Мицкоски: Криминалот не смее да се исплати, украденото мора се конфискува и да му се врати на народот - Канал 5

Мицкоски: Криминалот не смее да се исплати, украденото мора се конфискува и да му се врати на народот

Денеска се одржа конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на незаконски стекнат имот, со која  претседава премиерот Мицкоски и заменик-претседателот на владата, Арбен Фетаи.

Мицкоски: Криминалот не смее да се исплати, украденото мора се конфискува и да му се врати на народот

Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединците. Јасна е нашата заложба за борба против корупцијата и криминалот, но борбата мора да заврши со конфискација на нелегално стекнатиот имот бидејќи криминалот не смее да се исплати. Украденото мора да му се врати на народот - рече премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

Ова тело, рече премиерот, не е формалност, туку јасна и недвосмислена порака дека државата конечно цврсто, систематски и бескомпромисно стои против криминалот и корупцијата.

- Оваа Влада ја почна борбата против криминалот и корупцијата не со декларации, туку со дела. Во моментот се обработуваат повеќе од педесет случаи за висока корупција. Случаи што со години беа прикривани, одложувани или игнорирани. Но, ова не е крај, туку почеток. Очекуваме отворање нови случаи, темелни истраги и резултати што ќе ја вратат довербата на граѓаните во државата и во институциите. Сакам да кажам гласно и јасно: нема селективна правда, нема заштитени, нема недопирливи - истакна Мицкоски.

Но, како што нагласи, за таа борба да биде успешна, потребно е зајакнување на судството и на Обвинителството, институционално, кадровски и функционално, бидејќи, „само силно, независно и професионално судство и Обвинителство може да ја изнесат оваа борба до крај и да обезбедат правдата да не биде бавна, ниту селективна, туку ефикасна и правична“.

- Јас сум за засилени мерки во борбата против корупцијата, но борбата не завршува со кривични постапки. Борбата мора да заврши со конфискација на нелегално стекнатиот имот бидејќи криминалот не смее да се исплати. Украденото мора да му се врати на народот. Токму затоа ги воспоставуваме овие механизми и токму затоа денеска го конституираме овој Совет. Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот и имотна корист не е едноставен чекор. Тоа е повеќедимензионален и посложен процес, што опфаќа повеќе фази, меѓусебно поврзани и условени, во кои се вклучени повеќе институции со јасно дефинирани надлежности и одговорности - вели македонскиот премиер.

Според него, следејќи ги фазите на постапката за враќање на имотот, стратегијата за периодот 2025 - 2028 година јасно дефинира три приоритетни области за дејствување.

- Прво, пронаоѓање, идентификување и следење на нелегално стекнат имот и имотна корист не само во земјата туку и надвор од неа преку меѓународна соработка и современи механизми за финансиска истрага. Второ, привремено обезбедување и конфискација на имот и имотна корист, и тоа брзо, ефикасно и во согласност со законот, без простор за манипулации, одолжувања или злоупотреба. И, трето, ефикасно управување со конфискуваниот и одземен имот, вклучително и негова повторна употреба за социјални цели бидејќи конфискуваниот криминален имот мора да добие нова општествено корисна вредност и да се врати во служба на граѓаните - вели Мицкоски.

Овој Совет, под водство на потпретседателот на Владата задолжен за политиките за добро владеење, потенцира тој, има клучна улога во координацијата, надзорот и стратешкото насочување на сите овие процеси.

- Од вас очекувам професионалност, храброст и интегритет, но пред се резултатите се на прво место. Денеска ги поставуваме темелите за систем во кој правдата не е декларација, туку пракса, во кој борбата против корупцијата не е политички слоган, туку државна политика и во кој институциите работат во интерес на граѓаните, а не во заштита на поединците. Ова е борба за правна држава, ова е битка за доверба. Ова е борба за достоинството на граѓаните и ние нема да се откажеме од таа борба, вели премиерот Мицкоски.

Потпретседателот на Владата задолжен за политиките за добро владеење Арбен Фетаи вели дека оваа конститутивна седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот претставува пресвртница во третманот на борбата против организираниот криминал и корупцијата.

- Овој совет не е создаден за да додаде само уште една структура, туку да воспостави политички правец и да се определи меѓуинституционална соработка, таму каде спроведувањето беше фрагментирано. Формирањето на овој Совет во септември 2025 година и денешната седница претставуваат директен одговор кон една јасна институционална определба - нормативниот процес секако постои, но потребни се конкретни, силни резултати, нешто што бара силна координација и постојан политички надзор, рече Фетаи.

Според него, Националната стратегија за зајакнување на капацитетот за спроведување финансиски истраги и конфискација на имот 2025 - 2028 година и Акцискиот план од 2025 - 2026 година нуди јасна рамка и е во согласност со европските стандарди.

- Темелите се поставени, но следната фаза налага политичка волја, повеќе инвестиции и токму заради овие причини се основа овој совет. Неговата улога не е да ги замени оперативните институции, туку да обезбеди тие институции да дејствуваат во таа насока со јасно дефинирани цели и со мерлива одговорност. Овој Национален совет има многу важна улога и одговорност да обезбеди силна политичка поддршка и отчет. Нашата улога не е оперативна улога во овој Совет, туку претставува политичка улога, каде што треба да дефинираме јасно приоритети, да ги отстраниме системските пречки и да обезбедиме финансиски ресурси да ги следат политиките и редовно да бараме резултати, рече Фетаи.

Како вицепремиер и претседавач со овој Совет, Фетаи го смета за клучен форум за премин од, како што рече, институционална какофонија кон задолжително дејствување меѓу институциите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Водно заедно со учениците, волонтерите и младите, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: И денеска оставивме пример, а не ѓубре

- Повеќе од 30.000 вредни луѓе повторно се обединија во најмасовната акција за расчистување на Скопје. На повеќе од 50 локации покажавме колкава сила има еден град кога неговите луѓе ќе се здружат за заедничкото добро. Денес бев на Водно, рамо до рамо со вредните ученици. Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на сите што несовесно создаваат депонии им порача да земат пример од младите и да покажат дека го сакаат Скопје со тоа што ќе го чуваат.

- Наша должност е да им оставиме почист град. Благодарам на секој што одвои време, се приклучи и остави свој белег во оваа акција. Секој ваш труд се гледа. Секој ваш пример вреди. Продолжуваме со следната акција, со истата решителност и со уште повеќе луѓе – рече Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

Денеска, во просториите на Општина Кавадарци, се одржа работен состанок посветен на конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци.

Јанчев: Работен состанок за конечното утврдување на трасата на обиколницата за градот Кавадарци

На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Јавното претпријатие за државни патишта, општинската администрација, стручните служби и инженери, поголем дел од членовите на Советот на Општина Кавадарци, како и професори од Градежниот факултет, во својство на ревиденти на проектот.

По претходно разгледување на повеќе технички решенија и усогласување на стручните предлози, на денешниот состанок беше усвоено конечното решение за вториот дел од трасата, на потегот од „Југо Комерц“ до Витач.

Согласно досега спроведените активности и обемот на потребната проектна документација, се очекува до средината на следната година да биде финализиран основниот и инфраструктурен проект, со што ќе се создадат услови за пристапување кон тендерска постапка и понатамошна реализација на проектот на терен.

Утврдувањето на конечната траса претставува значаен чекор во процесот на подготовка за реализација на еден од важните инфраструктурни проекти за Кавадарци, кој има за цел подобрување на сообраќајното поврзување и растоварување на градскиот сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“

Одлуката на најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер, да го вклучи Магнус Норман во својот тим изненади многумина, а Италијанецот конечно објасни што стои зад овој неочекуван потег. 

Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“

Клучна улога во целиот процес одигра легендарниот тенисер Швајцарецот, Стан Вавринка – поточно, неговото повлекување од тенисот, со што шведскиот стручњак официјално остана без ангажман.

Синер, кој оваа сезона урива рекорди, го чекаше вистинскиот момент за да го ангажира човекот за кој верува дека на идеален начин ќе ја продолжи работата во неговиот тим, на Дарен Кејхил.

На прес-конференцијата во Милано, каде што официјално се прости од Кејхил, Синер детално објасни зошто се одлучил токму за Норман: Ист принцип на работа:

„Го избрав Норман бидејќи е многу сличен на Кејхил. Магнус со години го тренираше Стан и одлично го разбира начинот на кој ние работиме. Тоа е многу важно за мене, бидејќи нема да морам да почнувам од нула. На тој начин ќе продолжам да се менувам за еден отсто годишно, за да станувам сè подобар и подобар.“

На емотивното збогување во Милано присуствувал и самиот Дарен Кејхил, кој не штедел пофални зборови за својот сегашен ученик:

„Создадовме феноменален тим околу Јаник, но 99 отсто од она што го постигнавме се должи на него, бидејќи Синер беше тој што излезе на теренот. Тој има неверојатна желба за работа – кога ќе му кажеме да истрча 10 километри, тој трча 11. Покрај тоа, во мојата кариера никогаш немам видено спортист кој постојано прашува и бара начини дополнително да напредува, како што тоа го прави тој.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер