Мицкоски: Началникот кој се однесувал непрофесионално е сменет - Канал 5

Мицкоски: Началникот кој се однесувал непрофесионално е сменет

Началникот кој се однесувал непрофесионално е сменет, директорката да одговори каде исчезнале печатите и документи од училиштето.

Мицкоски: Началникот кој се однесувал непрофесионално е сменет

Началникот кој постапил надвор од овластувањата за време на претрес во Демир Хисар, е суспедниран односно сменет, вели премиерот Христијан Мицкоски, и додава дека доколку има пречекорувања кои имаат и кривична одговорност ќе има и други мерки. Нема повластени и секој кој ќе згреши ќе си сноси одговорност. Но потенцира, треба да се констатира и да се преземат и мерки за директорката, за која од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности поради кои е и разрешена. Некој, вели, треба да даде одговор во јавноста за исчезнувањето на печатите и документи од училиштето.

-Овој случај лично го следев деновиве од блиску. МВР реагираше како што реагираше. Началникот којшто постапува надвор од овластувањата е суспендиран, односно сменет. И тоа е тоа што може да го констатира во овој момент внатрешната истрага и процедурите на МВР. Доколку има пречекорувања коишто имаат и кривична одговорност се разбира и тоа ќе се случи. Нема да има повластени не е ова ВМРО, не е ова СДСМ и ДУИ, ова е Влада во која што ВМРО ДПМНЕ е на стрната на граѓаните. И мора секој оној којшто ќе се огреши, без разлика од каде е, да сноси последици за тоа го што направил, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во изградбата на училишна спортска сала во Петровец.

Вториот дел од вистина, нагласува премиерот Мицкоски, која што за жал никој не ја пренел е фактот дека во работењето на директорката, од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности финансиски, но и друг тип.

-И тоа е причината зошто таа добива решение за да биде променета, а главното прашање кое што треба да и се каже на јавноста, на која што таа треба да одговори е, зошто ги снемува печатите и дел од документите во училиштето по нејзината смена. Тоа е суштината. Тоа што тој началник постапил надвор од овластувањата, и спротивно на ЗКП тој ќе си сноси последици. Но, суштината е зошто никој не го коментира работењето на сменетата директорка, и зошто никој не го коментира во јавноста исчезнувањето на печатите и документи од училиштето, рече Мицкоски.

Со ова додаде треба да се позанимава Обвинителството, но за ова треба сите ние јавно да дискутираме.

-Зарем ова ќе го замолчиме, девијантно однесување каде што постои основано сомневање за сторен криминал и ќе се фокусираме на ова. Еве ја затворам темата. Тој којшто постапил од правилникот сноси последици. Ајде сега за ова да видиме за суштината. Затоа што ако амнестираме ваков директор којшто работи спротивно на закон, и за кој што постои основано сомневање за сторен криминал, тогаш имаме ние проблем. Тогаш имаме сите ние проблем, рече Мицкоски.

Неодамна во јавноста излезе видео снимка од претрес на директорна на училиште во Демир Хисар. По ова МВР ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатирал непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето била покрената дисциплинска постапка.

Во соопштението на полицијата се вели дека со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.

Претходно МВР сооппшти дека на 08.08.2025, по претходна пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 390 од Кривичниот законик – „Одземање или уништување службен печат или спис“ врз основа на наредба од Основен суд Битола, во периодот од 19:25 до 20:20 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар, во присуство на адвокат, извршиле претрес во домот на М.Л. (57) од Демир Хисар. Исто така, со судска наредба, во периодот од 20:45 до 21:30 часот бил извршен претрес и во службените простории во средно училиште кои ги користи М.Л.

На локалните избори очекувам кампања што ќе се однесува на проекти, но очигледно дека има политичка партија, пред се мислам на Демократската унија за интеграција која наместо да зборува за проекти и за иднина, нè враќа 20-25-30 години назад и наметнува такви теми, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан каква кампања очекува на претстојните локални избори.

Тој ја критикуваше ДУИ затоа што, рече, „под превезот на лажен патриотизам, тие ќе сакаат да создадат знак на равенство помеѓу нив и понудата на коалицијата Вреди и да ги обесхрабрат гласачите кои не се Албанци да излезат да гласаат, да си речат – па сите се исти, зошто да гласаме за нив. Не, тоа е грешката, тоа е замката којашто тие ја подготвуваат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на настан во Петровец.

- Заедно со одредени структури во опозицијата и ним блиски портали и медиуми се обидува да наметне атмосфера во општеството, а тоа посебно се однесува кон гласачите кои не се Албанци, Македонците и останатите, кога ќе излегуваат на избори да внимаваат за кого гласаат бидејќи, наметнувајќи теми од пред 20-25 години, сакаат да стават знак на равенство помеѓу Демократската унија за интеграција и, да речеме, коалицијата Вреди. И овие кога ќе излезат да гласаат, да гласаат практично со апстиненција или воопшто да не гласаат бидејќи, ставајќи знак на равенство, тие ќе речат: Па, видете, и овие се криминогени како што ние бевме 22 години, и овие се не помали националисти како ние што сме, така што подобро да не гласате ниту за нив, еве за нас секако нема да гласате. Мислејќи дека на тој начин ќе заборавиме на трговските центри, ќе заборавиме на фудбалчињата во канцеларија, ќе заборавиме на инстант фирмите за увоз на јаглен, ќе заборавиме на сета онаа пљачка која се случуваше изминатите повеќе од две децении, рече Мицкоски.

Тоа е затоа што, додаде премиерот, „ако граѓаните излезат и не гласаат за коалицијата Вреди, тогаш овие од ДУИ мислат дека ќе бидат апсолутни победници и тогаш ќе се обидат и ќе испровоцираат предвремени парламентарни избори“.

- Тоа така не оди и тоа така нема да оди. Тие повторно ги навредуваат граѓаните и играат на картата на кратко помнење. Затоа ги повикувам сите граѓани, од сите етникуми, на овие избори да избираат помеѓу концептот кој повеќе од 20 години ја опустошуваше Македонија. Нема никаква врска со права, нема никаква врска со рамковни договори, ова се локални избори. И оние коишто сакаат заеднички да градиме иднина, тоа е концептот. Ги повикувам сите граѓани, буквално сите граѓани, да размислат, дали ќе паднеме во замката која ја сервира ДУИ преку одредени опозициски медиуми и портали да создадат една ваква параноична ситуација и да коментираме теми од пред 20, 25, 30 години, или да зборуваме за нови сали, нови автопатишта, за нови градинки, училишта, нови инвестиции итн., истакна Мицкоски.

Како што рече - тоа е изборот на овие избори. Посочи и да се видат кои кандидати за градоначалници ги нуди Демократската унија за интеграција.

- Тоа се луѓе кои покрај теми од 20-25 години не можат ништо ново да понудат. И тие се единствено виновни што повеќе од 150 000 Албанци во изминатите 20-25 години ја напуштија Македонија. Ако некој има каква било дилема, тогаш се лаже, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежни активности за училишна спортска сала во Општина Петровец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер