Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани - Канал 5

Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Важно е да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, па понатаму граѓаните се тие кои судат и носат одлуки, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на дневна основа се решаваат проблемите поврзани со случувањата во Кочани.

Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

Најави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на трагично починатите и на повредените.

- Конкретно ќе го кажам примерот со дечињата што се враќаа пред два-три дена од Анкара кои имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул. Лично разговарав со еден од родителите, со луѓето од најблиската околина и лично со претседателот Ердроган, се среди целата работа... така ќе биде и во периодот што следи. Оваа работа ќе трае со години, нема да биде работа што завршува. Се што можам ќе сторам и ќе разговарам лично и со родителите и на повредените, но и на тие кои трагично ги загубија своите најмили. Цела Македонија се уште боледува и ќе боледува и ова нема да биде болка што ќе престане, но мораме да се соочиме со сето тоа и да ги решаваме работите, не може тие сами да ги решат, изјави Мицкоски.

Додаде дека ќе има и политички структури кои ќе се обидат да соберат политички поени од трагедијата, но додаде дека е важно како Влада да ги решаваат проблемите.

Во однос на обвинувањата дека се води селективна истрага, Мицкоски рече, дека тоа е прашање за Обвинителството, бидејќи тоа ја води истрагата, а не Владата и упати апел до сите „политички чинители да ги остават обвинителите и судиите да ја работат работата“.

- Одговорот на тоа прашање најдобро е да ви го дадат обвинителите, јас нема да се мешам во истрагата, така реков од првиот момент, ниту пак сум се јавил на телефон, ниту сум комуницирал со некој од Обвинителството. Брифиран сум од министерот за внатрешни работи, кој редовно ме информира за многу тековни активности. Ова е прв приоритет за мене како премиер на Владата, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неверојатна победа на шпанските фудбалери- на Мундијалот за млади постигнаа резултат од 15:0

Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА.

Неверојатна победа на шпанските фудбалери- на Мундијалот за млади постигнаа резултат од 15:0

Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА, но никој не очекуваше „Црвената фурија“ да слави со неверојатни 15:0!

Шпанците, кои имаа гол-разлика од 20:0 по две кола, веќе водеа со 6:0 до полувремето.

И не е ни чудо кога во својот состав имаат седум играчи од младинските категории на Барселона, по три од Атлетико и Реал Мадрид, но и од Селта, Жирона, Атлетик Билбао...

Апсолутно доминантен играч на овој натпревар беше Рафаел Круз од Лас Палмас, кој постигна шест гола, додека Роберто Томас и Гилермо Трухиљо го проверија противничкиот голман по три пати.

Интересно е што ова не е апсолутен рекорд и најубедлива победа на Мундијалот до 17 години, бидејќи Мароко успеа да ја победи Нова Каледонија со 16:0 минатиот ноември. Шпанската репрезентација е еден од главните фаворити за победа на ова натпреварување, па ќе видиме во остатокот од натпреварувањето дали ќе ја одржат оваа монструозна форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По девет години егзил, екс каталонскиот претседател Пуџдемон може да се врати во Шпанија

Кривичниот совет на шпанскиот Врховен суд во понеделник одлучи да ја прекине постапката за наводното кривично дело проневера против поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон.

По девет години егзил, екс каталонскиот претседател Пуџдемон може да се врати во Шпанија

Истата мерка важи и за поранешните министри за здравство и култура, Тони Комино и Луис Пуџ, според пресудата што ја виде RTVE.

Судската постапка против Пуџдемон и двајцата поранешни министри е прекината девет години по нивното бегство во Белгија и претставува последен чекор што им овозможува да се вратат во Шпанија кога сакаат и да се кандидираат на избори.

Судот ја прогласи постапката за завршена две години откако стапи во сила законот за амнестија.

Врховниот суд во пресудата го потврдува крајот на истрагата што веќе ја издаде истражниот судија Пабло Љарена на 3 ноември.

Љарена веќе ги укина налозите за апсење што беа во сила во октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запре производството во Мерцедес поради штрајк- работниците бараат повисоки плати

Работниците од германската метална и електроиндустрија денеска излегоа на еднодневен штрајк во 19 компании на северот на земјата, кој ќе трае 24 часа. 

Запре производството во Мерцедес поради штрајк- работниците бараат повисоки плати

Организаторот на протестот, синдикатот ИГ Метал, бара зголемување на платите за пет проценти и дополнителни гаранции за вработените.

Производството е целосно суспендирано и во фабриката на Мерцедес во Хамбург, каде производните линии беа прекинати вчера во 22 часот, пишува Тагешау. Претставникот на синдикатот изјави дека никој не дошол да работи во фабриката, а во фабриката имало само обезбедување.

Бран прекини на работа се шири низ Германија

Денешните акции се дел од поширокиот бран протести што ја тресе германската економија:

Масовни протести во петокот: Според синдикатот ИГ Метал, повеќе од 150.000 вработени во околу 100 компании ширум Германија ја прекинале работата во петокот, вклучително и околу 70.000 работници во Баварија.

Нови штрајкови денеска: Освен на северот на земјата, за денеска се најавени нови прекини на работа и во Берлин и Бранденбург

Клучен сектор на економијата: Металната и електричната индустрија во Германија вработува околу 3,7 милиони луѓе и вклучува стратешки гранки како што се автомобилската индустрија, машинското инженерство, електроиндустријата и производството на метали.

Што бара синдикатот, а што нудат работодавците?

Како што пренесува „Виршафтсвохе“, „ИГ Метал“ бара зголемување на платите за пет проценти од ноември, како и гаранции за зачувување на работните места, како и посебни мерки за вработените со најниски примања.

Работодавците, од друга страна, нудат многу поскромна понуда:

Еднократна исплата во јули 2027 година, без обврзувачки карактер.

Трајно зголемување на платите за 1,3 отсто, но само од летото 2028 година.

„Синдикатот ја поттикнува деиндустријализацијата“

Претставниците на работодавачите силно ја критикуваа одлуката за штрајк, предупредувајќи дека дополнителните трошоци и прекините во производството може да го забрзаат кратењето на работните места во индустријата која веќе се соочува со сериозни проблеми.

Претседателот на здружението на металната и електроиндустријата на Северна Рајна Вестфалија, Арнт Кирхоф оцени дека ескалацијата на протестот е прекумерна и непропорционална, додека неговиот колега од Баварија Бертрам Бросарт предупреди дека синдикатот ја поттикнува деиндустријализацијата со вакви потези наместо со закрепнување на домашното производство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер