МакедонијаМицкоски му порача на Меџити: Убиствата од заседа не можат да бидат праведна и чесна војна „Убиствата од заседа не можат да бидат праведна и чесна војна“ – со овие зборови му одговори премиерот Мицкоски на неговиот партнер во Владата и првиот вицепремиер Изет Меџити „Убиствата од заседа не можат да бидат праведна и чесна војна“ – со овие зборови му одговори премиерот Мицкоски на неговиот партнер во Владата и првиот вицепремиер Изет Меџити, кој конфликтот предизвикан од ОНА во земјава во 2001 го нарече праведен и чист.. Мицкоски апелира, разумните политичари да се воздржат од теми кои не враќаат во минатото, односно вели таа реторика да се остави на оние кои прават поделби и немаат што да понудат за иднината. „Не може некој кој што од заседа кукавички одземал животи, да биде праведна и чесна војна, бар во Македонија, не коментирам за соседството. Не може да биде апсолутно разумна и праведна, а од заседа да се убиваат припадници на МВР и министерстовот за одбрана. Ова се теми затворени и јас апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на дуи и на оние кои сакаат да не вратат 25 години назад. Да ги оставиме политичарите кои што делеа во минатото, тие немаат тема на идината, тие немаат иднина, тие се заглавени во минатото.“ -Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. „Имаме различни гледишта за конфликтот, но се согласуваме дека треба да гледаме кон иднината“ вели вицепремиерот Меџити за Канал 5, како реакција на изјавата на Мицкоски. Воедно, се согласува и дека одредени опозициски партии се вртат кон меѓуетнички тензии во недостигот на понуда за граѓаните... „Оној кој ги заборава неправдите од минатото, ги повторува од иднината“ – стои во реакцијата на ДУИ на изјавата на премиерот Мицкоски.. Од таму, во пресрет на одблежувањето на годишнината од Рамковниот договор, велат дека нема да дозволат да се заборават неправдите пред конфликтот преку злоупотреба на власта и институциите, туку ќе се борат за зачувување на мултиетничкиот карактер на државата и целосно почитување на Охридскиот договор.. „Парадоксално е што премиерот зборува за „невраќање во 2001 година“ додека секојдневното практикување на владеењето на неговата Влада е враќање назад во времето: кон дискриминацијата, мајоризацијата, исклучувањето и кршењето на правата на Албанците и другите заедници. Потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платија за еднаквоста и за Охридскиот договор, кој денес отворено се прекшува од актуелната влада.“ -ДУИ. Инаку вицепремиерот, кој е и кандидат за градоначалник на Чаир на претстојните избори, кажа - „ Мојот став беше и останува непоколебли војната на УЧК во Косово, Прешево и Македонија беше праведна, непоколеблива и чиста.“ Тој ова го напишал на социјалните мрежи како поддршка за протестот на ветераните на УЧК и ОВК во Приштина, наречен „Правда за ослободителите“, протест на кој говореше и претседателот на ДУИ, Али Ахмети... Тагови: Изет Меџити Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листаКанал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд. Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него. „Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБлокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата, должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана. Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација. Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата. Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари. Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена. Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација. Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година. Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден. Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември. Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители. Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката. Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.Тагови: Јелена Карлеуша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКанал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе МладеновскиПоради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа. Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка. На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер. На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook