МакедонијаМицкоски: Македонија со убедливо најниска цена на нафтата, нема опасност од недостигМакедонија е држава со убедливо најниска цена на нафтата и во моментот нема опасност од недостиг. Владата продолжува да ја следи состојбата и не гледа потреба од прогласување кризна состојба, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.Одговарајќи на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени за стабилизација на цената на нафтените деривати, по направениот увид на изградба на пречистителна станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево, тој направи споредба со цените на дизел горивото со земјите во соседството. По вчерашното нивелирање на цената од страна на Регулаторна комисија за енергетика, тој појасни дека литар дизел гориво чини 1,39 евра, во соседна Албанија е 1,79 евра, што е околу 30 проценти поскапо, во Србија цената е 1,73 евра или 25 проценти повисока од Македонија. Во Косово цената варира, но, според премиерот, достигнува до 1,51 евроценти, што е околу 10 проценти поскапо од кај нас. Во Грција е 1,59 евра или 15 проценти повисока додека во Бугарија е 1,41 евра. - Како држава имаме убедливо најниска цена на нафта и тоа во моментот можеби е добро од еден аспект, но од друг аспект во дел од пограничните општини се создава притисок од соседството, бидејќи голем број од граѓаните од соседството доаѓаат да точат дизел гориво и затоа се случува на некои бензински пумпи побргу од тоа што е очекувано да снема гориво, но тоа брзо се надоместува, рече Мицкоски. Тој нагласи дека Државниот пазарен инспектор е континуирано на терен и оти нема прекини во снабдувањето, но и оти е логично да има притисок во западниот дел од државата. - Очекуваме притисок и периодот кој што следи, но имаме доволно количини. Разговараме со дистрибутерите и со компаниите кои што ги снабдуваат граѓаните и македонската економија со нафта и нафтени деривати. Во моментот нема опасност од каков било недостиг, така што ние како Влада продолжуваме да ја следиме состојбата. Можеби условно кажано, добра вест е што утринава, од тоа што можев да го видам и Брентот и останатите продукти на светските берзи се во опаѓање. Ако вчера го достигна пикот од 120 долара за барел, денеска тргуваат за некаде 90-тина долари за барел, изјави Мицкоски, нагласувајќи дека ќе реагираат согласно развојот на настаните. Тој најави за утре состанок со сопствениците на ланците супермаркети и хипермаркети. Сакам и со нив да поразговарам, да не се користи сега овој притисок веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошница на граѓаните, за да не мораме ние како Влада да преземаме друг тип на, би рекол, офанзивни мерки, истакна претседателот на Владата. Комисијата за заштита на конкуренција и Државниот пазарен инспекторат, нагласи, ќе го следат однесувањето на трговците на производи на мало и големо и врз основа на нивното однесување, така и Владата ќе се однесува. - Очекуваме тие да имаат фер однос кон граѓаните за и ние како Влада да бидеме фер кон нив, односно заеднички во овие моменти да го заштитиме стандардот на граѓаните, бидејќи тоа претставува наша цел и приоритет во моментот, додаде Мицкоски. Во однос на предложените мерки од страна на лидерот на СДСМ за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата, Мицкоски рече дека се несериозни, неточни и непрецизни. - Во еден момент ги слушате како создаваат хистерија за 600, 700, 800 евра минимална плата, а од друга страна велат да се избришат даноците, да нема данок на додадена вредност и така натаму, па не враќаат во едни други времиња на соцболшевизам и еден вид на таква економија. Затоа се обидов воопшто да не ги коментирам творците на канабис економија во Македонија, луѓе кои што буквално ја ограбија Македонија, ги понижија македонските граѓани, ја понижија државата. И понекогаш можеби и молкот е доволен одговор на некои прашања, рече Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПосебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратонМВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.На 04.10.2026 (недела) со почеток во 08:00 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи - „Виз Ер Скопски маратон 2026“ со следните траси на движење: траса на движење на трката од 5км – Старт на ул.„11-ти Октомври“ (кај зелен пазар), право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11-ти Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат 2 пати) – Старт Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“ каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Србија“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“ каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„3-та Македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска Република“, десно по ул.„11-ти Октомври“ до целта- Плоштад Македонија. Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.Тагови: Скопски маратон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДрама: Авион исчезна над океанотСпоред неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него. Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс. Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“. Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа. Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата. BREAKING: Gulfstream G100 with 6 persons on board has reportedly crashed into the Atlantic while flying from Bermuda to Boston pic.twitter.com/gHZI5Sq2vc — Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) October 3, 2026 Тагови: авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМаскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контролаПротестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена. Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот. Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил. Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook