МакедонијаМицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра и вработување на околу 100 луѓеПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција .Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на годината. „Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри. Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште, уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, изјави премиерот Мицкоски. Носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните. Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата. Да се отвораат нови работни места, добро платени, за младите да има услови, да останат да работа, инвестираат и живеат во државата, наместо да се селат во странство, се наведува во соопштението од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево и топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Apple“ ја менува долгогодишната традиција: Новиот „iPhone“ добива промена што никој не ја сака„Apple“ со години избегнуваше да се натпреварува со конкурентите на „Android“ во капацитетот на батеријата, но со доаѓањето на серијата „iPhone 18“, работите драстично се менуваат.Иако неколку месеци не делат од официјалната премиера на новата генерација телефони на „Apple“, веќе циркулираат инсајдерски информации. Според податоците од кинеската регулаторна база на податоци „3C“, објавени од познатиот типстер „Digital Chat Station“, „iPhone 18 Pro Max“ ќе има значително поголема батерија, но затоа ќе биде значително подебел и потежок. Поради зголемените барања за вештачка интелигенција (Apple Intelligence), компанијата е принудена да ја промени својата филозофија за тенок дизајн. Новиот „iPhone 18 Pro Max“ наводно доаѓа со масивна батерија со капацитет од дури 5.567 mAh (во eSIM верзијата). За споредба, претходниот „iPhone 17 Pro Max“ имаше батерија од 5.088 mAh. Помалиот „iPhone 18 Pro“ исто така ќе добие сериозно подобрување, чиј капацитет се зголемува на 4.288 mAh. Отстранувањето на слотот за физичка SIM картичка ослободува вреден простор во куќиштето за дополнителни милиампер-часови. Кога овој хардверски скок ќе се комбинира со новата генерација енергетски ефикасни чипови „A20 Pro“ (направени на 2nm процес), аналитичарите предвидуваат дека „iPhone 18 Pro Max“ би можел да понуди најдобра автономија во историјата на паметните телефони, што би можело да им конкурира на „Android“ телефоните со батерии од дури 7.000 mAh. Фото: ВИ Извор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифтНеколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот. Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово. ‼️ Explosion sur la place De Brouckère, les infos que j’ai eu sur place et via les médias … #explosion #incendie #bruxelles #Debrouckère #Incident pic.twitter.com/qaYLaL9hQA — Yusuf Yildiz (@yyildiz1030) July 14, 2026 Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор. Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.Тагови: Брисел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook