Мицкоски најави законски измени за условите за лиценци за дискотеки и кабареа - Канал 5

Мицкоски најави законски измени за условите за лиценци за дискотеки и кабареа

Во моментот трае акција на ДПИ на целата територија на државата. Согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. 

Мицкоски најави законски измени за условите за лиценци за дискотеки и кабареа

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице самото тврди дека ги исполнува условите и потоа нема проверки од страна на инспекторатот, односно се постапува по пријава. За надминување на таквите пропусти тој денеска најави измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите институции формирале комисии за да се проверат сите лиценци во државата.

Мицкоски по посета на повредени од пожарот во дискотеката во Кочани порача дека со акцијата што ја почнал Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) за откривање негелагални лиценци ниту еден објект кој не ги исполнува како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира.

Повика на разум и посочи дека го разбира револтот, но и дека со неправди и анархија не се носи правда.

- Во моментот трае акција на ДПИ на целата територија на државата. Согласно Законот за угостителство се лиценцираат кабареа, отворени и затворени дискотеки. Би кажал дека не е толкава бројката на целата територија, но е многу многу поголема од тие што имаат обезбедено законски документи. Во 2007 година е сменет законот, во тие измени докуентите кои ги доставува правното лице подносител на барање за лицеца тврди од морална, материјална и кривична одговорност дека ги исполнува условите. Проблемот е што екс пофицио не се проверени тие документи, така што овој објкет од 500 квадрати не може по ниту еден основ да биде кабаре и да бара лицеца за кабаре. Тука е дополнително проблемот правен затоа што за дискотеките надоместот што треба да се плати е поголем во однос на тие што се лиценцираат како кабаре. Се истражува и бидете сигурни дека ниту еден објект кој не ги исполнува како што стои според Законот, минимум техничките услови, нема да биде оставен да функционира со сиот ризик и критика што ќе ги трпи Владата, изјави Мицкоски, по посетата на повредени од пожарот кои се на лекување во ГОБ „8 Септември“.

Рече дека жали што „сето тоа се толерилало досега и што луѓето во Министерството за економија дури и кога ги добивале докуметите под полна материјална, морална, и кривична одговорност, не ги проверувале и што за 15 минути за одредена сума надомест се давани лиценците“.

- Но, тоа е она што можеме да го кажеме денеска. Кога би бил семоќен и би можел да го вратам времето некоку години би било се поинаку, но за жал не сум. Тоа што можам да го направам како премиер, и вчера и денеска на седница на Влада е робусна акција, жестока контрола и сите кои не ги исполнуваат условите согласно закон ќе бидат затворени и санкционирани, рече Мицкоски.

Тој прецизираше дека до 2007 година ДПИ утврдувал дали се исполнети минимум техничките услови, а со измените правното лице доставува со изјава под полна материјална, морална и кривична одговорност дека се исполнети минималните технички услови. Пазарниот инспекторат постапува по пријава, не е должен во временски период ниту по стекнување на дозволата да излезе на терен, наведе Мицкоски, појаснувајкќи дека проблемот е што никој не проверува бидејќи тоа се прави ако има пријава.

Се постапува, наведе премиерот, апсолутно по пријава, а конкретно за овој објект имало во 2022 година. Во 2021 е издадена лиценца првпат, а објектот работел од 2014. Вторпат лиценца е издадена во 2023 година, а фалсификувана е лиценцата во 2024 година.

Отфрли, како што рече, дека која било агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ. - Тврдам со сета моја одговорност дека не постои агенција која има некаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, ако ми дадете еден доказ, утре ќе си дадам оставка, ако не да се извините, рече премиерот.

Овие осум-девет месеци, оцени премиерот, се обидовме онаму каде што можевме да корегираме и се справивме со сите предизвици со кои можевме да се справиме. Дали требаше и за ова да се справиме и на ова ќе му дојдеше редот, но за жал тие се капацитетите на Владата.

- Дали тие што отворат втора, трета врата ќе ги исполнат техничките услови? Не, нема да ги исполнат затоа што минимум техничките услови побаруваат многу други услови. Дали тие кои ќе ги исполнат минимум техничките ускови согласно новите измеи во зкаонот кои мора да следат, за што ќе имаме посебна работна група откако ќе констатираме колку од овие лиценци се важечки, колку се дадени како што се дадени на овој локал во Кочани, бидејќи тој, ако ја видите лиценцата тој до ден пред да се случи овој настан поседувал важечка лиценца издадема на хартија, со печат, печатирана, потпишана. Значи, да дојде инспекција да провери, тој ќе ја извади лицецата и ќе рече точно овој има лицеца, Но, ако го погледнете архиовскиот број и проверите во архивата што ја проверува сега министерот за економија ќе видите дека станува збор за некое барање на некој хотел во Охрид и втората фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, нема никаква врска со лиценца, рече Мицкоски.

Како што нагласи, тоа не е пробем дали некој е политички заштитен, туку е криминал, растурен систем, поедици кои мислат дека се над системот. - Тоа е пробелмот и тие денеска се во притвор. И за ова ќе одговараат, нема горна граница на пропишана казна, го слушнав обвинителот дека бараат најдолга можна запретена казна од 20 години. Тоа нема да ги врати човечките животи, но да ни биде опомена никогаш да не ни се повторат вакви работи и дека тоа што правиме денес ќе има последица во иднина и можат да бидат катастриофали, рече Мицкоски.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс.

Серена Вилијамс: Доколку јас бев на местото на Синер ќе ме казнеа 20 години

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс рече дека сигурно би добила 20 годишна суспензија и одземање на сите освоени грен слем титули доколку би била позитивна на допинг тест како во случајот со светскиот рекет број еден Јаник Синер минатата година.

Синер прифати тримесечна забрана во февруари по договорот со Светската антидопинг агенција, која ја оспори одлуката на независен суд да го ослободи од вината по двата позитивни теста за анаболниот агенс клостебол.

„Го сакам тој човек, ја сакам оваа игра“, изјави за магазинот Тајм легендарната Вилијамс, која се пензионираше во 2022 година откако освои 23 грен слем трофеи.

„Синер е одличен за овој спорт, потребен му е на машкиот тенис. Но, да го направев тоа јас, ќе добиев 20-годишна казна“, додаде таа.

Синер, чија забрана истекува на 4 мај, отсекогаш тврди дека е виновен, иако неговиот случај иницира прашања за тоа дали добил повластен третман од спортските федерации./МИА

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

 Се очекува тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти да ја напушти клупата на шпанскиот гигант по финалето на Купот на кралот, што ќе се одигра на 26 април против Барселона во Севиља, дознава „Скај Спорт“.

Медиуми: Анчелоти го напушта Реал, ќе биде селектор на Бразил

Анчелоти дополнително ги подгреа сомнежите околу неговата иднина во Реал вчерашната елиминација од Арсенал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Според „Скај Спорт“, 65-годишниот италијански стратег ќе остане на клупата на Реал до финалето на домашниот Куп, но се очекува потоа да го напушти клубот.

Анчелоти сè почесто се споменува и како најсериозен кандидат за нов селектор на Бразил, а оваа вест би можела и официјално да биде потврдена пред крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје, прецизирајќи дека извршил безброј „отворени и прикриени“ акции кои ја уназадиле иранската нуклеарна програма за „речиси една деценија“.

Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје

Ова е прва изјава на Нетанјаху за Иран откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги почна преговорите со Техеран во обид да склучи нов ирански нуклеарен договор.

- Како што многупати изјави премиерот – Израел нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, се вели во соопштението од кабинетот на Нетанјаху.

- Премиерот предводеше безброј акции, отворени и прикриени, во борбата против иранската нуклеарна програма, без која Иран денес би имал нуклеарен арсенал. Тие акции ја вратија иранската нуклеарна програма речиси една деценија назад, се додава во соопштението.

Западните земји, предводени од САД, се сомневаат дека Иран сака да се здобие со нуклеарно оружје. Техеран ги отфрла тие обвинувања и го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергија.

Иран и САД, кои немаат дипломатски односи од 1980 година, минатата сабота ги одржаа првите разговори, со посредство на властите во Оман, за иранската нуклеарна програма.

Втората средба на официјалните претставници на двете земји е закажана за в сабота во Рим./МИА

притисни ентер