Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово - Канал 5

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор.

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека јавноста треба да знае како се одвивале одредени процеси поврзани со „оживувањата“ на предметите на СЈО кога поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше веќе во затвор, како десетици луѓе беа судени за тероризам, а заштитени сведоци под присила давале искази за случувањата на 27 април во Собранието, но и за пренесувањето на ингеренциите за пожарот во модуларната болница во Тетово, за случаи во енергетиката, во делот на јагленот, дали постојат фирми кои што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти...

-Очекувам од новиот јавен обвинител во јавноста да излезе со став како „затвореникот тогашен Катица Јанева ги пренесе своите овластувања и ги оживеа предметите од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). На кој начин и како беше тоа направено. Македонската јавност и граѓаните заслужуваат да знаат бидејќи тие ги плаќаа оние скапи милионски хонорари за тие т.н. обвинители кои беа дел од СЈО. Тоа треба да го знае македонската јавност бидејќи тоа се плаќаше од народните пари, а резултатот знаеше каков беше - заврши со една Луи Витон торба полна со банкноти со странска валута. Така заврши неславно тоа, кое требаше да биде симбол на правдата, а граѓаните кои го финансиираа тоа мора да ја знаат вистината, рече Мицкоски.

Второ, според него, мора да ја знаат вистината како беа судени десетици луѓе за тероризам и на кој начин функционираа заштитените сведоци - случајот поврзан со 27 април.

- Македонските граѓани мора да го знаат тоа. Не можеме да одиме напред ако вистината не се знае, и дали постојат т.н. заштитени сведоци кои под присила давале искази од страна на одредени лица од судството и од обвинителството кои биле вклучени во тој процес за 27 април. Тоа мора да го знае македонската јавност ако сакаме да одиме напред, рече премиерот.

Третата работа, како што кажа, сите оние поднесоци од институциите заедно со Државниот завод за ревизија што се во обвинителството а кои што остатоците од СЈО и претходната гарнитура ги држеа во фиока треба да се разгледаат и да се процесуираат.

- Доколку ова не се случи, јас не гледам дека во иднина некој може да биде заштитник на правдата. Како Модуларната болница се случи, зошто се случи, зошто се пренесуваа ингеренциите, дали сите се прифатени, како се случија многу случаи во делот на енергетиката, во делот на јагленот, дали постојат фирми кои што спонзорирале одредени политичари, нивни возила, имоти итн...Како се случија многу работи во минатото? Сето ова е документирано и поднесено во обвинителството. Тоа што не сме правеле естрада од сето ова, тоа е друга работа, но факт е дека е таму и очекувам од новиот државен јавен обвинител и неговиот тим да се позанимава, рече Мицкоски.

Ако немаме капацитет да отвориме толку многу случаи, одговори премиерот на новинарско прашање, Владата како што сега даде согласност за 200 нови вработувања во судовите, така ќе даде согласност и за вработувања во обвинителството.

Засега рече дека не е планирана средна со новиот државен јавен обвинител.

Мицкоски одговарајќи на прашање за одземањето на ингеренциите на обвинителката Ленче Ристовска за случаите поврзани со ВМРО-ДПМНЕ е одлука на обвинителството и оти за тоа одговори треба да се бараат таму.

-Тоа е одлука на обвинителството. Јас немам што да коментирам тука, можеби треба нив да ги прашате, рече Мицкоски кој беше во Гази Баба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер