МакедонијаМицкоски: Најдоброто допрва доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ со нови кандидати, ваши луѓе што решаваат проблемиНајдоброто допрва доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ со нови кандидати, ваши луѓе што решаваат проблеми и носат проекти за вас – Орце Ѓорѓиевски со амбициозен план за развој и промени во Скопје.ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт. На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни кадри, затоа што токму тоа ѝ недостигаше на државата и на општините со децении. Истовремено, ќе излеземе пред граѓаните со јасна визија и програма за развој на секоја општина. Во изминатиот период покажавме дека можеме да ги менуваме работите, и тоа во тешки услови, по децениско занемарување и ерозија на институциите. Овојпат, гласот на граѓаните нема да биде само избор. Тој ќе биде сигнал дека промените мора да се случат, сега, безусловно и неповратно. Борбата што ја водиме не е само политичка. Таа е борба за граѓанинот. Граѓанинот е во центарот на секоја промена. Секој ден, секој чекор, секоја мала победа е повеќе од зборови. Тоа е потврда дека вреди. Народот сака свој човек за градоначалник, човек на кого може да се потпре кога му е тешко, кога има проблем. Затоа при изборот на кандидатите водевме сметка тие да бидат вистинска поддршка на граѓаните, луѓе кои ќе бидат во служба на својот народ. Во изминатите четири години покажавме дека градоначалниците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ можат да раководат чесно, без скандали, без афери и со многу работа. Почитувани, Денес на седницата на Извршниот комитет, која што се уште трае, донесовме одлуки за кандидатури во повеќе општини, вклучително и за градот Скопје. Кандидати за градоначалници се: За Гази Баба – актуелниот градоначалник Бобан Стефковски; За Карпош Сотир Лукровски, кој доаѓа од приватниот сектор, има успешна професионална кариера со менаџерски способности; За Лозово – актуелниот Бошко Цветковски; За Пехчево – актуелниот Александар Китански; За Ресен – актуелниот Јован Тозиевски; За Зрновци – актуелниот Борчо Коцев, коишто се актуелни градоначалници коишто зад себе имаат успешни резултати и минат труд во изминатиот период. За кандидат за градоначалник на Скопје, го предлагаме Орце Ѓорѓиевски. Одлуката за Орце се темели на неколку клучни факти. Прво, анкетите покажуваат дека тој води убедливо, дури и пет пати повеќе од било кое од решенијата што се споменуваат од СДСМ. Второ, одлуката за него е резултат на тоа што тој како градоначалник на Кисела Вода, со својата максимална посветеност, работливост и постојано присуство на терен покажа и докажа дека и умее и сака да работи за граѓаните и од она кое што јас можам да го кажам за Орце, за оној период што го познавам, а го познавам многу долго време, знам дека е исклучително мотивиран најпрво да победи, а потоа и да победува секој ден за градот Скопје и за скопјани. Тој е отворен, достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква му е потребна на Скопје, после едно 4 годишно девастирање и замреност на градот. И кога сме кај градот, верувајте, ги научивме сите лекции за да не погрешиме сега повторно во изборот за прв човек на градот. Пред се, затоа што Орце веќе е докажан работник и делата во Кисела Вода кои ги направи за општината говорат за него. Сега ќе има нова задача да го развива Скопје, да ја нормализира неговата работа и да го врати на скопјани. А, јас сум убеден дека и со заедничка работа со централната власт и Владата за Скопје доаѓаат добри денови, решавање на клучните проблеми, превозот, хигиената, урбаниот хаос. Ќе понудиме програма, но и заедничка работа и визија за Скопје. Почитувани, Во овие избори влегуваме како фаворити, а тоа за нас значи само едно: уште поголема одговорност да направиме повеќе. Да работиме домаќински, да градиме општини и да носиме одлуки за важни прашања. Да покажеме дека знаеме да решаваме проблеми, да поставуваме темели за иднината и дека најдоброто допрва доаѓа за секој еден граѓанин. Македонија е и мора да остане на вистинскиот пат. Затоа што тоа е патот на успехот, промените, напредокот и вистинскиот просперитет. Тоа е патот по кој институциите се зајакнуваат, државата се обновува, а иднината на граѓаните се гради со одговорност и визија. Не смееме да дозволиме враќање назад, во оние седум кобни години кога институциите беа разнебитени, законите беа погазени, а државата и иднината на народот беа ограбени и изневерени. Денес сме на патот на обнова. Патот што значи ред, правда, инвестиции, и грижа за секој граѓанин. И токму затоа, мора да продолжиме со уште поголема сила и уште поголема решителност, за Македонија да биде онаква каква што ја заслужуваме. Ви благодарам. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32