МакедонијаМицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и намалување на цените на нафтените дериватиПремиерот Христијан Мицкоски денеска очекува да го добие извештајот од страна на институциите, кој треба да се анализира, а потоа од страна на Владата ќе се дадат конкретни мерки .Премиерот Христијан Мицкоски денеска очекува да го добие извештајот од страна на институциите, кој треба да се анализира, а потоа од страна на Владата ќе се дадат конкретни мерки со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните и да не зголемуваат цените на прехранбените производи. - Очекувам да го добијам извештајот и да го изанализираме овие денови и откако ќе го анализираме многу внимателно, тогаш ќе излеземе со одредени мерки. Сакаме тие овојпат да бидат микро таргетирани. Но, она што е важно е дека врз основа на нашите пресметки, не знам дали Регулаторната комисија за енергетика излезе со нивните пресметки, бензините 95 и 98 октански треба да поевтинат за еден и пол денар, додека, пак, дизелот треба да поевтини за два и пол денари по литар. Едните да бидат 82-84 денари, а дизелот да биде 95,5 денари, и на ова треба да се додадат и попустите што ги нуди ОКТА, два денара за литар за бензините и три денари за литар дизел горивата. Со тоа ќе бидеме држава со убедливо најниска цена на нафтата, нафтените деривати, односно на дизел горивото и бензините - рече Мицкоски. Тој истакна дека од „СДСМ во земјата на лагите“ биле обвинувани дека многу доцнат со мерките. Но, потсети дека нашата земја беше единствената во која Владата го намали данокот на додадена вредност заедно со Шпанија. - Сега гледаме дека претседателката на Европската комисија тоа јавно го говори дека сите земји членки на Европската унија треба да ги намалуваат даноците на додадена вредност за дизел горивата и бензините затоа што екстремно се високи цените на овие производи. Така што, дури и овие параметри не им одговараат на СДСМ „во земјата на лагите“ - подвлече Мицкоски. Премиерот Мицкоски најави дека нема да ја води денешната седница на Владата, поради други обврски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРасчистен случајот со оштетување канделабра во парк на подрачје на општина КарпошНа 12.06.2026 во 21:30 часот во Полициската станица Карпош е извршен разговор со 48-годишник од Скопје. Имено, по преземени мерки и постапување по пријава од општина Карпош, полициски службеници од СВР Скопје - Полициска станица Карпош дојдоа до сознание дека на 11.06.2026 во 21:30 часот на ул."Волгоградска", во близина на фитнес игралиштето, неговиот 13-годишен син оштетил и откорнал канделабра за улично осветлување. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во ИлинденДенес во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Дом за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден.За време на настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми .Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе дбиде во интервал од 25 до 33 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степенa. За време на викендов и во понеделник времето ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Во вторник локално, а во среда на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни, проследени со повремено засилен ветер и појава на грмежи. Од четврток времето повторно ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37