МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
2МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
МакедонијаМицкоски: Јавност ќе има се на увид и за секој цент којшто ќе биде потрошен од стратешкиот догоНие во Парламентот нема да носиме никаков закон на шверцерски начин, со злоупотреба на европско знаме, како што правеа тие. Нема да класифицираме документи. Македонската јавност ќе има се на увид и за секој цент којшто ќе биде потрошен од стратешкиот договор со Обединетото Кралство, вели премиерот Христијан Мицкоски, во однос на опозициските обвинувања за нетранспарентност, нагласувајќи дека нема потреба од растурање пердуви на тема која што не постои и „дека нема да има носење договори по скратена постапка со европски знамиња и со строго доверливо класифицирани документи“. Мицкоски нагласи дека нема да биде скриена ниту една информација од договорот и дека се ќе биде јавно и транспарентно. -Ние во Парламентот нема да носиме никаков закон на шверцерски начин, со злоупотреба на европско знаме, како што правеа тие. Нема да класифицираме документи. Напротив ќе и биде јасно на македонската јавност што ќе потпишеме, под кои услови, кои се цените по коишто ќе се гради, кои се компаниите коишто сето тоа ќе го градат. Немаме намера да скриеме ниту милиметар информација која што им е потребна на граѓаните, изјави премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство Скопје. Можам да ги разберам, но не можам да ги оправдам, рече Мицкоски, нагласувајќи дека нивната загриженост е тоа што, како што рече, „гледаат дека во Македонија се гради, и дека повторно се задвижува економијата“ и оти тие „за жал, како политичка структура седум години имаа можност да покажат перформанси, но беа инфериорни на оние коишто играа фудблачиња и баскет во кабинетите наместо да работат“. -Прво, ниту е мој карактер, ниту пак имам намера нешто да кријам од македонските граѓани, туку сум секогаш подготвен да излезам да се соочам и апсолутно сето она коешто јас лично го работам и моите соработници е во интерес на македонските граѓани, изјави Мицкоски. Прашан дали тоа значи дека ги негира информациите за мигранти и азиланти, Мицкоски, рече дека „повторно нема потреба да растураме пердуви на тема која што не постои“. -Ние можеме да измислуваме теми. Ако немаме и сега да си измислиме тема, дека надвор е темно, а гледаме дека е дење...Не треба британските медиуми...Па зарем изјавата на британскиот амбасадор не е доволна. Никакви кампови, никакви мигранти. Зарем тоа не е доволно. Тоа е исто како сега да кажам како ќе ја коментирате состојбата надвор дека е мрак, а гледаме дека е дење... тоа е исто во рамки на таа сатира би се изјаснил, изјави Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Големиот Лионел Меси кажа „крај“: Аргентина во солзиЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, волшебникот Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација, а солзи течеа и на теренот и на трибините. Тоа беше ноќта кога цела Аргентита плачеше. Феноменалниот Лео учествуваше во три гола на мечот а потоа одржа говор со кој што ќе ги расплаче милиони фудбалски навивачи ширум светот. Па и речиси секој Аргентинец. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Лео Меси, се прости од дресот на аргентинската репрезентација на пријателскиот натпревар против Бенин. Во Аргентина се надеваа дека овој ден никогаш нема да дојде, но по смртта на татко му и поразот во финалето на Светското првенство, Меси одлучи дека е време за повлекување, при што сакаше тоа да се случи меѓу своите – па така, пред речиси 85 илјади навивачи на стадионот „Монументал“, тој последен пат го облече сино-белиот дрес. 🚨🎙️| Messi: “I don’t want to leave. I will miss you all. I’m thankful to God for being Argentine and proud to be Argentine, and to have accomplished this dream with you all.” 🩵🩵 https://t.co/owyywWWSHA — Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026 И последен пат заигра мајсторски. Аргентина победи со 3:0, благодарение на неговите две асистенции – за Отаменди во 48. минута и за Паз во 61. минута – како и на голот од пенал во 71. минута. Со тоа, неговото збогување беше уште подостоинствено, бидејќи им докажа на сите дека би можел да игра уште многу години, доколку само би сакал. Се разбира, натпреварот беше проследен со солзи, како на трибините, така и на теренот. Меси плачеше, а околу него плачеа и неговите соиграчи, за кои овој момент беше уште потежок. Тие останаа без својот лидер, инспирација и идол – реинкарнацијата на Марадона, па и повеќе од тоа. In 2016, 15 year old Enzo wrote Messi a letter asking him not to leave the Argentina national team after Messi decided to step down. During Messi’s farewell speech, Enzo couldn’t hold back his emotions. 🥹🇦🇷 https://t.co/LeH4ZFjq0X — Kalshi FC (@KalshiFC) October 7, 2026 Меси одигра вкупно 208 натпревари за Аргентина, при што постигна 126 гола и забележа 69 асистенции. Со својата земја двапати ја освои Копа Америка – во 2021 и 2024 година – а ја освои и титулата светски шампион на Светското првенство во Катар во 2022 година, победувајќи ја Франција. Исто така, одигра уште две финалиња: она во 2010 година и повторно во 2026 година, кога Шпанија беше подобра од него. Што рече Меси на прошталниот настан? „Не ми преостанува ништо друго освен да ѝ се заблагодарам на оваа дрес-маица. Цели 20 години, дури и во најтешките моменти, никогаш не престанав да се борам, да чекорам напред и да го давам својот максимум, бидејќи сакав да бидам тука. Многу ќе ме боли сознанието дека повеќе нема да доаѓам овде и дека повеќе нема да бидам дел од аргентинската репрезентација. Да се прашував јас, би сакал да останам тука до крајот на животот, бидејќи играњето за Аргентина е најубавото нешто што постои. Мислам дека денес зборувам повеќе од кога било, едноставно затоа што не сакам овој момент да заврши“, рече Меси и нагласи дека „дојде време за повлекување“, бидејќи претходното Светско првенство го исцрпило. „Во 2022 година имавме цел да го оствариме не само мојот сон, туку и сонот на целата земја: повторно да станеме светски шампиони. И успеавме. Го освоивме Светското првенство, Копа Америка, Финалисимо... Бескрајно сум благодарен за сè што доживеав со оваа репрезентација. Но, ова патување не се одвиваше само во 2022 година, ниту само за време на последното Светско првенство. Толку многу соиграчи се бореа заедно со мене за овој дрес, многу пред конечно да станеме светски шампиони. Никогаш не се сомневајте колку секој од нив се борел и дал сè од себе за Аргентина. Беше привилегија и чест да го делам теренот со сите мои соиграчи и да поминеме толку многу време заедно и надвор од фудбалот; знаев дека можеме да се натпреваруваме со секого бидејќи имав воини кои беа подготвени да остават апсолутно сè на теренот“, рече Меси, заблагодарувајќи им се на сите. „За да се постигнат најголемите успеси, потребна е силна група. А токму во најтешките моменти навистина откривате каков тим имате. Тоа е една од главните причини што успеавме да го постигнеме сето она што го постигнавме. И особено на оваа група: ВИ БЛАГОДАРАМ. Тие ми помогнаа да го остварам сонот што го имав уште од детството. Ми помогнаа да станам светски шампион. Сакам да им се заблагодарам и на луѓето. Имав среќа да играм во многу градови низ Аргентина и каде и да одев, добивав неверојатно многу љубов.“ На крајот, тој ги повика навивачите да продолжат да ја поддржуваат Аргентина, како што тоа го правеа додека тој играше за неа. „И таа поддршка мора да продолжи. Ќе дојдат тешки моменти, а тогаш мора да ја поддржувате репрезентацијата повеќе од кога било. Потребни ни се силни и обединети групи бидејќи секогаш ќе има луѓе кои сакаат да ја видат репрезентацијата како не успева, а ние не смееме да им го пружиме тоа задоволство.“ Лионел Меси ќе продолжи да игра фудбал на клупско ниво; тој веќе извесно време настапува за Интер Мајами и има договор со овој клуб до крајот на 2028 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНУ Народен театар Битола со уште една хуманитарна акција, овојпат за СОС Детско село МакедонијаНародниот театар Битола се приклучува на хуманитарната кампања на СОС Детско село Македонија.Публиката на Битолскиот театар знае што значи да се биде хуман. А сега повторно има можност, заедно со НТБ да направи нешто добро за децата на кои им е потребна нашата поддршка. Имено сите средства од продадените билети за 100.изведба на претставата „Кокошка“, која ќе биде изведена на 24.октомври од 20 часот, ќе бидат донирани за децата од СОС Детско село. Една од најбараните комедии на НТБ, претстава која ја сака публиката и овојпат ќе има уште едно посебно значење. Комедијата на Николај Кољада, во режија на Марјан Георгиевски, ве води низ свет каде што амбициите, љубовта, суетата и желбата за успех се судираат на најнеочекувани и најкомични начини. Претставата со брилијантен хумор, живи дијалози и препознатливи ситуации, ја освојува публиката затоа што сите се пронаоѓаме во неа. Смеата доаѓа природно, искрено и – до солзи. За сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, костимографија Благој Мицевски, драматург Оливера Павловиќ. Во претставата играат: Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Николче Пројчевски. „Дојдете да се смееме, да го прославиме 100-тиот пат на „Кокошка“ и, со еден едноставен билет, да бидеме дел од нешто поголемо од самата претстава. Еден град. Еден театар. 100 пати „Кокошка“. И многу детски насмевки што можеме да ги помогнеме“, велат од НТБ. 🎟️ Влезници на билетарницата на НТБ и онлајн на https://narodenteatarbitola.com/events/kokoshka-28/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16
МакедонијаДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултетДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook