Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје - Канал 5

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

Изјава за медиуми на премиерот Мицкоски од отворање на нова трафостаница „ТС Централна“.

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

Добар ден од мое име, благодарам што денеска бевте на овој убав настан со нас.

И за Градот Скопје, но и за државата ова претставува значајно инвестициско дело.

Слушнавте од воведните излагања на говорниците, станува збор за инвестиција од отприлика 22 милиони евра, нешто со коешто ќе се подобри стабилноста на системот, на мрежата, 110 киловолтно напонско ниво, надежноста се разбира, и ќе отвори перспектива за следните отприлика 20-тина години да одговори на сите предизвици од енергетски аспект, приклучни места итн. кои што ќе бидат потребни за развој на Градот Скопје.

Јас би сакал да се заблагодарам на колегите од Владата, на Министерството за транспорт, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство, на ЕВН, како компанија којашто инвестира во Македонија. Да се заблагодарам на сите оние коишто беа дел од овој проект и да посакаме уште многу инвестиции во енергетиката коишто ќе бидат додадена вредност и коишто ќе овозможат поголема стабилност на системот, поголем капацитет за прифаќање на нови производни капацитети, имајќи предвид потребите коишто во годините коишто ќе следат ќе бидат сè поголеми и поголеми, а ние како земја сакаме да бидеме енергетски хаб во регионот.

Така што, еве уште еднаш и од мое име и од името на Владата, сакам да го истакнам и потенцирам значењето на оваа инвестиција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на нафтата продолжува да паѓа

Цената на нафтата на светските берзи паѓа четврти ден по ред.

Цената на нафтата продолжува да паѓа

Според податоците што ги објави медиумот CNBC, фјучерсите за сурова нафта Брент, кој е меѓународен репер, паднаа за 0,53 проценти и се тргуваа на 82,74 долари рано утрово. Истовремено, фјучерсите за сурова нафта од Западен Тексас (WTI) за испорака во јули паднаа за 0,41 проценти, спуштајќи се на 80,44 долари.

Фјучерсите за нафта забележаа кус раст преку ноќ пред целосно да го сменат курсот, откако во претходната сесија паднаа на најниското ниво регистрирано од 4 март. Оваа нестабилност на пазарот ја одразува долготрајната неизвесност околу целосните услови на мировната рамка договорена меѓу САД и Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот

Неверојатно е со каква експедиција Норвежаните пристигнаа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. 

Норвежаните дојдоа на Светското првенство со многу храна: Имаат готвачи за Халанд и другарите, спакувале 300 кг риба во авионот

Тимот на Норвешка донесе еден тон храна на Мундијалот.

Норвешка сè уште не играла на Светското првенство, но нивната експедиција е во Америка долго време и пристигнала таму подготвена.

Како што објавија норвешките медиуми, Фудбалската асоцијација одлучила да се погрижи за исхраната на фудбалерите на импресивен начин.

Норвежаните пристигнаа во САД со 300 килограми риба, 116 килограми сирење и дури 6.000 портокали. Тие ги донесоа најпознатите норвешки готвачи со себе за да се грижат за тимот.

Норвешка го започнува својот настап на Светскиот шампионат вечерва со дуел против Ирак и, а по тој натпревар во кој се големи фаворити, започнуваат тешките ривали. Првиот е Сенегал на 22 јуни, а вториот е дуел со Франција на 26 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

​Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.

МФ:Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители

Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност.

Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини.

Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политики кои ќе придонесат за поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер