Мицкоски: Истрагата за унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, сѐ беше транспарентно - Канал 5

Мицкоски: Истрагата за унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, сѐ беше транспарентно

Истрагата на новата унгарска влада за заемот од 1 милијрда евра што ѝ беше даден на Македонија е внатрешна работа на државата,  целиот процес бил транспаретнен, изјави денеска премиерот Мицкоски .

Мицкоски: Истрагата за унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, сѐ беше транспарентно

Истрагата за унгарскиот кредит е внатрешна работа на Унгарија, а средствата се потрошени транспарентно, вели премиерот Христијан Мицкоски, откако во вторникот унгарските власти отвориле кривична истрага за четири случаи за наводни злоупотреби во државната Ексимбанк вклучително и заемот од 1 милијарда евра за Македонија. Мицкоски и во оваа прилика изрази благодарност до Унгарија со чија финаксиска помош, според него, Владата го покривала наследениот долг од претходната власт.

Дали стравувам од истрагата? Апсолутно не, затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, плус потврдено од двата парламенти и двете влади, а средствата се потрошени транспарентно . И, сакам да изразам моја благодарност кон нашиот стратешки партнер Унгарија што, во времето кога се боревме да ја извадиме државата од банкротот што го наследивме од бандитската влада на СДСМ и ДУИ, тие беа први што ни излегоа во пресрет, рече Мицкоски.

Според лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, истрагата што ја отвори новата влада на Маџар е доказ за нелегалните процеси со унгарскиот кредит и сомнителното потекло на парите. Филипче и денеска ја обвини Владата дека планира ново задолжување од 1,3 милијради евра, а тврдењата дека тие се позајмуваат за враќање на стари долгови, ги смета за алиби.

-Тука најдобро до израз доаѓа лицемерните пораки на премиерот во однос на задолжувањата. Доколку навистина економијата добро функционира, и навистина расте БДП, тогаш парите кои што Владата ги прави тука во земјата ќе се користат за враќање на старите долгови, па ќе се задолжуваме помалку отколку што сме се задолжуваме во минатото. И на тој начин вкупниот долг ќе се намалува, изјави Филипче.

Како одговор на растечките трошоци за живот, Филипче најави дека следниве денови СДСМ повторно ќе го поднесе во Собранието Законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, а предлагаат и субвенционирање на придонесите за приватните компании за разликата што ќе произлезе од зголемувањето на минималната плата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Италијанското Министерство за култура потврди дека вчеравечер еден работник загинал во римскиот Колосеум.

Работник загина на еден од најпознатите италијански споменици

Поради несреќата, дел од споменикот денес е затворен за посетители. Дваесет и двегодишен техничар загинал откако паднал од височина од околу десет метри. Несреќата се случила додека тој поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар, пренесува Ројтерс.

Реакција од властите и управата на паркот

„Ова е трагичен настан што нè потресе и нè вознемири“, изјави италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе затвори дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Изграден пред 2.000 години, Колосеумот бил најголемиот амфитеатар на Римската Империја и останува една од главните туристички атракции во Рим.

Синдикатот бара целосно затворање

Најголемиот италијански синдикат, „CGIL“, се спротивстави на одлуката за делумно затворање на локалитетот, тврдејќи дека целиот споменик требало да биде затворен за тој ден. „Очекуваме министерот Џули да ги разјасни околностите на несреќата и да нареди целосно затворање на Колосеумот“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на огранокот на „CGIL“ во Рим. „Човечкиот живот е пред туристите“, додаде тој.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

Утре наутро времето ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Утре ќе биде сончево со температура до 25 степени, дожд во петок кон сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Попова Шапка, 13 Крушево, 17 Маврови Анови, Претор, Берово, 18 Прилеп, Крива Паланка, Битола, 19 Охрид, 20 Тетово, Виница, 21 Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 22 Скопје Петровец, Велес, 23 Демир Капија, 24 Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со сончеви преиоди. Дуваше умерен до засилен северен ветер. До крајот на денот ќе биде стабилно со умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Американскиот државен секретар и шеф на дипломатијата Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се сретнаа денеска во Њујорк на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации.

Се сретнаа Рубио и Лавров

Разговорите започнаа без прес-конференција и продолжија зад затворени врати. Лавров и Рубио последен пат се сретнаа пред точно два месеци, на 22 јули, на маргините на состаноците поврзани со АСЕАН во Манила.

Се очекуваше разговорите да ги опфатат билатералните односи, како и напорите за завршување на војната во Украина, по средбата на американскиот претседател Доналд Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

По вчерашната средба со Трамп , Зеленски рече дека Украина е подготвена за „енергетско примирје“. „Подготвени сме за енергетско примирје ако Русите не ја нападнат нашата енергетска инфраструктура“, рече тој, додека американскиот претседател е уверен дека Русија и Украина ќе постигнат договор за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер