Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина - целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има - Канал 5

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина - целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

 Моето мислење за академик Кедев и неговите констатации е врвна индикација за да се преземе веднаш нешто, да се открие што и дали е правено и да се проверат целосно сите индиции што беа изнесени, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Кога светски експерт како Кедев кажува нешто, мора да има позадина - целосно ќе се проверат сите индиции, одговорност ќе има

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, Мицкоски порача дека нема да се остави ништо на случајност, како и дека ќе има одговорност за секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните.

Формираните комисии, истакна премиерот, засега работат на осум случаи.

-Кога светски стручњак како академик Кедев тоа го кажува, мора да има позадина и мора да ја откриеме таа позадина. Нема да оставиме ништо на случајност. За секој што се богател на грбот и здравјето на граѓаните ќе има одговорност, потенцира Мицкоски.

Министерот за здравство Азир Алиу кој беше заедно со Мицкоски на Клиниката за кардиохирургија, пред два дена рече дека нема да се даваат делумни информации за „кардиолошките случаи“, туку ќе се излезе со конечен извештај откако целосно ќе заврши експертизата. Тој тогаш информира и дека осум предмети се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но се очекува да бидат доставени и други од институции и граѓани.

Во експертизата се вклучени Стручна комисија од Министерството за здравство, тим од Лекарската комора по барање на министерот Алиу, како и тројца стручњаци од Словенија, Австрија и Италија кои допрва треба да дојдат во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија

Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува целосна поддршка за онколошките пациенти кои утре ќе протестираат пред Министерството за здравство.

ЛДП: Предупредувавме, поставувавме пратенички прашања, баравме одговорност – денес онколошките пациенти повторно се без терапија
Трагично е што луѓе кои водат најтешка битка за сопствениот живот повторно се принудени наместо во болница, да бараат правда на улица.

ЛДП уште минатата година предупреди дека недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем и побара одговорност од Министерството за здравство. Наместо решение, денес гледаме повторување на истиот срам.

За секој ден без терапија некој мора да одговара. Не може секојпат кога ќе се испразнат залихите виновник да нема, а последиците секогаш да ги трпат пациентите.

ЛДП бара:

- Итно обезбедување на целата неопходна терапија;

- Целосна јавна информација за причините за недостигот;

- Утврдување лична и политичка одговорност за институционалниот пропуст;

- План со кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори.

Држава која што не може да обезбеди лекови за најтешко болните нема право да зборува за успеси во здравството. За онколошките пациенти нема втор обид. Секој изгубен ден може да чини човечки живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труе

Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август.

СДСМ: Анализа на водата во Гостивар дури на 20 август а дотогаш народот се труе

Трујат луѓе со месеци.

Епидемија на жолтица.

Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели.

Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“?

Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна.

За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени.

Министерот за полиција Тошковски прави хиперхлорирање и им рече на граѓаните „пуштете ја водата да истече“.

Директорот Стојанче Ангелов јавно потврди дека има опасна бактерија во водата.

А сега ќе чекаме до 20 август да чуеме официјална анализа.

Власта си игра со животите на луѓето.

Ја отруја и болницата во Гостивар. Пациентите се префрлаат во Тетово.

Во болницата сред епидемија дежура еден инфектолог и неколку специјализанти – плус дерматолози како што објави ТВ 24.

Мицкоски труе народ.

Клековски, Тошковски и целата екипа ќе одговараат.

Ова повеќе не е неспособност туку свесно труење и целосно немање на одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец.

Иран соопшти дека постигнал договор со Оман за рута за превоз низ Ормутскиот теснец

Портпаролот на иранското министерството за надворешни работи не даде дополнителни детали за договорот, за кој рече дека е „во завршна фаза“.

Сепак, предупреди дека договорот со Оман нема да гарантира безбедна пловидба низ теснецот, тврдејќи дека безбедноста останува засегната од американската блокада на иранските пристаништа.

САД и Оман не коментираа за предлогот.Откако САД и Израел го нападнаа Иран во февруари, Техеран во голема мера го блокираше Ормускиот теснец низ кој обично минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас.

Пред два дена Трамп предупреди дека Иран ќе биде „многу силно погоден“ ако теснецот не се отвори „многу брзо“.

Неговите коментари дојдоа откако високи американски претставници изјавија дека разговорите напреднале за да се овозможи потенцијално продолжување на испораките, иако Иран тврди дека не преговара со САД и оти нема планови да го стори тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер