МакедонијаМицкоски: Македонија располага со доволно количини на нафтени деривати, нема простор за паникаМакедонија располага со доволно количини на нафтени деривати, состојбата е стабилна и нема простор за паника уверува премиерот Христијан Мицкоски.Македонија располага со доволно количини на нафтени деривати, состојбата е стабилна и нема простор за паника уверува премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека ние сме единствена земја во регионот и пошироко, во која цените на бензините изминативе денови бележат намалување. Дали мерката за намалено ДДВ од 18 на 10 %, која истекува в понеделник, ќе се продолжи или не ќе зависи од цените на нафтата на светските берзи. Мицкоски рече дека состојбата се следи и доколку има потреба викендов ќе се свика вонредна владина седница на која би се донеле нови мерки, а во игра освен ДДВто е и намалување на акцизата, доколку има потреба според најавите ќе се продолжи и кризната состојба. Владата, како што рече будно ја следи и состојабата со електричната енергија – струјата, според премиерот нема да поскапи, ЕСМ на располагање има околу 3 000 тони мазут... „ Доколку видиме дека ќе имаме зголемување на цените на безоловниот бензин и на дизелот, тогаш апсолутно дека ќе ја продолжиме таа мерка сè додека трае кризната состојба. Ако продолжи и понатаму, ќе ја продолжиме и кризната состојба и ќе ја продолжиме повторно мерката и ако повторно ескалира, имаме уште алатки на располагање. Се разбира, акцизите, тука се и акцизите што ни стојат сè уште на располагање. Нема да има поскапување на цената на електричната енергија за граѓаните, така што целата состојба е под апсолутна контрола - рече Мицкоски. Ќе повторам, предизвици ќе има. Дневно ги решаваме...“ Доколку има потреба, според најавите од Влада ќе се носат и мерки во делот на храната, но сликата за тоа ќе биде појасна по податоците кои треба да ги објави статистика на 7 ми месецов. Мицкоски и денеска најави измени во законот за не фер трговски практики, и повтори дека во моментов 30тина тима на ДПИ се на терен, доколку е потребно како Влада ќе интервенираат. А по најавите на дел од пекарите низ земјава за поскпаување на лебот, Владата најави соодветна анализа...Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче, пак и денеска обвини дека Владата нема капацитет да се справи со енергетската криза и дека цените на храната од ден во ден постојано растат... „Имаме индикатори, имаме анализа. Имав состанок и со директорката од Комисијата за заштита на конкуренција. Го подготвуваме новиот закон во којшто се предвидени многу поголеми глоби за оние трговци коишто ќе се однесуваат девијантни и непазарно и во зависност од тоа каква ќе биде реалноста, така и ќе и ќе постапуваме....“ Утрово Мисијата на ММФ по посетата на Македонија предупреди дека енергетската криза предизвикана од војната на Блискиот Исток, може ги поремети очекувањата за растот на економијата. Нивните предвидувања се дека реалниот раст на БДП ќе забави на 3,1%, а инфлацијата ќе се зголеми на околу 4,5% Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook