Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
1Лидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе
2НАТО и Германија демонстрираат сила на истокот на Европа- големата воена вежба ќе трае до декември (ВИДЕО)
Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
1Тркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)
МакедонијаМицкоски: Кочани е место на огромна трагедија и ненадомеслива загуба, но и лекција за иднинатаОбраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржува во Скопје.„Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град. но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество. Почитувани семејства на настраданите, Почитувани лекари и здравствени работници, Почитувани претставници на институциите, Почитувани гости од странство, Дами и господа, Драги пријатели, Денес сме собрани овде со чувство на длабока почит, но и со силно чувство на емпатија. Почит кон оние кои ги изгубија своите животи. Почит кон семејствата кои ја носат болката на загубата. Почит кон повредените кои веќе една година водат тивка и храбра борба за закрепнување. Но истовремено, денес сме собрани и со чувство на одговорност. Одговорност да се сеќаваме. Одговорност да учиме. И одговорност да создадеме системи кои ќе бидат посилни од пропустите што доведуваат до трагедии. Оваа конференција е обид трагедијата да се претвори во знаење, искуството да се претвори во лекција, а лекцијата во конкретни решенија. Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме. Да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат од трагедиите и да изградат посилен, побезбеден и похуман систем. Почитувани присутни, Трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество. Во една ноќ се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава. Во тие часови, цела Македонија застана. Веста се прошири со брзина која носеше неверување, страв и тага. Секој граѓанин ја почувствува тежината на настанот. Во тие моменти не постоеше ниту политика, ниту поделби. Постоеше само тишина и чувство на длабока загриженост за луѓето кои се бореа за живот. Трагедијата ги погоди најсилно семејствата кои ги изгубија своите најблиски. За нив времето се мери со спомените, со празнината која останува и со секојдневната борба да се продолжи понатаму. Драги пријатели, Оваа голема не среќа се случи само 8 месеци откако јас станав премиер. Само 8 месеци, од моето управување со државата се случи да се плати сметката за еден девастиран систем кој беше уништуван со децении. Денот на несреќата не беше само најтешкиот мој ден како премиер, туку тоа беше најтешкиот ден во мојот живот како човек. Кој е виновен за сето ова? И јас го поставувам ова прашање и на ова мора да даде одговор не некаков преки суд, не јавноста туку обвинителството и судовите. Но воедно мора да говориме и за вината во креирањето на тој систем кој потфрли, каде со децении и години се креира тоа диво месо кое стигна до нашите најмили. Луѓето чии животи згаснаа не се бројка, туку судбини. Личности. Алексова Стефанија, Џамов Јорданчо, Трајчев Иван, Ѓоргиев Џоко, Коларов Александар, Величков Иван, Стојанов Андреј, Антова Ивона, Христовски Павел, Димитријев Диме, Насевски Никола, Богданов Тоше, Тодоровски Тоше, Коцева Ана, Живков Адријан, Петрушов Гордан, Горгиев Игорче, Стевановски Филип, Стојанов Томче, Стоименова Моника, Стојанов Стојанчо, Пројковска Николовска Capa, Шопова Марија, Ивановски Петар, Ѓорѓиев Александар, Марковски Матеј, Закова Бојана, Василков Ѓорѓи, Петров Александар, Минова Драгана, Алексова Capa, Ѓорѓиески Андреја, Ивановски Филип, Јорданова Capa, Стрезоска Марија, Ефремов Александар, Велков Игор, Тасева Стојковска Лепа, Атанасовски Мартин, Алексов Александар , Минов Божидар, Милковска Кети, Златков Томас, Соколова Стефанија, Велков Леонид, Наунова Надица, Јорданов Виктор, Панов Андреј, Иванов Димитар, Стоименов Спиро, Владимиров Јове, Андонов Ице, Тасевски Стефан, Величков Ѓорѓи, Стојанов Александар, Христова Сања, Танески Дамјан, Спасова Моника, Лазаров Андреј, Карадакоски Александар, Гавриловски Александар , Стефанов Стојанче, Блажев Владимир Панчо. Слава им. Нашата мисла и денес е со нив. И со родителите кои ги загубија своите деца. Со семејствата кои изгубија брат, сестра или пријател. Со сите оние чии животи засекогаш се променија. Истовремено, трагедијата остави и друга трага - трага на солидарност. Херојството денес не е само во пушка и кама, не е во мускулите и силата, туку во активизмот и подадената рака. Кочани покажа дека има луѓе кои се тивките херои на нашата земја. Тоа се болничарите и докторите кои работеа, брзата помош, техничкиот персонал. ВО најтешките моменти, граѓаните покажаа дека општеството има сила да се обедини. Крводарителските центри беа исполнети со луѓе кои дојдоа да помогнат. Волонтери се јавуваа за поддршка на семејствата. Хуманитарните организации се мобилизираа. Лекарите и медицинските тимови работеа без прекин, со огромна посветеност и професионалност. Сакам од срце да ви честитам. Вам и на секој кој беше вклучен во оваа операција. Дома и во странство. Никогаш нема да бидете заборавени. Во тие денови видовме и нешто што останува како важна лекција. Трагедијата ја отвори најдобрата страна на нашето општество, човечноста, солидарноста и чувството дека никој не смее да остане сам во најтешките моменти. Добивме и силна меѓународна поддршка. Партнерските држави и нивните здравствени системи веднаш ја понудија својата помош. Болници, лекари и медицински тимови од повеќе европски земји ги отворија своите врати за нашите пациенти. Тоа беше силен потсетник дека во најтешките моменти, човечката солидарност ги надминува границите. Една година подоцна, ова сеќавање останува жива обврска. Обврска да се почитува споменот на жртвите. Обврска да се поддржат семејствата. Обврска да се продолжи борбата за закрепнување на повредените. И обврска трагедијата да се претвори во поука од која ќе произлезат посилни институции и побезбедно општество. Драги пријатели, Во часовите по трагедијата, државата се соочи со ситуација во која секоја минута беше драгоцена. Во такви моменти нема простор за импровизација. Секој систем, секоја институција и секој човек кој има јавна одговорност мора да реагира брзо, координирано и одлучно. Првите часови по трагедијата беа часови на интензивна мобилизација. Активирани беа здравствените институции, службите за итна медицинска помош, полицијата, противпожарните единици, службите за цивилна заштита и локалните институции. Во тие моменти најважната цел беше една - спасување на животите на повредените и обезбедување најбрза можна медицинска помош. Пациентите од Кочани и од Штип беа транспортирани во здравствените установи во Скопје, каде што веднаш беа активирани најважните клинички капацитети на државата. Во тие часови тие не работеа само како здравствени работници. Тие работеа како луѓе кои знаат дека зад секој пациент стои семејство, стои животна приказна и стои надеж. Но многу брзо стана јасно дека дел од пациентите имаат тешки изгореници и комплексни повреди кои бараат третман во специјализирани центри за изгореници. Во тие денови, лекарите, медицинските сестри и здравствените тимови покажаа нешто што не се мери со протоколи и процедури – покажаа човечност, пожртвуваност и професионална храброст. Во такви ситуации, ниту една држава не може сама да ги носи сите медицински предизвици. Потребна е меѓународна солидарност. Токму затоа веднаш беа активирани механизмите за меѓународна медицинска соработка. Преку европските механизми за цивилна заштита и преку директна координација со партнерските држави беше организиран транспорт на дел од пациентите во специјализирани болници во странство. Болници во повеќе европски држави ги отворија своите врати за нашите пациенти. Лекарите во тие центри, заедно со нашите медицински тимови, водеа сложена и долготрајна борба за животот и здравјето на повредените. Во тие денови видовме како функционира европската солидарност во пракса. Видовме дека во моменти на трагедија, државите и здравствените системи знаат да соработуваат, да ги споделуваат своите ресурси и да ги стават човечките животи на прво место. Истовремено, државата се погрижи и за логистичката поддршка на целиот процес. Организирани беа специјализирани медицински транспорти, обезбедени беа услови за комуникација и координација меѓу болниците, а институциите работеа непрекинато за да се обезбеди непречен тек на медицинските процедури. Паралелно со медицинската реакција, беа активирани и тимови за психолошка поддршка. Психолози и психијатри започнаа да работат со семејствата и со пациентите, бидејќи трагедиите од ваков размер не оставаат само физички последици. Тие оставаат и длабоки психолошки траги кои бараат долгорочна грижа. Сите овие активности имаа една цел: да се обезбеди највисоко можно ниво на грижа за повредените и нивните семејства во најтешките моменти. Токму затоа, кога денес зборуваме за првичниот одговор на државата, зборуваме за институционална реакција. Но, зборуваме и за заеднички напор на здравствени работници, спасувачи, институции, меѓународни партнери и граѓани. Тоа беше момент во кој системите мораа да функционираат брзо. Но тоа беше и момент во кој човечноста и солидарноста станаа најсилната сила на општеството. Посебно сум горд на животите кои успеавме да ги спасиме. Тие луѓе кои беа издржаа, и поминаа низ пеколот, но денес се овде со нас. Почитувани, Сите овие активности имаат една заедничка цел: да се обезбеди долгорочна грижа и достоинствена поддршка за луѓето кои беа најтешко погодени од трагедијата. Но оваа обврска не завршува со една година. Грижата за пациентите и поддршката за семејствата остануваат долгорочна задача на институциите. Трагедијата во Кочани создаде болка која не може да се избрише. Но одговорноста на државата е таа болка да ја претвори во постојана грижа, во посветеност и во систем кој ќе биде подготвен да им помогне на своите граѓани кога им е најпотребно. Токму затоа, денешната конференција претставува важен чекор во продолжувањето на таа обврска. Таа создава простор медицинското искуство, институционалните лекции и научните сознанија да се споделат и да се претворат во подобри политики и подобри системи за иднината. Драги пријатели, Покрај грижата за повредените и поддршката за семејствата, трагедијата во Кочани отвори и едно друго, подеднакво важно прашање - прашањето на одговорноста. Во едно демократско општество, трагедиите не смеат да останат без одговори. Општеството има право да ја знае вистината. Семејствата имаат право да знаат како се случила трагедијата. А институциите имаат должност да обезбедат правда. Токму затоа, веднаш по трагедијата започна процес на институционално утврдување на фактите и на одговорноста. Овој процес мора да биде темелен, професионален и ослободен од било каков притисок. Во прашање се човечки животи, а во такви ситуации институциите мора да работат со највисоко ниво на сериозност и интегритет. Правдата не е прашање на политика. Таа е прашање на доверба во институциите. Кога трагедија од ваков размер ќе се случи, државата има обврска да покаже дека системот функционира, дека пропустите се утврдуваат и дека одговорноста се презема. Но одговорноста има и поширока димензија. Трагедиите често откриваат слабости во системите. Тие покажуваат каде институциите мора да се подобрат, каде процедурите мора да се зајакнат и каде безбедносните стандарди мора да се подигнат на повисоко ниво. Затоа, покрај правните постапки, трагедијата во Кочани отвори и процес на институционално преиспитување. Почитувани, Државата има обврска да ја бара вистината и да ја обезбеди правдата. Тоа го должиме на жртвите. Тоа го должиме на нивните семејства. Но тоа го должиме и на идните генерации. Затоа институциите ќе продолжат да работат на целосно утврдување на сите околности поврзани со трагедијата, со цел правдата да биде постигната, а довербата во институциите да биде зајакната. Само преку вистина, одговорност и институционално учење, едно општество може да стане посилно по трагедија. Една трагедија никогаш не завршува со денот кога се случила. За семејствата, таа продолжува секој ден. Таа продолжува во празните столови на трпезата. Во тишината во домот. Во секое утро кога човек се буди со споменот на најтешката загуба. Затоа, од првиот ден, владата донесе јасна одлука: државата нема да биде присутна само во моментот на трагедијата. Државата ќе биде присутна и во годините што следуваат. Во изминатата година беа преземени повеќе конкретни мерки за поддршка на семејствата на настраданите и на повредените. Во текот на изминатата година, претставници на Владата, министри и институции постојано одржуваа контакт со семејствата. Слушавме. Разговаравме. Учевме од нивната болка. И затоа сакам денес јасно да кажам: државата ќе продолжи да стои покрај овие семејства. Затоа што зад секоја институционална одлука стои едно едноставно убедување: човечкото достоинство мора да биде центарот на секоја јавна политика. Трагедијата во Кочани не може да се избрише од нашата колективна меморија. Но начинот на кој државата одговара на вакви трагедии покажува какво општество сакаме да бидеме. Општество кое не ги заборава своите луѓе. Општество кое знае дека солидарноста не е збор, туку обврска. И држава која стои покрај своите граѓани и кога е најтешко. А ние ќе продолжиме да ја исполнуваме таа обврска. Почитувани присутни, Денес, една година по трагедијата, нашата обврска е да зборуваме и за иднината! Кочани е град со длабоки корени, со вредни луѓе, со силен дух и со традиција што ја надминува секоја криза. Нашата цел е јасна: Трагедијата да биде почеток на нова фаза на развој. Во изминатата година започна подготовка и реализација на повеќе инфраструктурни и развојни проекти кои директно се однесуваат на Кочани и на регионот. Инвестирањето во инфраструктурата е првиот чекор кон економски развој. Затоа се работи на подобрување на локалната патна инфраструктура, на реконструкција на, на модернизација со цел градот да има услови достојни за современ урбан центар. Паралелно со тоа, владата работи на создавање услови за нови инвестиции и отворање на работни места во источниот регион. Кочани има потенцијал да биде еден од економските булдожери на регионот. Кочани мора да биде град во кој младите гледаат перспектива. Град во кој семејствата сакаат да останат. Град во кој новите генерации ќе градат иднина. Посебен дел од оваа визија е и зачувувањето на колективното сеќавање на трагедијата. Во соработка со локалната самоуправа и со семејствата, се разгледуваат иницијативи за достојно одбележување на настанот и за создавање место на сеќавање кое ќе потсетува на вредноста на човечкиот живот и на важноста на солидарноста. Таквите места се дел од колективната свест на едно општество. Тие нè потсетуваат дека зад секоја политика, зад секоја институција и зад секоја одлука стојат човечки животи. И токму затоа, иднината на Кочани е и мора да биде резултат на заедничка работа: на државата, на локалната самоуправа, на стопанството и на самите граѓани. Нашата визија е Кочани да биде град на обновување, на нова енергија и на развој. Град кој ќе покаже дека и по најтешките моменти, општеството може да се издигне посилно. Град кој ќе покаже дека и по најтешките моменти ние знаеме да биде уште пообединети. И затоа, денес зборуваме за трагедијата што нè погоди до коска. Но, зборуваме и за иднината што заедно ќе ја изградиме. Почитувани, Постојат моменти кога зборовите се недоволни. Кога ниту една реченица не може целосно да ја опише болката што ја носи една трагедија. Трагедијата во Кочани е токму таков момент. Но историјата на секое општество се гради и преку начинот на кој тоа општество се соочува со најтешките моменти. ВО НАШАТА ИСТОРИЈА ИМА ЕДНА ДЛАБОКА И ТИВКА ЛЕКЦИЈА. Овој народ многупати се соочувал со тешки моменти, со загуби и со трагедии. Но секогаш знаел повторно да се исправи, да ја зачува човечноста и да продолжи напред. Нашата Македонија опстоила и се развива и денес затоа што луѓето знаат да се обединат кога е најтешко. Токму таа сила: Силата на заедништвото и достоинството е она што нè обврзува и денес. Преку начинот на кој покажува солидарност. Преку начинот на кој ги почитува жртвите. И преку начинот на кој учи од трагедиите. Една година подоцна, Кочани останува во мислите на целата држава. Како место на една голема болка, но и како симбол на достоинството со кое граѓаните се соочија со најтешката загуба. Семејствата кои ги изгубија своите најблиски покажаа сила која е тешко да се опише со зборови. Нивното достоинство, нивната тишина и нивната човечка големина остануваат длабоко врежани во колективната меморија на нашето општество. Државата има обврска никогаш да не го заборави тоа. Обврска да го зачува сеќавањето. Обврска да извлече поуки. И обврска да изгради подобар и побезбеден систем за сите граѓани. Но имаме и уште една обврска. Обврската да продолжиме напред. Да продолжиме за Кочани. Да продолжиме да инвестираме во неговата иднина. Да продолжиме да градиме општество во кое човечкиот живот, безбедноста и достоинството се највисоки вредности. Дозволете ми на крајот да ја повторам една едноставна, но важна порака. Кочани е место на една огромна и ненадмосетлива трагедија. Но, Кочани е и ќе продолжи да биде град на луѓе со достоинство, со сила и со иднина. А државата ќе продолжи да стои покрај Кочани. Со почит. Со одговорност. И со цврста решеност дека никогаш нема да ги заборавиме оние што ги изгубивме. Господ нека им даде покој на душите на трагично погинатите и сила на нивните семејства да најдат утеха. Нека биде вечен споменот за Кочани! Македонија мора да остане силна! Бог да ве благослови!“- рече Мицкоски. Тагови: кочани Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТркало отпадна од автомобил и со цела сила удри во момче, страшниот момент е снимен од надзорна камера (ВИДЕО)Едноставна прошетка се претвори во драматичен инцидент за 19-годишник од Сантијаго, главниот град на Чиле.Младиот човек безгрижно одел по тротоарот кога, од никаде, пред него се појавило тркало од автомобил и со голема брзина излетало од правец на улицата. Тој поминал со полесни повреди Снимка од надзорна камера го забележала драматичниот момент во кој момчето било соборено на земја од силата на ударот, по што загрижените сограѓани му се приближиле. И покрај сè, 19-годишникот преживеал и бил пренесен во клиниката Санта Марија, каде што добил прва помош за повреди на челото, лицето и градите. Надлежните органи го идентификувале возилото од кое се откинало тркалото, како и возачот, а започната е истрага за да се утврдат околностите на бизарниот инцидент. ⚠️ CCTV footage captures the moment a rogue wheel came flying, seemingly out of nowhere, before striking a 19-year-old pedestrian in Santiago, Chile. https://t.co/SRBU6fODCV — TMZ (@TMZ) November 5, 2026 Тркалото удрило и во два автомобила Според изјавата на возачот, автомобилот бил паркиран во гаражата непосредно пред несреќата. Додека возел, едно од тркалата одеднаш се откинало, објавува Иефимерида. Прво удри во два автомобила, потоа се одби и со голема брзина летна на широкиот тротоар на авенијата Лос Леонес. Во следниот момент, силно го удри 19-годишникот одзади, соборувајќи го на земја.Тагови: момче тркало Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаАпокалиптични снимки од Нов Зеланд: Десетици китови умираат на плажа (ВИДЕО)Десетици китови-пилоти се пронајдени насукани на плажа на Северниот остров на Нов Зеланд, а спасувачите се обидуваат да ги вратат малкуте преживеани во морето, соопшти Одделот за заштита на природата.Најмалку 20 китови-пилоти се насукани по должината на брегот на Нгави, во близина на ’ртот Палисер, најјужната точка на Северниот остров, според „The Straits Times“. Одделот соопшти дека соработува со локалното племе Маори и Проектот Џона, организација специјализирана за спасување на насукани китови. Досега, две животни се успешно вратени во морето. Според локалните жители, дури 50 китови се насукале на брегот преку ноќ, објави Радио Нов Зеланд. Повеќето од животните им подлегнале на повредите, додека волонтерите се обидуваат да ги одржат преживеаните китови во живот и да спречат нивно дехидрирање користејќи кофи со вода и крпи. „Ужасно е. Оние што се уште се живи едвај дишат“, изјави жителот на Нгави, Роб Барг, за Радио Нов Зеланд. در پی بهگلنشستن گروهی از نهنگهای پایلوت (Pilot Whales) در سواحل منطقه ویراراپا، در نزدیکی دماغه پالیزر در جزیره شمالی نیوزیلند، گروهی از داوطلبان و نیروهای امداد حیاتوحش برای نجات این پستانداران دریایی وارد عمل شدند. بر اساس تصاویر منتشرشده از سوی خبرگزاری فرانسه (AFP)، داوطلبان برای بازگرداندن دستکم ۱۴ نهنگ به آبهای عمیقتر تلاش کردهاند. با این حال، گزارشهای منتشرشده از ابعاد گستردهتر این حادثه و تلفات سنگین آن حکایت دارند. وزارت حفاظت محیطزیست نیوزیلند اعلام کرده است که دو گروه از نهنگها در محدوده ساحلی نگاوی گرفتار شدهاند. بر اساس گزارش اولیه این وزارتخانه، در گروه نخست تنها چهار نهنگ زنده باقی مانده بودند و امدادگران در حال آمادهسازی برای تلاش مجدد جهت بازگرداندن آنها به دریا، همزمان با بالا آمدن آب بودند. گروه دوم نیز در نقطهای دیگر از ساحل تحت ارزیابی قرار داشت. شبکه «وان نیوز» نیوزیلند در گزارشی بهروزشده اعلام کرد که گمان میرود دستکم ۳۰ نهنگ در جریان این حادثه جان باخته باشند. در همین حال، برخی ساکنان محلی تعداد نهنگهای گرفتار را حدود ۵۰ رأس برآورد کردهاند. نهنگهای پایلوت حیواناتی اجتماعی هستند و اعضای یک گروه پیوندهای محکمی با یکدیگر دارند، به همین دلیل، هنگامی که یک نهنگ به سمت آبهای کمعمق حرکت میکند، سایر اعضای گروه نیز ممکن است از آن پیروی کنند و در نتیجه تعداد زیادی از آنها همزمان گرفتار شوند. — independentpersian (@indypersian) November 5, 2026 Проектот Џона објави на Фејсбук на 5 ноември дека четири од китовите се уште се живи и дека спасувачите ќе се обидат да ги вратат во морето при плима. Насукувањето на китови е релативно честа појава во Нов Зеланд и соседна Австралија, поради големиот број китови-пилоти кои ги населуваат длабоките води околу двете островски земји. Причината за феноменот е сè уште непозната.Тагови: китови Нов Зеланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
СветЛидер на секта е осуден на 200 години затвор поради убиство на 190 деца- одговорен е за смртта на 500 луѓе Кенискиот суд денеска го осуди водачот на сектата Пол Мекензи на 200 години затвор за убиство на 190 деца кои биле изгладнети до смрт и закопани во шумата по негова наредба. Тие се меѓу околу 500 лица осомничени дека се поврзани со едно од најлошите масовни ритуални злосторства во модерната историја. Казната се состои од 100 години затвор за убиствата од глад и уште 100 години за директните убиства, изјави судијката Дијана Кавеџа читајќи ја пресудата, објави Ројтерс. Обвинителството изјави дека Мекензи, кој водел апокалиптична христијанска црква во шума во близина на брегот на Индискиот Океан во источна Кенија, им рекол на своите следбеници да се изгладнат себеси и своите деца до смрт за да стигнат до рајот пред крајот на светот. Неговите соучесници им се заканувале и ги тепале жртвите за да ги принудат да ги следат неговите наредби. Изгладнетите тела биле пронајдени расфрлани во плитки гробови и фрлени во тоалети. Некои жртви биле закопани живи. Макензи, облечен во сива поло маица и црни панталони, се насмевна додека влегуваше во шатор поставен пред судот каде што се одржуваше рочиштето. Тој ги негираше обвиненијата за убиство, велејќи дека не ги принудил жртвите да гладуваат. Судот ја отфрли неговата одбрана. Татко загубил шест деца Случајот ја шокираше Кенија во април 2023 година, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола, во близина на крајбрежниот град Малинди. Иако судењето ги опфаќа само случаите на 190 деца и една возрасна жртва, Националната комисија за човекови права на Кенија вели дека вкупно 448 тела се пронајдени во шумата. Макензи е обвинет и за наредба за убиства на 52 лица пронајдени на друга локација, во село оддалечено 30 километри, со што бројот на потенцијални жртви се зголеми на 500. Во тој случај, тој се изјасни за невин. Размерот на убиствата е споредлив со апокалиптичниот култен злостор во кој загинаа повеќе од 700 луѓе во Уганда во 2000 година, како и масакрот во Џонстаун во Гвајана во 1978 година, кога американски водач на секта им наредил на повеќе од 900 луѓе да пијат отров. Стивен Мвити, 48, татко на шесте деца на Мекензи кои биле жртви и сопруг на еден од неговите осудени соучесници, рече дека неговата сопруга ги однела децата во Шакахоле, каде што умреле од глад. Дури и ако возрасните се согласат да постат, „што е со децата?“, праша Мвити за Ројтерс пред пресудата. „Ги изгубив моите деца и нема да можам да ги вратам, без разлика што ќе се случи со Мекензи и неговите соучесници“, рече Мвити. „Очекувам да биде осуден на смрт или доживотен затвор, за да не излезе никогаш и да предизвика повеќе смртни случаи.“ Ден Мекензи, еден од синовите на Пол, рече дека неговиот татко не го поштедил своето семејство. „Не завршив во Шакахола затоа што повеќе не верував дека ќе одиме во рајот. Затоа ја напуштив црквата и почнав да си го правам своето“, изјави тој за Ројтерс. „Исто така, изгубив пријатели, како и помлад брат. Ова е правда за луѓето што ги изгубивме таму во Шакахола.“ Важен чекор, но потребна е поголема одговорност Макензи е на радарот на властите од 2017 година, кога полицијата изврши рација во неговите простории. Властите ја затворија неговата црква во Малинди во 2019 година, по што тој се пресели во блиската шума Шакахола. Откритијата доведоа до повици за построги контроли врз религиозните групи Кенискиот претседател Вилијам Руто назначи работна група во мај 2023 година за да ја разгледа законската и регулаторната рамка. Одделни предлози поддржани од владата и Сенатот беа објавени во 2024 година, но сè уште не се усвоени. Оџиро Одиамбо, раководител на единицата за брза реакција во Комисијата за човекови права на Кенија, рече дека пресудата е важен чекор, но дека одговорноста мора да се прошири, бидејќи локалните администратори, полицијата, разузнавачките службеници и верските водачи се сметаат за одговорни за тоа што не постапиле по повторените предупредувања. „Сите овие луѓе ги изневериле граѓаните“, рече тој. Руто во 2023 година изјави дека како претседател ја преземал одговорноста за неуспехот на владата да спречи умирање на луѓе.Тагови: затвор секта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook