Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините - Канал 5

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините ќе биде промовиран денеска на настан во Скопје на кој се очекува присуство на сите градоначалници, информира Министерството за локална самоуправа (МЛС).

Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

Воведни обраќања на настанот ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставникот на УНДП во државава Армен Григоријан и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.

На седница на Владата во август годинава, на предлог на Министерство за локална самоуправа, беше усвоена Информација за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Центарот е конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во државава, преку обезбедување специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиското планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување средства од меѓународни фондови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членка

Европските лидери  ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват,истакнувајќи ја Црна Гора како водечки кандидат за членство до 2028 година.

ЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членка

Лидерите на ЕУ Тие уште еднаш ја истакнаа Црна Гора како водечки кандидат, која се стреми да стане 28-ма членка на унијата до 2028 година, и ја повикаа Србија да се реформира и да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со онаа на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово

Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово.

Петрушевски: Со засилена динамика се санира проблемот со градската депонија „Краста“ во Куманово

Посебна благодарност до екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ на чело со директорот Сашо Томиќ, кои континуирано работат на терен, како и до општествено одговорните компании што се вклучија во надминувањето на состојбата.

Голема поддршка во овие активности обезбеди Министерот за транспорт Александар Николовски, кој веднаш одговори на барањето за помош и стави на располагање тешка механизација што активно работи на терен.

Благодарение на оваа навремена интервенција, процесот на санација се одвива значително поефикасно.

Во тек е расчистување на депонијата и нанесување нови слоеви земја, со цел да се намали ризикот од самозапалување на подземните гасови и појава на пожари.

Паралелно со тековните мерки, се работи и на трајно решавање на проблемот преку изградба на регионална фабрика за преработка на отпад за Североисточниот и Источниот регион и трансформација на постојните депонии во трансфер-станици за комунален отпад.

Со заедничка работа и координација меѓу институциите, се преземаат конкретни чекори за надминување на проблемот и обезбедување почиста и побезбедна животна средина за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарија на пат да деблокира сè

 Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра.

Унгарија на пат да деблокира сè

Следната недела, унгарската влада ќе достави до парламентот нацрт-закон за борба против корупцијата, чие усвојување има за цел да ги исполни критериумите на Европската Унија за владеење на правото и е услов за ослободување на милијарди евра замрзнати средства.

„Ова ќе биде сеопфатен закон против корупцијата, кој исто така ќе ја подобри транспарентноста на унгарскиот јавен живот. Ова претставува критериуми за владеење на правото што ќе ни овозможи да ги вратиме средствата од ЕУ дома“, изјави унгарскиот министер за транспорт и инвестиции, Давид Витези, за новинарите, објави Ројтерс.

Тој рече дека законот ќе ѝ овозможи на Унгарија да користи до десет милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата на Ковид-19, за финансирање на транспортни проекти и обновливи извори на енергија, како и средства за поддршка на мали бизниси и изградба на станови за изнајмување.

Новиот унгарски премиер, Петер Маѓар, во мај обезбеди ослободување на 16,4 милијарди евра од фондовите на ЕУ за Унгарија, со ветување дека ќе ги откаже реформите на претходниот премиер Виктор Орбан, кои, според ЕУ, ѝ наштетиле на демократијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер