Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
1Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаМицкоски , Јанушев и Николоски со бојкот на референдумот , дел од раководството на ВМРО – ДПМНЕ гласаше Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, генералниот секретар на партијата Игор Јанушев и потпретседателот Александар Николоски го бојкотираа денешниот референдум. Инфомацијата дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нема да излезе да гласа ја обелодени партискиот портпарол на прес-конференција во текот на денот. Генералниот секретар на партијата Јанушев вели со бојкотирање на референдумот го искажал револтот кон предавничкиот договор со Грција. Потпретседателот на партијата Николоски, пак наведува дека гласањето за прекрстување на Македонија за него претставува лично понижување и газење на достоинството. ,,Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас! Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија!, напиша Николоски на својот Фејсбук профил. За разлика од нив дел од опозиционите пратеници и видни партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ решија да се изјаснат по референдумското прашање. Своето право на глас го остварија координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, пратеничката и претседателка на партиската Унија на жени, Даниела Рангелова, пратеникот Крсто Јовановски, како и екс-министерот за здравство Никола Тодоров, како и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. ,,Мислам дека секој граѓанин треба да си го искористи секое демократско право, според сопствени убедувања, мислења и толкувања. Јас како носител на функција градоначалник, избран од народот, имав една морална обврска да излезам да го покажам тој демократски морал и чин и да се произнесам со мојот глас, посочи Јанчев по гласањето. Запрашан за став за денешното одлука на видни партиски членови да гласаат на референдумот, партискиот портпарол упати на ставот на партијата – да се постапи според сопствено убедување. Иако дел од порталите објавија дека своето право на глас го остварила и пратеничката Жаклина Пешевска, таа демантираше дека гласала на денешниот референдум. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГолема рација во Италија- полицијата врши претреси во повеќе градови поради насилните протести Италијанската полиција изврши повеќе од 150 претреси во Милано, Монца и уште 20 градови, главно во Ломбардија, како дел од истрагата започната по немирите од минатиот викенд со кои се бори Италија, објави Анса.Италија се соочува со голем тест - за денес се планирани десетици протести. Италијанската влада во среда усвои декрет за итни мерки за зачувување на јавната безбедност и борба против малолетничкиот криминал, по неодамнешните демонстрации и насилни судири во Милано. Мерките предвидуваат превентивно притворање на малолетници, построги казни за организирано насилство и распоредување на дополнителни 500 војници на улиците на градот. Според новите правила, се воведува претпоставка за здрав разум за малолетници кои наполниле 14 години, што значи дека ќе се сметаат за способни да го разберат значењето на своите постапки и да ги управуваат, освен ако не се докаже спротивното.Тагови: италија протести Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter