјави “второ, како човек-педагог, којшто излегол од оваа институција нема да биде ништо на штета на македонските граѓани и трето силно сум убеден дека иднината на Македонија и на македонските граѓани е во таа насока, во којашто зборувам“. Прашан дали ја има добиено проекцијата на Фискалниот совет колку би бил јавниот долг во однос со задолжувањето, Мицкоски одговори дека се уште ја нема добиено. -Не, не сум го добил се уште, но ќе го разгледам, се разбира, изјави премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
ЖивотДрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter. Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил. Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град. „Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми. На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат. Според него, фондот моментално има околу 275 долари. Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне. Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.Тагови: дрон минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаГром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син. Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче. Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“. Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство. Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето. „Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата. Foi sepultado, na manhã desta segunda-feira (5), o corpo de Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, que morreu após ser atingida por um raio em Almas, no Tocantins. Segundo testemunhas, a jovem estava no quintal de casa quando começou uma chuva leve, acompanhada de raios. Após ser atingida pela descarga elétrica, Ana foi levada a um hospital, mas não resistiu. Estudante de fisioterapia, ela havia sido coroada Rainha de Rodeio do município neste ano e deixa um filho. ➡️ Veja essa e outras notícias do #HojeEmDia em https://t.co/obAYNpXpFV — Hoje em Dia (@hojeemdia) October 5, 2026 Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство. „Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела. 🖤LUTO🖤 | Rainha do Rodeio de Almas, Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, morre após ser atingida por raio no Tocantins. https://t.co/XEXNjKGUcx — FUTRIKEI (@futrikeiof) October 4, 2026 Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство. Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.Тагови: гром родео Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкрадена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)Книгата „Откровение“, објавена во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, а чија бронзена корица ја изработил шпанскиот надреалист Салвадор Дали, била украдена од Центарот за современа уметност во Изоар, во департманот Пи ду Дом, во централна Франција.Обвинителството во Клермон-Феран го опиша делото како „исклучително и единствено“, наведувајќи дека украдената корица на книгата била украсена со злато, скапоцени камења и школки. Книгата го обиколила светот Само корицата тежи околу 150 килограми, додека целото дело тежи околу 210 килограми. „Откровение“ е замислено во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, врз основа на текстот од Книгата на Откровението на Свети Јован, и е илустрирано на огромни пергаменти од 14 големи уметници и писатели од 20 век, меѓу кои Жан Кокто, Бернар Буфе и Жан Жионо. Дали ја изработил бронзената корица украсена со злато, скапоцени камења и школки. Делото било изложено на речиси 150 изложби низ целиот свет помеѓу 1961 и 1972 година, по што било изгубено некое време. Неспоредлива вредност Бело чувано во Швајцарија, а потоа продадено на јапонски купувачи, кои имале намера да го продадат на делови на аукција. Во 2003 година, го купил Кристијан Каруцос, директор на компанија за реставрација на уметнички дела во Исоарес. Каруцос во тоа време рекол дека книгата е проценета на два милиони франци, или околу 304.900 евра, што ја прави најскапата книга во светот. Регионалните власти на регионот Оверњ-Рона-Алпи наведуваат дека „Откровение“ била најтешката и најскапата книга во светот во 1960 година. „Дело на еден живот“ Градоначалникот на Исудар, Бертран Баро, рекол дека делото му припаѓало на приватен сопственик кој чувал и други, помалку вредни дела во својот мал музеј на современа уметност. Тој го опиша украденото дело како „непроценливо“ и додаде дека претставува „дело на целиот свој живот“. Баро рече дека сопственикот, кој бил длабоко погоден од кражбата, го опишал како „француско културно наследство“. Тој не можел да каже дали тој бил крадецот или крадците го ограбиле музејот. Истрагата ја води истражната единица на жандармеријата Клермон-Феран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook