Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите - Канал 5

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Владата планира пред стартот на новата  учебната година да воведе нова училишна кошничка, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Ќе има мерки за училишната кошничка, се анализираат модели за цените во маркетите

Одлуката се очекува наскоро бидјеќи во моментов се вршела анализа на цените на училишните материјали. Дополнително, вели, се уште се разгледуваат и неколку модели за цените на прехрмабените производи. По анализите мерки најави и за цените на храната, но какви премиерот не откри, рече само декацелта на Владата била овој пат да излезат со целсоно сценарио со кое ќе се стабилираат цените. Мицкоски најави и дека се разгледувале и законските можности да се санкционираат оние субјекти кои во изминатитов период драстично ги зголемиле цените.

„Анализираме неколку концепти – сигурно ќе има мерки кои ќе се однесуваат на училишната кошничка.... Апсолутно ги следиме овие два месеца во маркетите по мерктие и прваиме анализа сето она беше ограничено за колку наеднаш одредени правни субјекти и маркети го зголемија и ќе излеземе пред нив со детална анализа за да им укажеме дека таков тип на однесување нема да толерираме и сите законски можности кои ни стојат на располагање ќе бидат искористени....Анализираме неколку модели....“ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Училишна кошничка , како мерка беше донесена и лани, но имаше низа реакции од страна на граѓаните дека замрзнувањето на маржите на училишниот прибор, дојде дури на 3 септември. Од министерството за економија за Канал 5 велат одлуките, и за училишната кошничка и за прехранбените производи, ќе се донесат наскоро, најверојтно во втората половина на август, по годишните одмори. Ќе се чекаат и податоците од ДЗС за инфлацијата, кој треба да излезат за три дена, и доколку има потреба ресорното министерство ќе донесе одлука и порано, велат од економија.

Во меѓувреме додека се чекаат мерките ССМ објави дека за три месеци само кај храната и пијалаците цените пораснале за над 2000 денари, на едно четири члено семејство за го помине месецот споре пресметките на синдикатот потребни му се над 65 илјади денари. статистика пак објави, пак инфлација од 4.5 отсо во јуни годинава во споредба со истиот период минатата година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер