Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
2Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол
3Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
МакедонијаМицкоски најави дека ќе се сретне со родителите на загинатите од КочаниИстрагата за пожарот во Кочани ја води обвинителството, а не Владата, одговори премиерот Мицкоски на обвинувањата за селективност. Според него постојат политички структури кои на лешинарски начин се обидуваат да соберат политички поени од трагедијата во Кочани. Вели дека редовно е информиран за текот на истрагата од министерот Тошковски, но дека не се меша во неа. „Јас не би се вплеткал во политички реторика ниту коментар на овие политички лешинари кои се обидуваат да заштитат криминогено однесување на некои претходни официјални лица во одредени министерства. Обвинителството е тоа, потоа судовите кога ќе има обвинение. Тие се оние кои треба да го кажат последниот збор. Јас нема да се мешам во истрагата, ниту пак сум се јавил кај некој на телефон ниту сум комуницирал со некој од обвинителството затоа што да не излезе дека премиерот врши притисоци во истрагата“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Премеирот најави дека лично ќе се сретне со родителите на загинатите и повредените од Кочани и дека членови на неговиот Кабинет се во постојана комуникација со семејствата. Вели и дека секојневно се решаваат проблеми повразни со случувањата во Кочани како што било случај и пред неколку денови кога дел од пациентите додека се враќале од лекување во Турција доживеале непријатност на аеродормот во Истанбул. „Еве конкретно ќе ви кажам дечињата кои се враќаа пред два три дена од Анкара што имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул лично разговарав со еден од родителите со тие од најблиското опкружување и лично со претседателот Ердоган и се среди цела работа. Дечињата дојдоа тука, организиравме транспорт од аеродромот во болницата 8-ми Септември беа прифатени. Јас се што можам ќе сторам и ќе разговарам лично со родителите и на повредените и на тие што трагично ги загубија своите најмили“-– Христијан Мицкоски, претседател на Влада. А по најавите од Ахмети дека доколку екс министерот за економија Бектеши биде обвинет за пожарот во Кочани ќе излезат на улица и ќе ги поддржат протестите на семејствата на загинатите по што ќе “немало враќање“, претседателката на држвата Сиљановска Давкова тоа го оцени како притисок врз судската власт и му порача на Ахемти дека треба да си ги мери зборовите. „Јас за разлика од господинот Ахмети ги мерам зборовите и не сакам да се мешам во судската власт, меѓутоа сите па и господинот Ахемти многупати се повиквале на независнота на судската власт. Ваквиот говор всушност значи притисок врс судската власт. Не сакам да давам оценка на квалификацијата веројатно е момент на слабост или не сакам да речам неискреност, но верувам дека 30 години потоа, а особено по 20 години во власта ние треба да го почитуваме начелото на поделба на властите и партиите треба да се држат на страна– Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на Македонија. Истрагата за пожарот во Кочани, во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени како што најави јавниот обвинител Коцесвки ќе заврши најдоцна до 17 јуни. Моментално истрагата се води за тешки дела против општата сигурност, за што осомничени се скоро 70 луѓе, но опозицијата секојдневно обвинува дека таа се води селективно, и се штитат актулени функционери во МВР и институциите.. Тагови: Пожарот во Кочани Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохолВо рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
ЗабаваКучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот. Scotland lead against North Macedonia thanks to Kieron Bowie's goal, but one home supporter in particular was not happy about it... A dog invaded the pitch at the Toše Proeski Arena in Skopje shortly afterwards and took a liking to left-back Sebastian Herrera. https://t.co/mSLelPsqCl — The Athletic | Football (@TheAthleticFC) October 3, 2026 Тагови: куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook