Мицкоски на средби со Курц , Туск и Хан на самитот во Софија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на самитот во Софија остварил бројни билатерални средби .

По завршување на самитот на Европската народна партија со земјите од Западен Балкан кој се одржа денес во Софија, Бугарија, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на истиот се разговарало за актуелните политички но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан.

Исто така Мицковски истакна дека во текот на денешниот ден се остварени повеќе билатерални средби со значајни лидери од Европа, како Себастијан Курц, Доналд Туск, еврокомесарот Јоханес Хан, каде што на истите било дискутирано за моменталната политичка и економска состојба во Република Македонија. На средбите било разговарано и за идните активности кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредниот период.

Ги информирав за протесниот собир кој што ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата планира да го организира на 2-ри јуни пред владата во знак на разобличување на сите оние погрешни политики, во знак на сите оние неостварени ветувања, сите оние неисполнети очекувања кои што ги креираше Зоран Заев и групата околу него во изминатите година дена.Се надевам дека сите оние граѓани кои што се чувствуваат со неисполнети ветувања, сите оние граѓани кои што се чувствуваат обесправени и излажани, сите оние граѓани кои што се против овие ненародни политики на Зоран Заев и групата политичари околу него, ќе ни се придружат и ќе застанат рамо до рамо со нас и ќе го изразат својот револт на 2-ри јуни пред портите на владата на Република Македонија, истакна претседателот Мицкоски.

Претседателот посочи дека од своите соговорници добил поддршка за сите идни чекори на ВМРО-ДПМНЕ.

На маргините на самитот на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија.

На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес.

Воедно од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка, се наведува во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ..

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер