Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот
2Николовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот
МакедонијаМицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип ЕрдоганВо разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје - истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание .Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје - истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, а во врска со билатералните односи меѓу двете земји. Премиерот Мицкоски потсети дека договорот за соработка со Турција не беше потпишан долго време, а се потпиша со доаѓањето на оваа Влада. - Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје. Претпоставувам таа посета ќе се реализира, во моментот не можам да кажам точно кога и како, но знам дека Турција има исклучително одличен амбасадор во Скопје, димпломат од висок ков, со кого имаме одлична соработка и тој придонесе за уште поблиските односи меѓу двете земји. Убеден сум дека до оваа прва средба ќе дојде многу бргу и ќе ја имаме таа можност, но и чест, претседателот Реџеп Таип Ердоган да го пречекаме во Скопје - истакна премиерот Мицкоски. Со потпишувањето на договорот за проширување на билатералната соработка во овој период интензивирани се партнерства на повеќе полиња - посочи премиерот Мицкоски. - Потпишавме договор за проширување на билатералната соработка со Турција, нешто што претставува наша стратешка цел и во рамките на тоа партнерство контактите се засилени и повеќето од компаниите што доаѓаат кај нас или потенцијални инвеститори од Турција во Македонија веќе се прифатени од институциите и ги почнуваат своите инвестиции или се во фаза на почеток да ги реализираат. Договорот не беше потпишан долго време, а се потпиша до доаѓањето на оваа Влада и во рамките на договорот се интензивира соработката на полето на одбраната. Министерството за одбрана и Армијата со соодветните институции на владата на Турција соработуваат, непосредно вршиме набавка на одбранбени системи, истовремено обучуваме кадри и во таа смисла мислам дека со доаѓањето на оваа Влада во голема мера се интензивира билатералната соработка меѓу двете држави. За мене, главен интерес е малку да се коригира нивото на трговската размена бидејќи Република Турција има голем суфицит во размената со Македонија, односно многу повеќе извезува во Македонија отколку што Македонија извезува во Турција. Убеден сум дека македонските производи може да бидат конкурентни на турскиот пазар, убеден сум дека како наш стратешки партнер Турција ќе овозможи слободен пристап на македонските компании на турскиот пазар и убеден сум дека некои од постојните бариери што сега постојат многу бргу ќе бидат неутрализирани, односно избришани, и македонските производители, особено во делот на земјоделството, фармацијата и другите гранки, ќе може да најдат свое место на турскиот пазар и на тој начин овој дебаланс во размената, каде што Турција има голем суфицит, ќе биде нивелиран - нагласи премиерот Мицкоски. На собраниската седница претседателот на македонската Влада, Мицкоски, потсети дека солидна соработка меѓу двете земји има и во рамките на туризмот, каде што голем број турски туристи доаѓаат во Македонија, а соработка се остварува и во рамките на високото образование бидејќи голем број студенти од Турција се присутни на универзитетите во нашата земја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во здравствените работници, нови 300 специјализанти и повисоки плати за 40% до крај на мандатот Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб.Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински кадар. Владата донесе одлука да го откочи процесот и да овозможи вработување на преостанатите 300 приватни специјализанти до крајот на 2026 година. Со ова се заокружува предвидената бројка од 600 приватни специјализанти од кои првите 300 веќе се вработени. Приоритет ќе имаат општите и хируршките болници надвор од Скопје, како и дефицитарните медицински профили. Тоа значи дека ќе го јакнеме здравствениот систем таму каде што има најголема потреба. Процесот ќе продолжи преку обновување на повикот и изразување интерес од кандидатите кои останаа надвор од првиот бран на вработување. И ова е сериозна поддршка за младите лекари. Но уште поважно ова е инвестиција во иднината на македонското здравство. Граѓаните од Штип, Тетово, Кичево и другите градови и региони мора да имаат пристап до специјалистичка здравствена услуга во своето место, а не да бидат принудени за секој преглед или интервенција да патуваат во Скопје. Со вработувањето на овие специјализанти им даваме перспектива на младите лекари, но истовремено обезбедуваме и посилни јавни здравствени установи низ целата држава. Паралелно со решавање на кадровскиот дефицит обезбедивме и раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи. Овој раст е резултат на договорите што Владата ги потпиша со репрезентативните синдикати и е предвиден како долгорочен процес. Само во 2024 година средствата за плати во здравството се зголемија за 10% додека за 2025 година беше предвидено дополнително зголемување од 5% а за тековната 2026 година од 5 до 7%. Средствата за плати во здравството за следната 2027 година предвидено е да се зголемат за уште 5 до 7% додека за 2028 година од 7 до 10%. Тоа значи дека во периодот опфатен со договорите растот на платите во здравството ќе надмине 40%. Особено внимание посветуваме на медицинските сестри и средниот медицински персонал кои секојдневно се на првата линија во грижата за пациентите кои на крајот од 2024 година добија нето покачување од 3850 денари. Нашите здравствени работници заслужуваат подобри услови за работа, повисоки плати и сигурна професионална перспектива, затоа што здравствените работници се инвестиција во здравјето на секој граѓанин. Со конкретни мерки, чекор по чекор Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради здравствен систем со повеќе лекари, повеќе специјалисти, подобро платени здравствени работници и поквалитетна здравствена услуга. Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Александра Николовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео18+: Брутално ликвидиран израелски криминалец среде бел ден Еден од најопасните израелски криминалци, 40-годишниот Јанис Јушваев, е убиен викендов додека напуштал бензинската станица во близина на Цезареја. Јушваев, кој беше семеен човек и татко на три деца, убиен е во момент кога земјата се соочува со растечки проблем со организираниот криминал. Неговото убиство е снимено од безбедносните камери, пренесува „Телеграф“. На снимката се гледа како убиецот се качува по скалите кон влезот додека двајца мажи излегуваат. Откако тие поминуваат, Јушваев излегува и почнува да се симнува по скалите. Тогаш убиецот му приоѓа одзади и пука во задниот дел од неговата глава. Јушваев паднал на земја, а напаѓачот побегнал пеш. Полицијата го опиша Јушваев како водач на криминална организација поврзана со заедницата на Евреи од Кавказ. Yanis Yushvaev, who has been described as a leader of the Caucasian mafia in Israel, has been killed in an assassination captured on camera pic.twitter.com/UtdzOoPpHF — Chay Bowes (@BowesChay) August 25, 2026 Со години тој избегнувал осуда бидејќи полицијата не успевала да собере доволно докази за да го поврзе со пукања, бомбашки напади и палење возила.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter