Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаМицкоски на промоција на Градски воз: Ова е чекор напред, ќе реализираме уште многу проекти за граѓанитеИзјава за медиуми на премиерот Мицкоски на официјалната промоција на проектот „Градски воз“.„Добар ден и од мене. Би сакал да ја искористам оваа можност и да им честитам на сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, на потпретседателот на Влада и министер за транспорт, на луѓето од неговиот кабинет, се разбира, на луѓето од „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, на директорите коишто лично беа фокусирани и насочени при реализација на овој проект, на колегите од Владата, се разбира, министрите и замениците министри, за реализацијата на проектите коишто се дел од Програмата на Владата. Впрочем, и ова е еден таков проект. Исто така, би сакал да се заблагодарам на секој оној којшто вложил атом енергија од своето време за да може ова денеска да стане реалност. Навистина една година е прилично брз период за да се реализира овој проект, којшто можам вака од лично искуство да кажам дека условите во коишто денеска ја поминавме делницата од Зелениково до оваа Централна железничка станица во центарот на Скопје, се навистина европски. Дали со ова ги решаваме сите проблеми на светот коишто во суштина ги имаме? Нема да ги решиме, но дали е ова чекор напред? Да, е чекор напред во делот на решавање на дел од проблемите со кои што се соочуваме, посебно во транспортот и посебно во делот на заштитата на животната средина и загадувањето, имајќи предвид дека пред нас е и грејната сезона и предизвиците коишто доаѓаат со таа грејна сезона. Генерално сите технички параметри коишто се поврзани со самиот проект веќе претходните говорници ги напоменаа, јас би сакал само да кажам дека продолжуваме и понатаму да ги реализираме проектите за коишто сме ја добиле довербата од народот. Тоа е многу важно, затоа што преку реализацијата на проектите вие стекнувате кредибилитет, а преку кредибилитет ја менувате и перцепцијата за самата држава и за системот којшто го управуваме како Влада. Сакам да се заблагодарам и на медиумите кои што ја следите работата на Владата, реализацијата на овој тип на проекти, и да посакам уште многу проекти во следните денови да можеме заеднички да посведочиме како се реализираат и отпочнуваме со нивно понатамошно користење. Благодарност уште еднаш до сите коишто беа вклучени во овој проект. Повторно ќе кажам, до потпретседателот на Влада и министер за транспорт, до заменикот-министер за транспорт, до сите вработени во Министерството за транспорт, до директорите во „Македонска железница, инфраструктура и транспорт“, до управните одбори, вработените во тие институции, градоначалникот на Град Скопје, градоначалниците од Градот Скопје, но и до градоначалникот од Зелениково кој е тука денеска со нас, кој исто така даваше несебична поддршка при реализација на овој проект. Впрочем, и жителите на Општина Зелениково ќе бидат корисници на оваа линија и за многу кратко време од Зелениково ќе се стига во центарот на Скопје. И уште многу вакви проекти да ни се случуваат. Ви благодарам.“- изјави премиерот Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаВо Собранието разгледана националната стратегија за спречување на корупцијатаНа две собраниски комисии денеска беше разгледана национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година. Според првиот човек на антикорупциската и дел од рпатениците стратегијата не смее да остане на хартија и порачаа дека е потребна заедничка воља за нејзино спроведување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
СветТрамп се закани дека ќе го уништи Иран во говорот пред Обединетите нацииДодека Трамп од говорницата порачуваше дека или Иран ќе стане подобро место за живеење или ќе го снема од светската мапа, американска и иранска делегација во Њујорк веќе преговараа за мировно решение зад затворени врати, прв пат по три месеци.Веста ги затекна и новинарите во Њујорк, кога им ја пренесе самиот Трамп на средбата со Зеленски. -Состанокот траеше три часа, заврши пред еден час. Беше многу добар состанок. Знаете дека постојат две можности (за Иран) и ги слушнавте во мојот говор денеска. Едната е многу лоша, другата може да доведе до големи нешта за земјата. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Нема детали од средбата одржана со посредство на Катар, освен дека учествувале двоецот Витков – Кушнер од американска и шефот на дипломатијата, Арагчи од иранска страна. Главна тема било деблокирање на Ормутскиот теснец, за што Техеран ги испорачал своите барања - укинување на американската поморска блокада и крај на конфликтот на сите фронтови. -Присуството на нашата делегација во Њујорк беше искористена јасно да се пренесат овие прашања до американската страна. , изјави Есмаил Багхеин, портпарол на иранското МНР. Нема конкретен напредок и за војната во Украина, освен заложбата да се дојде до мир пред почетокот на зимата. Зеленски е подготвен да ги прекине нападите врз руските рафинери ако тоа го стори и Путин, откако Трамп алармираше дека уништениот руски енергетски систем е главна причина за рекордните цени на дизелот. -Ние сме подготвени за секаков формат на енергетски прекин на огнот. Ако ние не напаѓаме енергија, мислам на целата енергија, се. Ова е нашиот предлог. Благодарни сме на американската страна, кој ќе го сподели предлогот со руската страна. Јас не ја знам руската позиција. Дали сте подготвени за средба со Путин? Јас сум подготвен. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Мислам дека ќе постигнат договор, не би можел да кажам каков. Разговараме многу за тоа, вклучително и со претседателот Путин. Мислам дека нешто ќе се случи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Ставовите на Трамп искажани вчера за повеќе прашања предизвика неколку делегации да ја напуштат салата. Атмосферата ја вжешти и францускиот претседател Макрон кој демонстративно тропна на говорницата, осудувајќи ги фалбите на американскиот колега дека донел мир во појасот Газа. -Каков кредибилитет имаме ако продолжиме да остануваме неактивни пред ситуацијата во Газа? Некои се фалат со наводен мир, но тој мир не го овозможи повторното отворање на хуманитарниот пристап ниту за една секунда. Дали треба да го гледаме овој спектакл што треба сите да нè засрами?, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција. Веста за новата рунда преговори меѓу Вашингтон и Техеран ја намали цената на нафтата од типот Брент, која падна под 100 долари за барел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
ЗдравјеАлцхајмеровата болест во пораст - се појавува и кај помладиКај најмалку 24 илјади пациенти има Алцхајмерова болест, но нема само еден човек има целото семејство, тоа е живот каде еден член ги губи сеќавањата дека е член на тоа семејство. Во светски рамки, но и во Македонија се во пораст деменциите но и луѓе со симпотми на деменција доѓаат во своите педести години за први симптоми, објаснува доктор Габириела Новотни од клиниката за неврологија. Во Македонија конкретно се очекува овој процент се очекува да се зголеми за 166 проценти што значи ние сега треба да размилсуваме за идните две децении да имаме добар систем кој што ќе ги прифати новите идни пациенти со современи биомаркери“.. Она што е важно е целата грижа да не биде на товар на членови од семејства. Многу често овие лица се оставени и сами, и гледаме дека се бараат на социјалните медиуми како исчезанти, вели доктрка Новотни. Често не само еден член и другите членови во немоќ имаат депресија и здравствени проблеми. Од работни обврски, обврски кон други членови, а треба да се грижат и за лице кое не може само. Денешното мото е „Она што останува е љубов, емоција, емпатија“, и здружението и инстиутот за Алцхајмерова болест и неворнаука ќе имаат настан за подигнување на свеста во 18.30 во нардоната канцеларија на претседателот на Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter