Мицкоски: Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи - Канал 5

Мицкоски: Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи

Во врска со повредените од пожарот, Мицкоски рече дека поминати се двата критични периоди, односно првите 72 часа и 7 дена.

Мицкоски: Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека покрај покривање на здравствените трошоци на пациентите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Владата ќе одвои два до три пати повеќе средства за Кочани во делот на инвестиција во инфраструктурните проекти, како и дека веќе преговара со две компании за кои биле утврдени местата на инвестиции, да се пренасочат во индустриската зона во Кочани.

– Кочани ќе биде наш главен приоритет во периодот којшто следи, како што беше и во минатото исто така. Ќе бидат средствата зголемени во периодот што следи, во делот на инвестиции во Кочани, но ќе биде и приоритет во делот на обезбедување инвеститори и креирање на нови добро платени работни места во иднина. Веќе со две такви компании разговараме, преговараме, иако беа веќе утврдени местата на инвестиции, сега тие ќе се пренасочат во Кочани, во зоната таму. Но, исто така и ние како Влада преку овој проект за којшто денеска зборуваме ќе одвоиме два до три пати повеќе средства за Кочани, во делот на инвестиција на инфраструктурните проекти, рече Мицкоски.

Во врска со повредените од пожарот, Мицкоски рече дека поминати се двата критични периоди, односно првите 72 часа и 7 дена. Истакна дека повеќе од 50 до 80 отсто и покрај тешката состојба во моментов се стабилни, но, рече, има пет или шест случаи кои што се критични.

– Продолжуваме да се грижиме за сите оние повредени лица. Можам да кажам дека поминаа оние два критични, можеби најкритични меѓника, тоа е 72 часа и 7 дена. Од тие речиси 200 повредени коишто најголемиот дел имаат изгореници и повеќе од 50 до 80 отсто и покрај тешката состојба, сите се во моментот стабилни, иако имаме пет или шест случаи коишто се критични, но се бориме и ќе продолжиме да се бориме, рече Мицкоски.

Додаде дека ова беше прецизна и точна реакција, благодарение на медицинските тимови кои што ја дале потребната прва помош во Кочани и Штип, но и во Скопје. Упати благодарност и до сите институции кои што помогнале во несреќата.

– Тој ден навистина сè функционираше, но и деновите потоа, беспрекорно. И ние сите должиме една огромна благодарност. Сите оние лица, а тоа се повеќе од стотина, се веќе надвор, згрижени, со двајца членови на нивните семејства. Како Влада, ние го обезбедивме и превозот и сместувањето таму и ќе продолжиме да се грижиме. Од информациите со кои располагам, од Министерството за здравство, дел од пациентите ќе почнат да се враќаат, дел коишто се хоспитализирани кај нас се отпишуваат, односно откако е пружена негата, одат во домашно лекување, рече Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се квислизите, сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ

СДС на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско.

СДС на Филипче и Заев се квислинзите.

Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ.

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Урнат рекордот во женска конкуренција, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји го исполнија Скопје, кое уште еднаш покажа дека може да биде голема спортска сцена со полни улици, публика, бодрење и атмосфера што го следеше секој чекор до целта.

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Скопје денеска повторно живееше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

На маратонот, Кенија го освои првото и второто место во машка конкуренција, со Дерик Чеге Нјороге на врвот со време од 2:12:56 и Едвин Кимару Косгеј на второто место со 2:13:20. Трет беше македонскиот маратонец Дарио Ивановски, кој истрча 2:13:48.

Кај жените, Кенијките ги освоија сите три места на подиумот, а Долфин Кемунто Нјагака со време од 2:32:05 постави нов рекорд во женска конкуренција. Втора беше Мерси Џебичии Кипкемои со 2:39:39, а третото место ѝ припадна на Естер Чесанг Какури со 2:40:18.

Кенија го презеде врвот и на полумаратонот, каде што нејзините натпреварувачки ги освоија сите три места во женска конкуренција. Победата ја однесе Валентин Џебет со 1:13:15, пред Чарен Чепкепмои со 1:15:08 и Нанси Гитаига со 1:17:24.

Во машка конкуренција, исто така, на подиумот се најдоа исклучиво кенијски тркачи: најбрз беше Кенеди Кипкемои Роно со 1:05:26, втор Хилари Киптум Мајјао Кимајо со 1:06:11, а трет Џон Њугуна Курија со 1:06:59.

На најкратката трка, на 5 километри, домашните натпреварувачи го освоија врвот во двете конкуренции. Кај мажите, најбрз беше Андреј Арсов со 16:28, пред Гилман Јунуза со 16:35, додека третото место му припадна на Швеѓанецот Фредрих Урбон со 16:43.

Во женска конкуренција триумфираше Хајдари Ирма со 19:43, втора беше Емили Ивановска со 20:53, а третото место го освои Црногорката Лана Ивковиќ со 21:00.

Но, денешниот маратон не го одбележаа само резултатите. Скопските улици беа полни со учесници на маратонот, полумаратонот, трката на 5 километри и ЕУ фор Спорт штафетната трка.

Се трчаше во друштво, со семејството и пријателите, но и покрај илјадници луѓе со кои учесниците можеби за првпат се сретнаа токму денес. Меѓу нив имаше искусни маратонци, рекреативци, учесници од сите генерации, но и бројни странски гости и туристи кои викендот во Скопје го искористија и за да бидат дел од маратонот и да го почувствуваат градот во неговото најраздвижено издание.

Долж патеката тркачите имаа поддршка на секој чекор – од освежителни станици со вода, електролити и овошје, до места за дополнување енергија и медицинска помош. Музичките точки и настапите низ градот дополнително го подигнаа расположението, па патеката беше исполнета со музика, аплаузи и бодрење. За непречено одвивање на маратонот се погрижија и бројните волонтери, кои беа со тркачите од стартот до целта и се грижеа за нивното освежување и поддршка во текот на трката.

Сонцето, полните улици и публиката која не штедеше глас беа дел од сликата на денешното скопско утро. Од најмладите до највозрасните, од домашните тркачи до гостите од десетици земји, сите беа дел од истата атмосфера и истото движење низ градот.

За многумина, денешниот ден не беше само прашање на време и пласман, туку можност да ја истрчаат својата трка, да го почувствуваат Скопје на поинаков начин и да стигнат до целта со поддршката од луѓето покрај патеката.

Со рекорден број учесници и тркачи од 63 земји, 22. Виз Ер Скопскиот маратон уште еднаш покажа дека е ден кога спортот, дружењето и добрата енергија го освојуваат градот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, денеска во Горни Подлог, Кочанско, учествуваше на манифестацијата Денови на кочански ориз, се сретна со оризопроизводителите и граѓаните од овој крај.

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

Таа посочи дека тие изразуваат сериозно незадоволство и загриженост поради ниската откупна цена и неможноста да ги покријат производствените трошоци.

„Од разговорите со сите оризопроизводители, состојбата е катастрофална. Оризот што се откупува достигнува цена од само 16 денари за килограм, таа цена за 1 килограм ориз е страшно понижувачка„ изјави Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката Каранфилова Пановска потсети дека во 2021 година, во времето на СДСМ, откупната цена на оризот изнесувала 42 денари за килограм.

Посочи дека сегашната цена не ги покрива трошоците на оризопроизводителите, кои се соочуваат со поскапување на нафтата, ѓубривата и механизацијата, додека недостигот од откуп дополнително ја влошува состојбата.

За да им се помогне на земјоделците во овој период на криза, СДСМ минатата недела поднесе закон во Собранието со кој предлага дополнителна финансиска поддршка од 10 денари за килограм произведен и откупен ориз. Целта е оризопроизводителите да обезбедат средства за следната сеидба.

Каранфилова Пановска предупреди дека без оваа поддршка, оризопроизводителите може да се соочат со неможност да ги посеат нивите следната година.

Таа ги повика владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и целата владина коалиција да го поддржат ова законско решение и со најавениот ребаланс до крајот на годината да ги обезбедат потребните средства за поддршка на оризопроизводителите и за продолжување на домашното производство на храна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер