3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
МакедонијаМицкоски ќе биде 13 премиер на 20. македонска владаМакедонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20. влада од осамостојувањето на државата. Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Мицкоски ќе има пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив како „прв вицепремиер“. Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ. Според одредбите од собранискиот Деловник, новата влада треба да биде изгласана најдоцна до недела на полноќ. За да биде избрана, за неа треба да гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Парламентот, односно потребни се најмалку 61 глас „за“. Парламентарното мнозинство кое се очекува да ја поддржи новата Влада во законодавниот дом брои 78 пратеници - 58 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 14 од Вреди и шест од ЗНАМ. Од независноста најмногу мандати како премиер имал Никола Груевски, кој од 2006 до почетокот на 2016 четири пати составуваше влада по изборите во 2006, 2008, 2011 и 2014 година. Зад него е поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој беше премиер од 1992 до 1994, па потоа од 1994 до 1998 и од 2002 до 2004 година. Прв македонски премиер беше Никола Кљусев и тој беше предводник на т.н. прва и експертска влада на Македонија. Кљусев како премиер на тогашната влада, по воведувањето на политичкиот плурализам, стапи на функцијата откога беше избран од Собранието на 20 март 1991 година. Кљусев беше економист, универзитетски професор и член на МАНУ. Мандатот на Кљусев го обележаа низа крупни политички настани, пред сѐ и преку формирањето на институциите на државата, армијата, воведувањето на денарот и етаблирањето на државата на меѓународната сцена. На 4 септември 1992, откако СДСМ извојува победа на парламентарните избори, а на чело на Владата застана Бранко Црвенковски. Тоа е првиот негов премиерски мандат, а тој наедно е и најмлад мандатар, со тогашни 29 години. Црвенковски ја води Владата до крајот на ноември 1998 година, односно вкупно шест години и три месеци. Тоа се бурни времиња на политичката сцена, кои се карактеризираат и со болна транзиција, но и со блокади и ембарга од Грција. Црвенковски по втор пат станува премиер по изборите во 2002 година, неколку месеци по завршувањето на безбедносната криза во Македонија во 2001-та. Во вториот наврат на премиерската функција, Црвенковски раководи со Владата во времетраење од околу две години, по што се кандидира за претседател на државата и по победата на изборите, претседателската функција ја извршува од 2004 до 2009 година. Трет македонски премиер беше Љубчо Георгиевски, кој по победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година застанува на чело на Владата и ја предводи до 1 ноември 2002 година. И Георгиевски мандатот го поминува во исклучително тензичен и тежок период, во кој се случуваат воениот конфликт и бегалската криза во соседно Косово. По параментарните избори во 2002 година, на челното место во ВМРО-ДПМНЕ го наследува Никола Груевски. Во 2004 година, по несогласувања со политиката на Груевски, Георгиевски се повлекува од ВМРО-ДПМНЕ и ја формира ВМРО-Народна партија. Од февруари до октомври 1991 година, тој беше и потпретседател на претседателот на Македонија. На премиерското столче на 2 јуни 2004 година, седна и банкарот Хари Костов. Тоја застана на чело на Владата како непартиска личност, по изборот на дотогашниот премиер Бранко Црвенковски за претседател на државата. Костов на премиерската функција беше неполни шест месеци, а на 15 ноември истата година си заминува од оваа позиција. По изборите во 2002 година, СДСМ од своите редови делегира уште еден премиер, односно универзитетскиот професор по Римско право Владо Бучковски. На 26 ноември 2004 то е избран за лидер на СДСМ. Истиот ден му е доверен мандатот да формира нова Влада по оставката на претходниот премиер Хари Костов. Бучковски ја предводеше Владата од 12 декември 2004 година до 26 август 2006 година. По изборната победа во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во државата и на чело на Владата застанува Никола Груевски. Овој македонски политичар и економист по вокација, во серија на неколку редовни и предвремени изборни циклуси остана најдолго на премиерската функција, односно четири мандати во вкупно траење од 9 години и 145 дена. Во мандатот на Груевски имаше и неколку големи политички кризи, за чие надминување посредуваше меѓународната заедница. Во тоа време беа и Шарената револуција, објавувањето на таканаречените бомби и договорот за формирање Пржинска влада пред секои избори. На чело на партијата ВМРО-ДПМНЕ беше од мај 2003 до неговото повлекување од таа позиција во декември 2017. Груевски во мај 2018 година е осуден на двегодишна затворска казна за злоупотреба на службена положба при набавка на службено возило. Во ноември истата година избега во Унгарија каде што доби политички азил. На 1 јуни 2017 година, тогашниот лидер на СДСМ Зоран Заев го започна првиот премиерски мандат, кој траеше две години и седум месеци, сѐ до предвремените парламентарни избори. Во вториот мандат, Заев е премиер една година и четири месеци, сѐ до моментот додека не поднесе оставка по поразот на СДСМна локалните избори во 2021 година. Во периодот на Заев, беше потпишан Преспанскиот договор со Грција, кој донесе и промена на името на државата, а беше склучен и Договорот за добрососедство со Бугарија. За време на мандатот на Заев како премиер, Македонија стана и полноправна членка на НАТО. На лидерското место во СДСМ беше од 2013 до 2021 година. Димитар Ковачевски кој го презеде челното место во СДСМ од Заев, ја предводеше Владата од 16 јануари 2022 година до 28 јануари 2024 година, односно 2 години и 10 дена. Ковачевски е економист и поранешен професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на универзитетот „Американ колеџ“ – Скопје. За претседател на СДСМ е избран на 12 декември 2021 година. Ковачевски го наследи Зоран Заев на премиерската и партиската функција по неговото повлекување во 2021 година. По поразот на годнашните претседателски и парламентрани избори, Ковачевски си даде оставка од претседателската функција во СДСМ. И технички премиери седеа на „Илинденска“ Владата во изминатиот период беше предводена и од т.н. технички премиери и од лидери на преодна влада. Последен ваков случај е со актуелниот технички премиер Талат Џафери. Тој од местото претседател на Собранието застана на чело на техничката Влада на 28 февруари годинава и ја предводи до формирање на новата влада. Пред Џафери, оваа функција беше извршувана и од Оливер Спасовски. Тој застана на чело на техничката влада на 3 јануари 2020 година и ја предводеше 241 ден, односно сѐ додека по изборите повторно на премиерското столче не се врати Зоран Заев. Пред Спасовски, оваа функција ја извршуваше и Емил Димитриев, кој управуваше со техничката влада од 18 јануари 2016 година, по оставката на премиерот Никола Груевски како дел од договорот постигнат во Пржино. Димитриев како технички премиер ја водеше Владата вкупно една година и 134 дена, односно до 1 јуни 2017 година. Во оваа група технички или преодни премиери влегува и единствената жена Радмила Шекеринска, која во два наврата беше на чело на таканаречена преодна влада, како вршител на должноста. Оваа македонска политичарка, која дипломирала на Електротехничкиот факултет, првиот мандат на вршител на должност на преодна влада го започна на 12 мај 2004 и остана на функцијата до 2 јуни истата година. Вториот мандат ѝ беше од 18 ноември 2004 до 17 декември 2004 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20